12.03.2013, 15:06 Аце Коцевски нуди проекти за развој на Велес

Велес поминува многу тежок период од неговиот развој, економската и социјална состојба е многу лоша, а последиците секојдневно ги чувствуваат голем број наши сограѓани. Затоа нашата одговорност е уште поголема не само да се оправда големата доверба, туку за да се направат многу конкретни работи за да се сменат работите на добро за да се подобрат условите за живеење и да се направи максималното од возможното. Ова го потенцираше завчера кандидатот за градоначалник на СДСМ во Велес, Аце Коцевски, кој беше градоначалник во два мандата до 2009 година.
Во неговата програма за Велес 2013-2017 е планирано изградба на нов затворен пазар, современа фабрика за третман на цврстиот комунален отпад, решавање на проблемот со атмосферските води, реконструкција на постоечката комунална инфраструктура, ��зградба на нови улици и патишта, канализациски мрежи, мостови, плоштади и паркови.
|