12.03.2013, 16:27 И Брисел слушна за грчката загриженост за Македонија
Атина - Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Димитрис Куркулас во Брисел говорел за политичката тензија во Македонија. На неформалниот состанок на министри за надворешни работи и европски прашања Куркулас потенцирал дека овие случувања влијаат неизбежно на европската перспектива на Македонија.
Според заменик министерот Грција е загрижена од политичките случувања кај нас и се надева дека во најбрзо можно време ќе се вратат стабилноста и функционалноста на демократскиот систем.
Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос пред два дена во интервју за весникот „Катимерини“ излезе со истиот став дека постои загриженост во Грција за случувањата во Скопје. Поконкретно, Аврамопулос се изјасни дека поради политичката тензија Грција е воздржана околу ��чекувањата колку напредок може да се постигне во спорот за името. И Аврамопулос посочи дека се надева повторно да се воспостави функционален демократски систем во Македонија, тензиите да се смират и да преовлада стабилност и безбедност во државата. (М.П.)
|