12.03.2013, 11:51 Жичарницата пуштена во работа

Жичницата „Милениумски крст“ на Водно по неколкудневна пауза поради сервисирање, од денеска повторно е пуштена во работа, откако неколку дена беше затворена поради технички проблеми. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека редовно функционира и автобуската линија до Средно Водно.
Жичарницата и автобуската линија работат секој ден освен понеделник, од 9 до 16,45 часот. Пензионерите се возат бесплатно, децата до 14 години за 50, а возрасните за 100 денари. (Б.Ш.) |