12.03.2013, 13:09 (ФОТО) Петров и ја подари изборната програма на Куновска
ФОТО: Петр Стојановски
Кандидатот на здружената опозиција за општина Карпош, Андреј Петров денеска ја изненади својата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска, која ја посети во нејзиниот изборен штаб, подарувајќи и ја својата изборна програма.
„На мојата противкандидатката и ги претставивме определбите на Социјалдемократскиот сојуз за подобар Карпош. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас како кандидат доследно ќе се залагаме за реализација на нашата програма“ изјави Петров пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.
Тој вети пензионерски дом во Карпош, детски градинки, гасификацијата и евтини енергенси за граѓаните, забраната на зонското паркирање и изградбата на катни гаражи, инвестициите во спортот, 1 евро за легализација на бал��оните во Карпош, електронската општина, новиот плоштад на Вардар и заштита на животната средина.
Изненадена од овој гест на Петров, Куновска не остана „должна“, па таа на Петров му подари торба од ВМРО-ДПМНЕ со изборен материјал, а меѓу нив и нејзината локална програма за општината во која двајцата се натпреваруваат да ја раководат.
|