Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.05.2012, 21:39

„Пелистер“ го почна походот од Охрид

Kоалицијата на ВМРО-НП, ЛДП, Достоинство и ОМ на првиот митинг почна да ги одбројува деновите на оваа власт

Веле Митаноски

Охрид - Лидерите на ВМРО-Народна партија, на Либерално-демократска партија, на Достоинство и потпретседателот на Обединети за Македонија, од скопската кафеана „Пелистер“ каде пред еден месец прв пат заеднички пиеја кафе, отидоа во Охрид од каде, како што велат ја почнуваат серијата митинзи.

Под мотото „За демократска Македонија“ завчеравечер во Охрид „четворната коалиција“, која тие ја дефинираат како Вистинска, а не како Трета опција, го почна својот политички поход. Идеолошките разлики не ги спречија првите луѓе на четирите вонпарламентарни партии заеднички да ја стартуваат битката за претстојните локални избори.

„Нас не' обединија неколку точки, а тоа се деблокада кон НАТО и ЕУ, излегување од економската апатија и борбата за демократија“ рече лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски според кој, коалицијата на почетокот била чудна појава, но веќе станала сила од која ќе зависи идната власт во државата.

„Имаме најниски плати во Европа и најголема невработеност. Се наоѓаме пред демократска катаклизма, но, на режимот тоа не му пречи. Во кампањата ’Купи куќа-купи стан‘ даде повеќе пари за рекламни спотови отколку што ја помогна акцијата. Во ’Осмели се‘ даде 4 пати повеќе за реклами, а дури 10 пати повеќе од средствата за студентите, како стипендии за странство. Кога јас бев премиер (освен кампањите на министерот за финансии Груевски), не дадовме ниту една марка за реклами, додека сега тој износ достигна 90 милиони евра“, обвини Георгиевски и ги повика граѓаните да излезат, како што рече, од хипнозата во која ги успиваат владините медиуми.

Андреј Жерновски од ЛДП рече дека засега не знае дали до изборите ќе останат само како „четворна коалиција“, или ќе се обединат пошироко. „Ние сме различни по идеологија, но сме сите исти кога е во прашање Македонија на која режимот и' подготвува иднина на восочни фигури. Истиот режим кој само во последните 6 месеци ја задолжи земјата за нова милијарда евра, додека сто милиони троши за реклами. Од овде започнува одбројувањето на деновите на власта на Груевски и фамилијата“, порача Жерновски.

Стојанче Ангелов од Достоинство, исто така најави поход за рушење на „ненародниот, расипнички и корумпиран режим на фамилијата“. „Во 2001 година ја бранев Македонија од наследниците на Балистите. Лани се борев со пиратите во Индискиот океан. Сега сме во нова битка со лажните патриоти кои од Македонија направија земја на политички затвореници, како братот Љубе. Вие го создадовте, ваша е должноста и да го симнете, заедно со нас“, му се обрати Ангелов на Љупчо Георгиевски.

На собирот говореше и потпретседателот на Обединети за Македонија, Марјан Огненовски, кој судбината на својот партиски лидер ја спореди со онаа на Јулија Тимошенко, а од претседателот Ѓорге Иванов побара да ги искористи ингеренциите и да го ослободи Љубе Бошкоски.


Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар



Тајната на „Астерфест“
Попоски
Волерс
Уште една рунда дриблање на јавноста
Има ли тортура во затворите
Молк за истрагата за Смилковци
Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
Сите чудни коалиции во македонската политика



makedonoid, 31.05.2012 00:37:50
dali i koga misli ljubco da gi izvesti sviote koalicioni partneri ja obezbedil li konecno podrskata od bugarija i bugarskata dijaspora vo makedonija za cetvornata koalicija ili povtorno se ke bide na prazni nadevanja i samozalazuvanje i na rakovodstvoto i na clenovite na cetvornata koalicija
pile, 31.05.2012 07:57:50
So sreka na cetirite politicki partii.Ne e samo Vasa zadaca simnuvanjeto od vlast na Gruevski i familijata, toa e zadaca na sekoj Makedonski gragjanin koj barem malku vodi smetka za idninata na sopstvenite deca.Sekoj prosecno informiran gragjanin na drzjavata treba da se zamisli na izvestajot na Stejt departmentot na SAD za 2011 godina, za vladeenjeto na pravoto i covekovite prava vo drzjavata.Sto znaci konstatacijata nevladeenje na pravoto ili izvrsnata vlast se mesala pri nosenje na sudski odluki.Kolku nekoj da im kazjuva i zamajuva deka toa se standardni kritiki,takvata ocenka ne se nosi od edinecen slucaj.Ocenkata ni ukazjuva deka sistemot vo R.Makedonija od Ustavno postaven na demokratski vrednosti kade vladeenjeto na pravoto e temelna vrednost preminuva vo stogo kontrolirana diktatura na Gruevski i familijata.SIROK OPOZICISKI FRONT za politicko dejstvuvanje e neophoden, a zaednickiot imenitel e OTPOR protiv REZJIMOT,site protiv DPMNE obedineti so Ekspertska Vlada.HRABRO
Istocna Makedonija, 31.05.2012 08:14:50
E banalen e veke krajniot ,,argumentza bugarofil stvoto na kontroverzniot Ljubco.Mnogu pratenici ministri(?),direktori,sovetnici i drugi resorci imaat dvojni drzavjanstva(na primer,srpsko,cesko, americko...)a se propagira samo bugarofobija, samo vo odnos na Georgievski.Duri napagaat i takvi,koi i samite imaat bugarski pasosi!I eve ja sustinata kazana od Stojance Angelov.Ako e sozdaden kapaciteten kadar i lider so dadeni najvisoki drzavni funkcii na 28-28 godini,togas Bravo,ako ne,togas se znae......!
Никола, 31.05.2012 14:28:34
napred Vojvodo !
do predavnicite, 31.05.2012 17:27:10
Ceska,Hrvatska,Slovenija go priznavaat nasiot identitet i zatoa ne e strasno nekoj da ima od takvi drzavi drzavjanstvo.No istocnata sosedna drzava ne go priznava nasiot identitet i koga dava drzavjanstvo bara i predcite da gi napises obezliceni.E zatoa e grev i predavnicko odnesuvajeto na Ljubco i sekoj sto ima tavo drzavjanstvo.
Star Komita, 31.05.2012 23:32:09
Samo napred Vojvodo - s tebe sme i te podrzavame. Dosta e gruevizacija na drzava - sto e dosta - dosta e. Dolu tiranijata na Grujo i familija. Dolu anticnite idioti i laze-patrioti - makedonski predavnici. Vreme e da se vrartime kon nasite koreni od pre 100 godini. Dosta so perenje mozoci i tezka propaganda. Svoboda na naroda!
Mudrec, 01.06.2012 12:50:35
Ova e sramenje na imeto na planinskata ubavica Pelister, a ilosh imidz za restoranot vo Skopje. Ova se kup gubitnici koi ne se nikakov faktor, samo laat.
Vesso, 01.06.2012 20:51:23
Pile bre.Na samitot na NATO vo Cikago nemase nikakvi primedbi.Posadi ovoj izvestaj stoi vsusnost poranesniot SAD ambasador.Navreden sto ne se otkazavme od imeto na tatkovinata i nacijata.Zarem ne si svesen za pritisokot sto ni se vrsi da se otkazeme od imeto na takovinata,nacijata i jazikot.A vie petata kolona spremni na se.A za Ljubco.Za da dobies bugarsko drzavjanstvo,moras da se pises bugarin po rod.E toa e razlikata.A Ljubco kako Branko i pridruznicite mu e grcki platenik vsusnost.Pa i Gligorov kaza za toa preku kogo mu se nudeni pari za promena na imeto.A i poveketo clenovi na SDSM i drugarite im ,nema da prifatat promena na imeto na drzavata,sto ke znaci i na narodot i nacijata i jazikot.A i Gruevski neka ne se osmeluva da dade na referendum takvo nesto.I toj ke bide predavnik kako i Branko,Ljubco i drugite od predavnicite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |