12.03.2013, 16:05 ВМРО-ДПМНЕ најави инфраструктурни и комунални проекти
„Во новите 70 програми на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија‘ се предвидуваат 10.112 проекти од кои значаен дел се проекти што се од инфраструктурно и комунално значење. Со новите проекти ќе се продолжи циклусот инвестиции во нови водоснабдителни и канализациски мрежи. Со тоа во уште поголем број населени места ќе се обезбедат подобри услови за живот кој прилега на секоја современа и модерна општина“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој очекува скоро започнување на реализација на повеќе проекти за водоснабдување и одведување на отпадните води. Освен тоа, најавени се фекална канализација во општината Шуто Оризари, канализациска мрежа во Мрзенци, фекална канализација – колектор со пречистителна станица за отпадни води во Тремник, изградба на систем за преттретман на отпадни води во Големо Коњари и изградба на мрежа за фекална канализација во Канатларци.
Јанакиески потсети дека со средствата во висина од 50 милиони евра, обезбедени за оваа намена и распределени на сите општини во Република Македонија, започна физичката реализација и на голем број проекти за изградба или реконструкција на канализациски системи. (П.Р.) |