11.06.2012, 17:57 Од јули ќе плаќаме поскапа струја?
Регулаторната комисија најави дека до крајот на јуни ќе одлучи за корекција на цената на струјата
Маја Томиќ
Се' поизвесно е дека веќе од следниот месец струјата ќе поскапи, иако засега никој од надлежните не потврдуваат за колку проценти. Taa последен пат поскапи на 1 јануари годинава за 8 отсто. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека ги добиле месечните извештаи на ЕЛЕМ и ЕВН за оперативните трошоци во работењето кои до крајот на овој месец треба да се разгледаат и да падне одлуката за корекција на цената.
Според Правилникот за регулирана цена, доколку енергетската компанија за одреден период има остварено за над 5 отсто поголеми трошоци од проектираните, при постојна цена на киловат-час струја, или пак, има нови инвестиции, Регулаторна треба да и' ги признае. Со други зборови, да одобри повисока цена на киловат-час и на тој начин компаниите да си ги покријат зголемените трошоци, односно да не бидат во финансиска загуба.
„Доставени се извештаите на ЕЛЕМ и на ЕВН за оперативните трошоци кои се следат на месечно ниво, а се настанати во зимскиот период, поради високата цена на увезената електрична енергија. Ние ќе ги разгледаме и ќе видиме дали се трошоците на компаниите поголеми од 5 отсто од планираните и дали има простор за корекција на цената на струјата“, изјави вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.
Од ЕЛЕМ и ЕВН не сакаат официјално да потврдат дали во своите извештаи до РКЕ побарале корекција на цената на електричната енергија, се' додека Регулаторна не ги разгледа и не донесе одлука. Сепак, многу логично е дека во изминативе месеци од годинава компаниите имаат зголемени трошоци. Бидејќи потрошувачката на струја во земјава, особено последнава зимска сезона, беше многу зголемена во споредба со лани, поради ниските температури. Истовремено, затоа што со истиот проблем се соочуваа сите земји во регионот и пошироко, имаше недостиг од струја од увоз. Па, така нејзината цена драстично се зголеми достигнувајќи во февруари цена од 155,75 евра по мегават-час.
За потсетување, во почетокот на годинава Владата прогласи енергетска криза, поради малото хидропроизводство во текот на минатата година и драстично зголемената потрошувачка на енергија, затоа што граѓаните масовно се откажуваа од парното греење.
Во јануари годинава од ЕЛЕМ информираа дека потрошувачката во цела 2011 година изнесувала 6.975,7 гигават-часови, што е најголема годишна потрошувачка регистрирана од 2005 година до сега. Поради недоволното домашно производство, од една страна, и големата потрошувачка, од друга страна, ЕЛЕМ мораше да набави нови количини струја во екот на зимската сезона, кога е таа и најскапа на берзите. Само за периодот 16 до 29 февруари се набавија 31.800 мегават-часови за што се платија 5 милиони евра. Додека, во цела 2011 година се увезе струја во вредност од 41 милион евра. (M.T.)
Крадците на струја ќе останат без приклучок и броило ЕВН Македонија и Министерството за внатрешни работи открија нови 1.200 кражби. Како што информираат од компанијата, ова е бројката на корисници кои само во последниов месец од должници прешле во категоријата на крадци на електрична енергија. Вкупниот број на откриени кражби во последните шест месеци се зголемил на 4.500. Дел од нив се фатени во класични кражби на струја, а дел самоволно се приклучиле откако претходно биле исклучени поради долг и сега се во категоријата неовластено користење на електрична енергија.
Од ЕВН посочуваат дека мерките за откривање и санкционирање не само што ќе продолжат туку и ќе се заострат. Екипите на ЕВН веќе ја практикуваат и последната можна мерка според Законот за справување со кражбите, а тоа е одземање на приклучокот и броилото. Оваа мерка се користи и кај оние кои неколкупати самоволно се приклучувале.
Најмногу кражби се откриени кај домаќинствата, каде што завршиле 38 милиони киловат-часови електрична енергија. Кражби има и кај бизнис- корисниците со 19 милиони киловат-часови.
ЕВН Македонија ги потсетува сите корисници дека ова лето имаат можност со склучена спогодба за плаќање на тужениот долг во целост да им бидат избришани сите камати, судски трошоци и трошоци за нотар и извршител. По плаќањето на долгот се запира и целата судска постапка. (Ек.Р.)
|
|
Статијата е прочитана 2365 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 12.06.2012 00:24:03 | So drugi zborovi, ke poskapuva strujata za da se nadoknadi delot koj se krade, i toa se poveke i poveke. Kakov uvoz, kakvi investicii. Jasno e kako bel den deka ovde struja se krade nenormalno, pa toa ke mora nekoj da go plati, koga veke nemoze da se kontrolira/sopre. |
| Весна.С. од Прилеп, 12.06.2012 01:42:03 | Така и ни треба кога дваесет години освен што им ракоплескаме и им се восхитуваме на овие наши неспособни политичари и се восхитуваме на нивните ораторски вештини.Ниедна партија на власт ништо не направи во вложувањето и барањето на поетина обновлива енергија(како сончевата) и на тој начин ние граѓаните да имаме можност да ја користиме истата.Со покачувањето на електричната енергиј уште повеќе осиромашуваме.
П.С.ЕДЕН ДЕН ВЛАДАТА СЕ ФАЛИ ДЕКА ГИ ПОКАЧИЛА ПЕНЗИИТЕ,СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ,ПЛАТИТЕ И ДР.(ПР.5%) А НАРЕДНИОТ ДЕН ЈА ЗГОЛЕМАУВА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДВА ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ЗГОЛЕМУВАЊЕТО СО КОИ СЕ ФАЛИ ДЕКА МИСЛИ НА НАРОДОТ.СРАМОТА. |
| jas, 12.06.2012 02:58:58 | Od juli nema da poskapi strujata tuku od juli ke se bega od drzavava veke |
| pero, 12.06.2012 06:07:47 | Наздравје да ни ед Преродбата во 100 чекори.........Надградена и проширена.......... А Феликс????? Пак Бранко е крив?????? |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 12.06.2012 07:13:17 | Каква регулаторна комисија. Зад тие измислени комисии (Наречи ги полтрони и лигуши), стои Владата на чело со Кољо. Па нели во буџетот недостасуваат средства? Еве на овај начин, а и други начини кои ги измислуваат секој ден, ќе се пополни за да има што да трошат. И второ, во која нормална дрзава се ц��ди народот од потрошената струја да плаќа 1/3 од потрошеното за моќност. Ова е чиста кражба. |
| od ostrijot, 12.06.2012 07:57:53 | taka e koga imame nesposobna vlada firmite kesigi
pokacuvat cenite kako sakakat i kolku sakat a cehot kego plakat graganite, |
| Istocna Makedonija, 12.06.2012 08:17:46 | Poskapa struja,pa sto ima tuka cudno?!Senzaciona-
len bi bila vesta za poeftinuvanje na cenata na struja,ili na bilo sto drugo! |
| Igor, 12.06.2012 08:19:55 | Dali nekoj go prasuva narodot pred da odluci da ja poskapi nesto. Platite ne rastat 2 pati godisno, ne rastat ni 2 pati vo 10 godini. |
| dea, 12.06.2012 08:53:24 | Ova e sramota, narodot edvaj ima za prezivuvanje , vladata ima pari za spomenici a neizgradi nitu edna hidroecentrala iako bea vo plan vece pet godini, sramota da zavisime od skapa struja od uvoz pored toliki potencijal za mini hidrocentrali so koji bi se vrabotili mladi ludje . |
| Mark, 12.06.2012 09:51:55 | E sega ke gi vidime mudrecite sto se otkazuvaa od parno oti na struja bilo poevtino! Ke ja gledame nabrzo Sofiskata prikazna koga i tamu se otkazuvaa od parnoto pa koga gi tresna cenata na strujata plakjaa po 500 evra za povtorno da se vklucat! Ama kako velat starite-na budalite otposle im teknuva.. |
| РНД, 12.06.2012 10:55:03 | Епа народе мој ако ви се допаѓаат политиките на државата кои не враќаат не во Барок туку во Камено Време - пак да ги гласате истите. Од 2006 навака направете анализа колку е поскапена струјата, парното, водата, лебот, зејтинот и сл. па кажете дали живеете подобро и побогато. За некој месец кога ќе замре целата индустрија во земјава - е тогаш ќе ни биде исто како во 1990... ама ќе имаме фонтани, споменици и скапи огради со кандалабри на мостовите.... |
| zoki, 12.06.2012 11:13:16 | Pred nekoj den Saracini izleze i kaza deka Makedonija e energetski stabilna.Delese po 100 denari za socijalno zagrozenite, a denes izleguvaat so nova cestitka-poskapuvanje na strujata.Ovie kako sekoj den da se natprevaruvaat kako poinventivno da im go zagorcat zivotot na gragjanite na Makedonija.Ili im se blizi krajot pa udri kade mozes.Sega mu e majkata da se oparime. |
| Од редовен читател, 12.06.2012 11:46:41 | Бидејќи Бранко Црвенковски и СДСМ се виновни за увозот на струјата во зимските месеци, нормално е сега и цената на струјата да се зголеми, како фирмите што увезуваат струја не би биле во загуба. Така е во сиот нормален свет. |
| Трпе, 12.06.2012 12:41:58 | Овој каков таков народ се ова сам си го заслужи.Наместо да гледа на земја тој гледа во облаци.Сигурно енергија ке добиваме од бронзата и барокот.Но тие не произведуват струја,тие ги арчат парите за струја.Баравре,гледајте ич нема потреба да се чудите. |
| Spomenicite ke ne toplat, 12.06.2012 12:47:17 | Moze li patriotite koi se voshituvaat na glupite spomenici da kazat kolku energetski objekti mozea da se izgradat za tie pari. Ili i ponatamu ostanuvat pri svoeto - spomenicite se najbitni! Razbiram 2-3, ama 1001 spomenik i pak da se nema kraj? Bidete barem inventivni, otvorete druga peralnica. Iako, po mene, ova e kradenje, perenjeto e sledniot chekor. |
| Bukefal, 12.06.2012 12:55:35 | Ова е невиден апашлук, на народот му ги бричат парите, ваква финансиска политика се спроведувала само во турско време и во времето на фашизмот од бугарите! Навистина на ДПМНЕ им фали нешто, споредуваат македонски плати со европски цени, па и Србија и Босна не плаќаат толкава цена за струја, а нашиве ќе ја покачуваат, забегани.... |
| Partizanot, 12.06.2012 16:05:48 | Se dodeka ne se napravi hidrocentrala na Vardar ke imame golemi problemi, no vaka im e udobno so menagerskite plati i red drugi beneficii ima koj da se strizi. |
| kaznet, 12.06.2012 16:25:40 | Еј читатели, малку исав со коментарите,имајте малку текнувало, дане му направите проблем на весников, сеќавањата се ептен тазе, Б 92 после фамозното итербју со премиерот лапна вода, за А1 данеправиме муабети. Хрв. лапна вода , аман малку фалете барем пола од она на Фаликс. него сакам да предложам нешто. Ајде дасе воведе една церемонија. Кога ќесе враќа нашиов милни водач од светските турнеи даго чекаме со ора песни на плпштадот у Скопје, да му олесниме малку на неговата тешка работа и уште потежог живот. |
| Risto Andova, 12.06.2012 17:36:25 | За жал, додека ние граѓаните живуркаме некаде на почетокот на 20-оте век, тајкуните, лоповите од секаков вид и политикантите од сите бои и чешити, ај да речам и бизнисменитем домшни и странски, се веќе во Европа, односно, во 21-от векл во секој поглед. Наравно таа нивна трансформација и предвремено заминување во иднината, еве скапо го плаќа осиромашениот македонски народ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|