Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.05.2012, 22:07

Уште една рунда дриблање на јавноста

Црвенковски го кани Груевски на ТВ соочување, Груевски вели дека Црвенковски сам себе се дрибла

Наум Котевски

„Господине Груевски, ајде да му ја кажеме вистината на македонскиот народ, ајде веќе еднаш да седнеме на ТВ-дуел и пред целата македонска јавност да ги предочиме фактите и да ги соочиме аргументите. Ајде, охрабрете се и одважете се“, со овие зборови лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски, го предизвика вчера премиерот Никола Груевски. Продолжувајќи со офанзивната тактика и на својот терен на „Бихаќска“, во истиот или можеби сличен костум од каде што го извади документот во веќе култното интервју, но во малку полефтерно издание, без вратоврска, Црвенковски откри дека целиот ден по понеделничкото интервју очекувал да се јави премиерот Груевски.

И, како што вели тој, да и' објасни на македонската јавност зошто предлогот Република Македонија (Скопје), кој бил прифатен од двајцата пред Самитот на НАТО во Букурешт, е подобар од предлогот даден во 2005 година со кој, според него, се зачувувало уставното име на државата.

„На кој начин предлогот од 2008 година го гарантираше националниот идентитет подобро од предлогот во 2005 година, па Груевски со чисто срце и мирна совест да го прифати. За жал, одговор не добивме. И многу е јасно зошто. Затоа што нема и не може да има одговор кој нема да ја разоткрие приказната за лажен патриотизам, за лажна искреност и одговорност на Никола Груевски“, смета Црвенковски.

Премиерот Груевски, кој доби шанса од политичкиот противник да избира телевизија и новинар за предложениот ТВ-дуел, експресно врати на фрлената ракавица на Црвенковски. „Нормално беше и се очекуваше човекот кој толку многу секојдневно се занимава со шпекулации и извртување на вистината, во еден момент да се издрибла самиот себе. Ме вика на ТВ-дуел и сака така да се извади. Граѓаните вчера видоа, излегоа податоците и документите кои самиот тој ги извади и се виде дека тој предлог има сериозни проблеми во делот на јазикот, националноста, кои се крајно проблематични и нејасни“, рече Груевски, кој додава: „И ден денеска ме чуди зошто тој прифати такво нешто од прва, особено што Грција го имаше одбиено предлогот“.

Според него, практично во предлогот нема ни „г“ од гаранции за идентитетот, но и во делот на јазикот и на националноста.

Груевски вели дека не е добро што Црвенковски ја користел оваа тема за дневнополитички поени, затоа што прашањето за името, за идентитетот, националноста и јазикот е стратешко прашање за Македонија.

„Ако тој во основа е одговорен политичар не би требало на какви било настапи во јавноста да вади државни документи одбележани со државна тајна и да зборува за детали, а со тоа на некој начин да ја нарушува дополнително позицијата на Македонија“, рече Груевски, додавајќи дека „тоа е прашање за кое треба политичарите да разговараат, да бараат нешто што е најдобро за државата и за народот, а не да се препукуваат преку медиумите и да собираат дневнополитички поени“.

Веројатно сметајќи дека во случајот „недозволено објавување на документи со печат строго доверливо“ нема случај, одбраната од таквите напади Црвенковски ја остави за крај.

„Преку вашите медиумски мегафони ми упативте закани за некаква кривична одговорност за оддавање државна тајна. За некакви затворски казни. Веднаш да ви одговорам. Ич око не ми трепнува. Само напред. Ниту ќе ме уплашите, ниту ќе ме замолчите. Само дополнително ме мотивирате“, му се обрати Црвенковски директно на премиерот.

Во тој контекст тој потенцираше дека Груевски прв јавно почнал да ја обелоденува содржината на документот означен како државна тајна.

„Со огромно задоволство би ја споделил кривичната одговорност со вас. Тоа што дополнително го доставивте документот на државната агенција МИА нема да ви го третирам како отежнителна околност. Барем не јас. За обвинителството не знам“, додаде лидерот на социјалдемократите, притоа дополнувајќи дека „документот што го оставив за време на интервјуто е оригиналниот текст на англиски, а се' друго што потоа се појави, демек случајно, се текстови од МНР со разни печатни грешки“.

Груевски за строго доверливиот момент во целата преписка уште еднаш најави дека државните институции ќе го разгледуваат гестот на Црвенковски. „Тој свесно оди на злоупотреба на документи за некоја дневнополитичка цел и ситни поени не гледајќи дека со тоа прави штета на интересите на државата затоа што сега во Грција има избори. Тие ќе завршат, ќе се формира влада и треба да се продолжат разговорите со нив. Сето ова што тој денеска го говори ќе биде дел од оружјето на другата страна, условно кажано дипломатско оружје кога ќе седнеме да разговараме“, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Дуелот се случи на изборите

Повикот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за ТВ-дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е со цел да се оцрни Груевски со калта во која се наоѓа Црвенковски, оцени ВМРО-ДПМНЕ.

„Најголемиот дуел меѓу нив двајца се случи пред неполни 10 месеци на последните парламентарни избори. Дуел кој Црвенковски го изгуби и затоа е во опозиција. Следниот дуел доаѓа на наредните избори каде што граѓаните повторно ќе гласаат и ние тој дуел со задоволство го чекаме“, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Зошто толку се зборува за минатото?

„Апсолутно се согласувам со изнесените констатации дека не треба да зборуваме за минатото, туку за иднината. Но Груевски, наместо да зборуваме што натаму по Самитот во Чикаго, не' врати во 2005 година. Прв го злоупотреби предлогот од 2005 година. Цитирајќи делови од него, сакаше да ме направи предавник. Е, тоа така не може. Затоа што не е вистина“, вели Црвенковски.


Статијата е прочитана 3568 пати.

Испрати коментар



Тајната на „Астерфест“
Попоски
Волерс
Има ли тортура во затворите
Молк за истрагата за Смилковци
Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
„Пелистер“ го почна походот од Охрид
Сите чудни коалиции во македонската политика



Donka,Toronto, 31.05.2012 00:49:25
Bravo za fotografijata!Nema potrba tekstot da se cita.So fotografijata kazano e se!
za prochitanata demagogija, 31.05.2012 00:52:20
Дуелот се случи на изборите e demagoshkiot odgovor od VMRO-DPMNE. Chudna rabota kako duelite na liderite i partiite vo Amerika, vo Francija pa i vo Srbija, se sluchija na tv ekranite , a na izborite se sluchi IZBOR na partiite.
Miki, 31.05.2012 01:40:33
Nema tuka nikakvo driblanje na javnosta. Vo slucajov se izdribla samiot sebe velepredavnikot ,liceto zvano B.C. Ne se obiduvajte da ja ublazite mizerijata na B.C. zosto nema da vi uspee.
USA, 31.05.2012 01:41:29
Dur oko ne mu trepnuva, Branko namignuva. Na kogo??
Пречекорување OOH овластувањата е во рез.817 на СБОН, 47-225 на ГСОН, 31.05.2012 02:05:28
Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски и Иванов!
jimmy1, 31.05.2012 04:57:20
Do Miki: Nema covek vo VMRO sto mozi voda da mu nosi na Branko, site se mizerija, site se koj od kogo pomizerni, a za tie kako tebe nestanuva ni zbor. Grujo nema sto da kaze na TV duel, zosto nisto nema srabotano, nisto nema izgradeno. Toj mozi da izleze na TV da ni kaze deka iskopal uste nekoja dupka, a drugo nisto. Za vreme vojnata cela YU bese izorana. Od 1945 pa do 1965 (toa se 20 godini) se izgradi tolku mnogu sto site pogolemi gradovi liceja kako metropoli. A ovie nasi vodaci od 1991 god do denes (21 god od osamostojuvanjeto) nemaat izgradeno totalno nisto, pa duri i izgradenoto od YU go zapustija. Oh GRUJO-va si izgradi nekolku stancinja so edna mizerna penzija a dodusa gradi i vo Ceska. Toa e isto kako da imas zlatna KOKA.
ФЕЛИКС, 31.05.2012 06:24:49
Во брзопотезниот прес одговор на власта им се подкрадна една суштествена грешка. Заборавија да немаше изборен дуел помеѓу лидерот илузионист и премиерот лани.Имаше дуел на подметнат пион со премиерот,а лидерот илузионист му ја здумани знаејќи предобро што ќе го снајде.Ова дури зеленко ќе го потврди кој вчера сиот избезумен ми прати абер да не го прозивам.Јас го прозивам во Дневник кутриот се буни во Утрински.Но да се вратиме на темата.После автонокаутот лидерот губитник во стилот на Холивудски статист фрла ракавица за тв дуел.Повторно замајување прво на своите кој се помалку му веруваат(заинтересираните нека ги препрашаат младите од Бихаќка МОДА)а потоа залуден обид да останатите ги импресионира.
pile, 31.05.2012 06:53:46
Da ne izumime,Republika Makedonija ima legalno izbrani institucii soglasno Ustavot i momentalno tece periodot na Ppristapniot dijalog na visoko nivo megju R.Makedonija so Evropskata Unija.Pred nekoj den se objaveni izvestaite na Stejt departmentot na SAD i ugledniot Amnesti intrnesenel za 2011 godina,za sostojbata na covekovite prava i vladeenjeto na pravoto vo zemjata.Zatoa da ne ne, cudi izvestajot na EU koj ke sledi vo oktomvri,za spremnosta za spravuvanje so organiziraniot kriminal posebno po neizglasanite predlog izmeni na KZ za nezastaruvanje na KD od privatizacijata, i selektivno sproveduvanje na pravoto vo zemjata , a veke alibito za nasledeni losi sostojbi ne pominuva, zasto DPMNE e 6 godini na vlast, ili i togas nekoj ke se povikuva na macnina vo stomakot i na standardni kritiki.Ako Gruevski i familijata i mislat dobro na R.Makedonija, veke treba da si oddat od vlast,i da samite iniciraat Ekspertska Vlada koja sostojbite vo Drzjavata ke gi srduva.LUGJE ZABRAZDIVTE,ODETE SI
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 31.05.2012 08:10:26
Pred vistinata i bogovite molcat. Ako nasiot Grujo e cistneka poveli na duel,no znae deka ce se izgubi. Najprvo e prost,a da ne zboruvame sto se krie vo nego i negovite zdelki. Sto se odnesuva za dokumentot. Sekoj moze da kaze kako sto kaza Crvenkovski,no tajnata ja otkri Grujo pretstavuvajci go dokumentot vo celost. Pa znaci ako ima kazna za Crvenkovski,togas e neizbezno i za Grujo,nego zatvorot pobrzo ce go sobere,mal e .
Istocna Makedonija, 31.05.2012 08:17:14
Ic ne ste interesni!Makedonija e pregolem zalak za bilo koj!Duel,ima ringovi,areni...Ostavete ne nas,graganite so nasive zivotni problemi i premre zija.Imavtimate mandati da gi resite.Ne gi resiv te!Nema da ve pameti istorijata po dobro!
MajkinPerth, 31.05.2012 08:41:23
Sto pravi VMRO DPNE od koga dojde na vlast na celo so Premierot kritika-provokacija-kritika I ocrnuvanje ili satanisuvanje na B.C.a za ostanatite I da nema mesto za diskusija.Narodot vide poveke greski kaj SDS I nivniot lider B.C.zatoa im go svrtea grbot I glasaa za promeni odnosno za V M R O.namesto da rabotaat da napravat nesto podobro poperspektivno za narodot tie uporno se vrakaat nazad kako sto bilo a bogami duri I poloso.uporno molat da dojdat investitori od sekade a nikako da pobaraat od dijasporata da moze nesto da investira vo Makedonija.
Goran, 31.05.2012 08:42:14
Ne mi e jasen odnosot na B.C. toj se odnesuva kako dete od 7 god. i a se skara na ulica vo maalo aj sega fer da se istepame dvajcata pa koj pobedi toj e glaven.Ne može ovaka da se odnesuva eden političar koj e prededatel na partija(nezamenliv kako Tito-doživoten)premier i predsedatel na država,pa za sekoja sitnica aj TV duel ili izleguvame na ulica,isto kako albancive kaj nas ako ne im se ispolni nekoe baranje aj puškite i u šuma.Ovaka B.C.samo se zakopuva i kako mi izgleda će ostane vo večita opozicija.Aza toa deka eftino može da ne prodade toa ne me čudi oti veće toa go ima napraveno nekolku pati,samo za svoj interes.
sime, 31.05.2012 08:44:12
Kolku sme nazad so demokratijata,eden tv duel ne mozeme da si obezbedime.
Ристо Андов, 31.05.2012 09:02:26
Еве продолжува дигањето прашина зради објавените два тајна докумебта за иста работа. Објавувачите категорички тврдат дека, оној другион е фалсфикат! Исто така и политичките фанви се распалија, при што само едниот се обвинува за издавање на државна тајна!. Очгледно на мнозина не им е јасно дека, тајнит�� документи, најчесто се пишуваат со намера да се прикрие глупоста, неспосбноста, бруката итн. на државните или стопански структури! Сепак ете, револтираните државни структури и политички фанови до бескрај измислуваат лаги, претпоставки и свои вистини! Во тој процес еве се вклучи и Претседателот на државата! Меѓотоа вистина е само фактот дека, Македонија веќе треќа децени се врти во круг и тапка во место, наравно, под водство, воглавно, на двајца лидери! Еве ни едниот ни другиот не успеваат да го прекина тапакањето во место!!! Белким не се плашат, едниот да биде подобар од другиот? Всушност, наместо мудрост и понатаму фиктивно тврдат дека за се виновен е оној другион, ама дијалог јок!!!
македонија на дланка повелете..., 31.05.2012 09:17:44
Ама дриблање ааа како македонски народе по добро дриблање не сме виделе нели г.Премиеру па од тебе и од таа твоја супериорна влада по дриблање не сме добиле па зарем не е доста што не дриблате толку години и се си тапкаме во место , де за името, де за европа ,де за економија де веќе не знаеме за што ли не не издриблавте и пак си стоиме на почетокот од каде не ни тргнавме. Де се што ке кажат други кој не се истомисленици со оваа влада не чини па зарем вие сте нај идеалните за Македонија и сето друго околу вас не чини е кога ке се разбудите од тој сон и не почнете да прифаќате критики и предлози од други кој не се во вашава партија тогаш можеби тоа дрибљањето ке ни тргне ..???????..можеби господо од актуелната власт а до тогаш уште ке тониме и тоа побргу од ..ТИТАНИК..
Чича Мите, 31.05.2012 09:19:19
Е мој Мики, БЦ па велепредавник. Се додека има такви со „пилешки мозок“ како тебе , ќе си владее овој вашиот патриот со лаги и манипулации. Дечкото е патолошки тип на кого за се некој друг му е виновен. И упорно си ја терате тезата дека после 6 години апсолутна власт - некој друг ви е крив (БЦ или некој друг..). Мизерија !
do koga vaka duri se mozi, 31.05.2012 09:56:11
Ne samo sebi tuku i komunjarite............
duel??, 31.05.2012 09:56:57
Duel???? Mislena imenka.Nekoj od TV duel bega kako gavol od temjan - veli narodot.
Честита ка сликата, 31.05.2012 10:56:41
Убава компарација и симболика со сликата. Црвенковски е Монт Еверест за политика во однос на Грујо.
ana, 31.05.2012 11:06:22
Цитирам(Андов)-* ...Според тоа нашето дваесетгодишно искуство .....покажа дека дека решенијата на кои им се противи ВМРО-ДПМНЕ, се нужност за опстанок на државата и дека таа партија во сите клучни моменти покажала недопустива тромост и неспособност да реагира во корист на државата. ...*-кратко, јасно, концизно...совршено кажано!
Vinci, 31.05.2012 11:37:44
Branko zarem mozes da ocekuvas od Grujo da ja prifati frlenata rakavica, licnost koja se cuvstvuva sigurna samo na svoj teren opkruzen so svoite gavazi, koi po negoviot primer kako navieni gi okrivuvaat site drugi za seta mizerija koja postojano ni se slucuva pod nivnoto vladeenje!!??Toj moze postojano da okrivuva i napaga (iako ima apsolutna vlast) samo na svoite presovi, a za otvoren duel ocigledno nema muda, pa nitu srce da izleze na otvoren ring i da se sooci so protivnikot, pa koj i da e!!!!!!???????
Stojko, 31.05.2012 12:13:55
Edno e sigurno se dodeka ima ovci ke ima vakvi vladi i koalicii ajde da se napravi edna proba pa i nie ednas da bideme prvi vo nesto, neka se izbi9ra parlament no parlametarecot da ima plata kako sto e vo visina najniska zagarantirana plkata vo drzavava i da mozi da koristri prevoz samo voz ili avtobus, da nema pravo da ucestvuva na tenderi ili vo upravni odbori pa da ima zakon kako sto e zakonot za rabotni odnosi ako eden parlementarec ne dojde na tri sednici da mu se odzeme mandatot da se izbiraat strucni lica za vo parlemanet a ne bez skolo i toj ke ti odluciva sudbina e tolgas ke vidime kakov ke e parlamentot i kako ke raboti a ne kako sega lapaj pari a nartodot neka umira
Tina, 31.05.2012 12:18:47
Da, za Duel sum. Verbalni duel samo moze vistinata da ja iznese na videlo, od koja mnogi se keijat. Edno e tocno, da bez nasite Makedonci vo antikata nie nema da postoime, pa po toj red e nuzno da go sacuvame nasiot identitet, po sekoj pat. Ako treba Duel, ke napravime Duel, za BC i AD. Oti nie sme Makedonci.
D.V., 31.05.2012 12:28:46
Sto bre Gorane ne ti e jasno; ili SÉ NE ti e jasno ili glumis kjor pri oci, gluv pri ushi. Koj izigrava dete od 7 godini, za pogresen covek zbpruvas! Ako nekoj se buni za* odzemeni igracki*, toa e bas tvojot *patriot*. Branko se odnesuva ne samo kako nekogasen Premier i Pretsedatel tuku i kako covek kako sto sme site nie i gi zivee istgote problemi kako site nas. Kaza sto kaza vo vrska so imeto i slucuvanjata od 2005g. ama od kako tvojot *patriot* veke ni go kaza na site i sega se buni sto mu se replicira so baranje na duel na TV! E pa, toa e demokratija Gorane,da gi vidime/cueme zaedno na TV, a ne raspravija za igrackite.
Viki, 31.05.2012 13:33:50
На Тв дуел - Бранко сам против цел нивни парламент на чело со незавршените студенти, Бајрамовци, Алвировки....и другите!!
feliks pak treba da crvenee od sram, 31.05.2012 13:51:57
Macorot izbezumen od rezultatite na fotokopirkata samo se kopira vo sekoj komentar, prodolzuva negovoto izbezumeno pateticno prozivanje, seta negova pateticnost saka da e od paganjeto na rejtingot. Ako nekoj pateticno frustriran se sluzi so lagi i manipulacii kako tebe, ne e dostoen na kometar od zelenko.Da tochno vo utrinski ti poracav da ne me prozivas, zatoa sto dnevnik ne mi go objavi komentarot.Teraj si ja rabotata odrabotuvaj za desetka so kromit i ne me prozivaj vo nikoj od vesnicite.Pozdrav i neka ti se slatki da ne kazam sto. ps.Pred nekoe vreme ti predloziv da se otkrieme, da izlezeme od ilegala ti begas i ne sakas kako i tvojot ovcar sto bega od tv duel, a vamu se sluzite so lagi i manipulacii na bedniot ni Makedonski narod.
Cinik, 31.05.2012 14:02:01
Branko se samo braneshe i nishto ne zloupotrebi vo dnevnopolitichki igri i interesi, ponajmalku ve plukashe. Vie go toa pravite gospodine Gruevski, vie se vrativte vo 2005g. uzivajki vo svoite intrigi i plukanjeto vrz Crvenkovski, shto ne dolikuva na eden chovek, a kamo li na premier. Povrh se, povtorno ne pravite site budali i slepi so ona vashata - Branko e kriv! E ne e kriv, krivi ste vie i nikoj drug. Vie go podmetnavte pozarot. Ili mislevte deka i ponatamu ke vi cuti? Se izlazavte i liznavte/izdriblavte, pa ni megafonite povece ne mozat da ve spasat. Koga ke ja spoznaat vistinata, ke se sramat patriotite povece od vas, nego li od Ljubcho.
Stojko, 31.05.2012 21:39:59
Не може да се поистовети дриблање од страна на Груевски и Црвенковски. Вториот е лидер на најголема опозициска партија, а првиот е актуелниот премиер. Јасна е тактика на ДПМНЕ и неговите подлизурковци, како Среќко на пример, да ја префрлат одговорноста на Бранко. Класична замена на тези, омилена дисциплина на ДПМНЕ за замајување на народ.
Neopredelen, 01.06.2012 03:45:42
Se cudam kolku omraza ima megju narodov vo Makedonija. Jas sum neopredelen ama eve ke vi kazam deka nema nikogas poveke da glasam za SDSM duri Branko e uste aktiven tamu. Ne znam zosto ama se uste si ja drzi arogancijata i cinizmot. Ne moze da kaze oko ne mu trepnuva po koj znae koj pat zosto ne moze on da bide nad zakonot i ova e znak deka i dokolku dojdat na vlast vladeenjeto ke im bide isto. Inaku da treba nesto da se menja u drzavava treba ama dajte alternativa.
toni, 01.06.2012 12:41:45
koga narodot gladuva,treba da se driblaat inaku rabotite ke trgnat vo druga nasoka .se nadevam deka me razbravte.
tihi, 01.06.2012 15:59:19
Povozrasnite sigurno se sekjavaat na shestich od C.Svezda,koj koga kje se zaneseshe vo driblanjeto ja zaboravashe i topkata pozadi nego.Grcija go odbila predlogot ,shto tuka ne e jasno.Chumu driblanje bez topka.
Suncica, 01.06.2012 16:42:15
Moeto semejstvo napravi golema greska sto glasase za prerodbata na Gruevski 2006, 2008, 2009 i 2011. Seuste sme nevraboteni i postojano ne lazea za vrabotuvanje. Arogancija nevidena i licemerie. Na narednite izbori so tesko srce ke glasam za SDSM, belki nesto ke smenat vo drzavava.
Vineam Makedonski, 01.06.2012 17:29:01
Po ona sto go vidovme i cuvme vcera i deneska vo parlamentot se e jasno i komentari ne se potrebni se znae kade e arenata za razgovori no za promena na govornicata ispadnaa Tito Petkovski i Jani Makrudali sto kazaa tie a sto kaza premierot koje za promena na imeto vidovme i cuvme zatoa komentari ne se potrebni se e videno i cueno...so ke kazat malesevci dodumase.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |