12.03.2013, 15:04 Жерновски ветува бесплатен паркинг за жителите на Центар

Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“, ветува решавање на проблемот со паркирање во општината преку реконструкција на паркинг просторите и изградба на нови катни гаражи, и право на бесплатно паркирање за жителите на Центар на целата територија на општината. Според него, по четири години несогласувања, градот Скопје и Центар, завчера постигнале некаков договор, иако, вели, наменски за пред избори, но, оти неговото решение за паркирањето било најдобро, за што го кани противкандидатот Тодоровиќ на ТВ дебата.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека Жерновски ниту сака ниту знае како да ги реши проблемите со паркирањето во општина Центар.
„Изградбата на катни гаражи и паркинг простори не е нешто што Жерновски може да го ��аже тукутака. Потребна е добро изработена планска документација што очигледно Жерновски ја нема“, стои во реакцијата.
|