12.03.2013, 15:08 Заев ги претстави приоритетите пред струмичани

Струмица - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струмица, Зоран Заев, ја претстави својата програма пред струмичани, која рече дека е правена по предлог на граѓаните. Меѓу проектите, напомена отворање нови фабрики, 3.000 нови работни места, продолжување на гасификацијата, жичарница, детски градинки, средства за невладиниот и за културниот сектор...
„Струмица знае каква била, а каква е сега. Немаме намера никого да поразиме, но ќе им докажеме дека не може со лаги да бараат поддршка“, рече Заев. |