12.03.2013, 13:26 Со „Макс ТВ“ можност за приклучок на пет телевизори

„Македонски телеком“ нуди нова бенефиција за корисниците на „Макс ТВ“ со оптички приклучок, кои отсега ќе имаат можност да користат пет медија-приемници и на секој од нив да поврзат посебен телевизор. Истовремено може да се гледаат различни телевизиски канали на четири од поврзаните телевизори.
Месечниот надомест за секој дополнителен медија-приемник е 139 денари со ДДВ. За да ја користат новата бенефиција, корисниците треба да се јават на 122 или да се обратат во најблиската продавница на „Телеком“. Корисниците на „Макс ТВ“ кои се со приклучок на бакарна мрежа, и натаму ќе можат да приклучат најмногу два медија-приемници. (Ек.Р.)
|