Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.03.2013, 13:56

(ФОТО) Западна Европа блокирана од снег

Меѓународниот аеродром во Франкфурт денеска е затворен поради обилниот снег. Досега се откажани 213 летови.

Снегот и ниските температури го отежнаа и патничкиот сообраќај при што се регистрирани околу 120 сообрачајни несреќи.

Метеоролозите предвидуваат температурата во текот на ноќта да се спушти до минус 15 степени.

Зимата се врати и во Франција, а обилни снежни врнежи изминатата ноќ блокираа стотици луѓе во нивните автомобили долж патиштата во северниот дел на земјата.



Префектот на департманот Манш, во Нормандија, преку Фејсбук упати повик до жителите на реонот да им помогнат на приближно 800-те лица кои останаа по патиштата. Меѓу 200 и 300 се блокирани долж националниот автопат меѓу Сен Жозеф и Шербур. Многумина возачи ги оставиле своите автомобили и побарале засолниште. Полицијата, жандармеријата и пожарникарите им помагаат на луѓето, кои се останати долж патиштата.

Над 68.000 домаќинства во Бретања и Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја по обилниот снег, што вчера паѓаше цел ден.

Во 26 департмани во Северна и Западна Франција е прогласено портокалово ниво на опасност заради снегот, што оваа сезона беше забележан и со количествата, и со времетраењето на врнежите, што се очекува да запрат в среда наутро, соопшти метеоролошката служба.

Илјадници автомобили останаа блокирани во југоисточниот дел на Англија поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа.



Колонота од возила беше со должина од над 50 километри.

Поради студената воздушна маса од Русија и од скандинавските земји температурата на воздухот во Јужна Англија вчера се спушти под нула степени Целсиузови. Во многу реони паѓаше обилен снег, а поради недостиг од техника за чистење на снег, беше предизвикан сообраќаен хаос.

Во прекин се е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и фериботите кои ја поврзуваат Велика Британија со континентална Европа.

Синоптичарите соопштија дека во некои реони на Југоисточна Англија синоќа биле измерени минус седум степени. Толку студено време во март во земјата немало од 1986 година. Се предвидува дека студеното време ќе биде до четврток.

И Белгија денеска е блокирана од обилен снег, што од вчера почна слабо да паѓа и во текот на ноќта премина во снежна бура.

Локалните медиуми соопштуваат дека околу осум часот утринава по патиштата имало задржувања во вкупна должина од над 1.600 километри, а во обичен ден во овој дел од сезоната задржувањата се на околу 200 километри.



Брисел движењето на автобусите и трамваите од градскиот транспорт е многу отежнато, а во Лиеж јавниот превоз денеска целосно е запрен.

Супербрзите возови кон Париз се движат, но со бризина од 170 километри на час, за 50 километри на час побавно од вообичаеното.

Аеродромот во Брисел прифаќа летови, но нормалниот режим на работа е многу нарушен. Неколку десетици летови се откажани или забавени утринава, главно од Холандија, од Германија, од Швајцарија и од Италија. Ситуацијата е слична и на јужниот аеродром Шарлоа, а аеродромот во Лиеж, што опслужува главно товарни авиони, е затворен.

Во следните денови се очекува да продолжат снежните врнежи и температурите да останат под нулата. Минатата недела температурите достигнаа 19 степени над нулата, па така за само неколку дена е измерена разлика од 25 степени.


Статијата е прочитана 1147 пати.


Испрати коментар



Туристичките убавини на Македонија на „Гугл“
Како се вика – Франческо, Франциско, Френсис, Фрањо, Франтишек...
Безжичен интернет во сите автобуси
Трансплантација соборува рекорди, нема листа на болни
Четворица новинари на „Мирор“ уапсени во Лондон
Жерновски вети замена на фасадите во населбата Пролет
Македонија жртва на доктрините на соседството
Трајановски најави подобро водоснабдување во Шуто Оризари
Сокол Митревски најави нова градинка
Почна изградбата на модерен парк во Горно Лисиче
Приклучувањето кон Јужен тек е во завршна фаза
Макрадули - Интеркултурен дом вo новата зграда на „Водовод“
Млеката на „Дукат“ повторно достапни на македонскиот пазар
Исплатени 455,3 милиони денари субвенции за сточарите
Oхриѓанка спасена од самоубиство во езерото
Откриени триесетина илегалци во товарен воз од Грција
Македонија меѓу најгостопримливите во светот
Чавез веројатно нема да биде балсамиран
„Блиц“ - Белград и Приштина постигнаа договор
(ФОТО) Ветрот го оштети „Мостот на желбите“ во Охрид
Тројката си заминува од Грција без конкретен договор
Папата Франциско - скромниот и едноставен језуит од Буенос Аирес
Папата Франциско на 19 март ќе седне на Светиот престол
Татко ја убил ќерката, па се самоубил
Хорхе Марио Берголио е новиот Папа
Притвор за благајникот на битолската пошта
За поплавените ниви 500.000 евра помош од буџетот
СДСМ - Програмата е пишувана уште од почетокот на работното лето
Иванов-Аренс - Македонија има капацитет да спроведе фер избори
Марин Рајков - Европерспективата на Македонија нема алтернатива
Бакрачески најави реконструкција на Градското пристаниште во Охрид
Макрадули вети центар за лица со оштетен говор и слух
Комисија расправа за пресудата за Калид ел Масри
Екстрадицијата за „Монструм“ и „ПМФ“ тапка во место
Уставниот суд го одложи одлучувањето за лустрацијата
(ФОТО) Црн чад од оџакот на Сикстинската капела
Европскиот парламент го отфрли Договорот за Буџетот на ЕУ
Вечер и утре пороен дожд и можност од поплави
Руфи Османи - Кампањата е делумно фер
„Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа во 2012
Речиси шест илјади мртви свињи пронајдени во Шангај
Грците во Австралија лути на Цириас
„Дау Џонс“ со нов историски максимум
ИВЗ ги одложи протестите за Бурмали џамија
Пјонгјанг се откажа од примирјето со Јужна Кореја
Самарас ja oдложи средбата со „тројката“
Груевски - Ристески знае да го извлече максимумот
Македонија доби преговарач во Софија
Лани околу 40.000 невработени помалку
Теодорос Пангалос - Кој сака нека биде Александар Велики!
Марин Рајков е новиот бугарски премиер
И Брисел слушна за грчката загриженост за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ најави инфраструктурни и комунални проекти
Чадиев ќе гради кошаркарски игралишта
ДПА со Зијадин Села ќе ја освојува Струга
Заев ги претстави приоритетите пред струмичани
Аце Коцевски нуди проекти за развој на Велес
Жерновски ветува бесплатен паркинг за жителите на Центар
Почна саемот за роботика и автоматика „РобоМАК 2013“
Нови условни казни за тепачката на Кале
Берлускони останува во болница со висок крвен притисок
Трајановски и Куновска најавија четири ленти за „Гологанов“
Со „Макс ТВ“ можност за приклучок на пет телевизори
(ФОТО) Петров и ја подари изборната програма на Куновска
ЦУК презема мерки пред најавите за интензивни врнежи
Клаус - Грција да прифати заедничка валута со Македонија
Македонци уапсени во Полска за производство на цигари за шверц
Градоначалникот на Охрид се сретна со претставници на ОБСЕ
Жичарницата пуштена во работа
Без три гласа Фокландите останаа во Британија
„24 Часа“ - Марин Рајков нов бугарски премиер?
Петмина НАТО - војници загинаа во Авганистан
Ватикан избира нов папа
Десет години од убиството на Ѓинѓиќ
Груевски - Бранко, и да има предвремени избори - ќе изгубиш
Директорот на „Кока-Кола“ лани заработил 21 милион долари
Поранешниот гигант „ЕМО“ влезе во изборната кампања
Беличанец - Алексиќ ќе го дислоцира центарот за зависници
Андреј Петров најави нови катни гаражи и обнова на фасади
Сечкалка за зеленчук ги затрула децата во градинката
Пустец ќе си го врати македонското име
Оскар Писториус на раб на самоубиство, тврди негов роднина
Почна изградбата на спортскиот центар „Јане Сандански“
Вељаноски - СДСМ врши политички притисок врз институциите
Од 15 март намалување на цените на нови 202 лека
Македонец застрелан во Венеција
СДСМ протестираше поради отфрлената пријава за Вељаноски
Словенија и Хрватска го потпишаа договорот за „Љубљанска банка“
(ФОТО) Седумдесет години од холокаустот на македонските Евреи
Хуманитарна акција на „Атлантик група“ и Црвениот крст
Бензините поевтинуваат до два, а дизелот за 1,5 денари
Извештајот на ЕК за Македонија на 16 април
Кандидатите за градоначaлници на Скопје потпишаа Кодекс за фер избори
(ФОТО) Илјадници мртви свињи го вознемирија Шангај
Починати грчки пратеници и свештеници се` уште примаат пензии
Мистериозна кражба на главната пошта во Битола
Ракот ги коси претседателите низ Јужна Америка
Плевнелиев посакува влада како на Монти
ОМД - Софија да се извини за депортацијата на македонските Евреи
Северна Кореја ја исклучи „жешката“ линија
Се самоуби еден од судените за групно силување во Индија
Седумдесет години од холокаустот на македонските Евреи
Две години од катастофата во Фукушима
(ФОТО) Макрадули ја претстави изборната програма
(ФОТО) Груевски - Македонија не се сака со празни ветувања, туку со дела
(ФОТО) Црвенковски - Јакимовски е скриен адут на ВМРО-ДПМНЕ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Четврток
Грмотевици со дожд
Макс: 12°C, Мин: 3°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Отворање на изложбата „Франкофонија планетариум“
Уметникот Киро Урдин и неговото дело со својата симболика ќе го означат стартот на годинашната манифестација „Денови на ...
Софтвер за диктаторски режими
Се бара официјална забрана за извоз на технологија за надзор и цензура во репресивни режими...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“
68. Bob Dylan, „Tangled Up in Blue“
Автор: Dylan; продуцент: Dylan; објавена: јануари ’75, „Колумбија“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |