Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
15.10.2012, 15:35

(ФОТО) Македонија шефува со регионот

Едногодишното претседателство со процесот за соработка во Југоисточна Европа е во наши раце

ФОТО: Киро Попов

Македонија го презема едногодишното претседателство со процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во кој членуваат 12 земји. Според парламентарниот спикер Трајко Вељановски, ПСЈИЕ израсна во автентичен глас на регионот, кој во европски контекст е прифатен како адекватен и динамичен форум за дијалог и соработка, и во кој парламентарната димензија има значајна и забележителна улога.

„Доколку постои заедничка волја, подготвени сме во текот на македонското претседателство да ги координираме напорите за создавање на парламентарно собрание, како еден од столбовите на ПСЈИЕ“, истакна Вељановски на денешната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“.

Претседателот на македонското Собрание најави состанок на КОСАТ (Конференцијата на парламентарните комисии за европски интеграции и прашања на државите опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација), редовни шестмесечни размени на ставови, Меѓународни конференции на Денот на Европа, а претседавањето ќе го завршиме со конференција на претседателите на парламентите во мај 2013 година во Охрид.

„Покрај се' она што го имаме како негативно наследство од минатото, во име на иднината, ние како парламентарци, можеме и мораме да го надминеме сето она што не попречува во развојот на добрососедските односи и регионалната соработка. Она што се случуваше и случува во регионот и неговото соседство, очигледно покажува дека сме неделив дел од европската економско-социјална и безбедносна стабилност. Ние и' требаме на Европа и Европа ни треба нам“, поентираше Вељановски.

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, соопшти дека ќе бидеме фокусирани кон јакнење на регионалната соработка во која ќе доминира европската перспектива. Приоритетни области на македонското претседавање се соработката во областа на економијата, науката и образованието, културата и заштитата на животната средина, рече Петров.

На вчерашната конференција зборуваа и Ѓерѓ Мура од Регионалниот совет за соработка, Хајнц Бонгарц - претставник на „Фридрих Еберт Стифтунг“, професорот Димитар Мирчев и Петра Блес, поранешен заменик-претседател на германскиот Бундестаг, кои меѓудругото, и' посакаа успех на Македонија при претседателствувањето. Заедничката порака од Скопје е дека местото на земјите од ЈИЕ им е во Европа.

Првата конференција на претседателите на парламентите на државите-членки на П��оцесот за соработка во ЈИЕ е иницирана од Парламентот на Грција и одржана во Атина на денешен датум пред 15 години. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1343 пати.

Испрати коментар



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 7°C

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |