12.03.2013, 13:38 Берлускони останува во болница со висок крвен притисок

Поранешниот премиер и лидер на партијата Народ на слободата, Силвио Берлускони, останува на лекување во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, изјави денеска неговиот личен лекар Алберто Џангрило.
Одлуката е поддржана и со независната лекарска експертиза, која беше наложена од судот, откако адвокатите на телевизискиот магнат изјавија дека тој не може да се појави на двете судски рочишта, едното во врска со обвинението за даночни измами, а другото за плаќање на сексуални услуги на малолетна проститутка.
Берлускони беше примен во болница минатиот петок со дијагноза на коњукитивитис. Степенот на воспалението на очите, како и корекциите во преписките за потребите од болничко лекување ги поттикнаа сомнежните дека тој намерно ги оддолжува судските постапки.
Обви��ителите побараа независна лекарска експертиза, која потврди дека коњуктивитисот му се намалил, но констатира дека пациентот добил компликации во кардио-васкуларниот систем со нагло зголемување на крвниот притисок.
Според експертите може да се предвиди дека дополнителниот период на болничко лекување од шест до седум дена ќе овозможи да се одреди дијагнозата и за секој случај да се оптимизира терапијата.
Локалните медиуми пишуваат дека Берлускони е сместен во секторот Д на поликлиничкиот комплекс „Сан Рафаеле“, кој не е наменет за обичните смртници. Поранешниот премиер располага со луксузен апармант од 200 квадратни метри на седмиот кат, каков што има само папата во римската болница „Агостино Џемели“. Миланскиот болнички апартман вклучува конференциска сала со потребниот мебел и комуникациска техника, кујна соба на личната медицинска сестра, бања со џакузи, како и посебна просторија како гадеробер. |