12.03.2013, 13:49 Нови условни казни за тепачката на Кале

Пресудата за 14 обвинети лица е седум месеци затвор кој се заменува со условна казна доколку во период од две години не сторат ново кривично дело
Скопскиот кривичен суд, по една година судење, денеска изрече нови казни за учесниците во тепачката на скопското Кале која се случи на 12. февруари 2011 година. Пресудата за 14 обвинети лица е седум месеци затвор кој се заменува со условна казна доколку во период од две години не сторат ново кривично дело.
Одлуката која што денеска ја изрече кривичниот суд, всушност, е втора пресуда, бидејќи за истиот настан на обвинетите еднаш веќе им се судеше во итна постапка. Пред изрекувањето на пресудата о�� кривичниот суд беше соопштено дека на предлог на скопскиот Основен јавен обвинител, без одржување на главен претрес, била донесена пресуда за сите обвинети за тепачката на Кале кои Обвинителството ги товареше учество во тепачка и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.
Најголемиот број од обвинетите, а ги имаше 51 лице, се согласија со условната казна, но Артан Груби, тогашен шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека не ја признава одлуката, дносно дека планира да ја докаже својата невиност во масовната тепчка на скопското Кале. Во јуни минатата година Груби и уште еден негов роднина се повлекоа од судскиот процес, но сега осудените останаа на ставот дека треба да ја докажуваат невиноста иако вчерашната одлука е построга од првата.
Во тепачката, на која што и' претходеше самоволно уривање на црквата која што започна да се гради на Калето, учествуваа неколку десетици млади. Во пресметката, која што беше најавувана и договорена и преку социјалните мрежи, беа користени камења, дрвени палки, ножеви и шишиња. Во масовната тепачка беа повредени осум лица, меѓу кои и двајца припадници на полицијата. (Љ.С.)
|