Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.05.2012, 21:38

Сите чудни коалиции во македонската политика

Домашната политичка сцена бележи повеќе случаи на сојузништва и на промени на партнери, кои од старт биле етикетирани како непринципиелни

Александра М. Митевска

Поранешните премиери Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски качени на иста бина на митинзите пред локалните избори 2013... Ако едно време ова изгледаше како невозможна мисија, спроти новите избори, четврти што ќе ги организира оваа гарнитура на власт, таква слика се чини мошне веројатна.

Најавите за соработка на СДСМ со ВМРО-НП, како и со ЛДП, ОМ, Достоинство, но и со партиите од албанскиот камп - ДПА и НДП, во прво време, можеби, звучеа изненадувачки, но нивната евентуална реализација сигурно нема да биде преседан во историјата на македонскиот плурализам. Во изминатите дваесетина години, домашната политичка сцена бележи повеќе случаи на коалиции и на промени на политичките партнери, кои од старт биле оценувани како непринципиелни, а потоа имале долг век на траење, меѓу другото, и поради тоа што идеолошките разлики меѓу партии од поодамна постојат само на хартија.

Во првата декада од плурализмот, Црвенковски и Георгиевски беа главни противници во политичкиот ринг. Георгиевски во 1998 го собори Црвенковски од премиерската функција, а во 2002 година следуваше реванш и враќање на СДСМ на власт. Големото ривалство почна да згаснува по заминувањето на Георгиевски од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ. Двајцата поранешни премиери сега имаат заеднички противник, а тоа е премиерот Никола Груевски.

Сегашниот премиер во 2008 година го навлече и револтот на некогашните традиционални партнери од ДПА, кога реши да ја земе ДУИ во Владата. Сегашната владејачка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, која опстојува веќе четврта година, всушност, беше едно од најголемите изненадувања во домашната политика. ВМРО-ДПМНЕ, во периодот 2002-2006, жестоко ги критикуваше социјалдемократите поради сојузништвото со партијата на Али Ахмети. Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Груевски, избегна коалиција со партијата што произлезе од ОНА. Владата што ја формираа тогаш Груевски и Мендух Тачи доби поддршка од левичарската НСДП на Тито Петковски, која произлезе од СДСМ. Тоа беше уште еден неочекуван политички пакт, кој, сепак, не траеше долго. Се распадна пред предвремените избори 2008 година, по што НСДП се врати во друштво на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја зеде ДУИ во Владата и тој политички брак досега ги преживува сите искушенија.

На уште подолги патеки егзистира коалицијата меѓу вмровците и социјалистите на Љубисав Иванов-Ѕинго, кој своевремено, во првата деценија од независноста, важеше за верен партнер на Црвенковски. Во тие времиња, на спротивната страна од Црвенковски беше ДПА, чиј функционер тогаш беше и Руфи Османи, сегашниот лидер на НДП и градоначалник на Гостивар. Конфронтацијата меѓу актуелните лидери на СДСМ и на ДПА доживеа кулминација во периодот 2006-2008, кога Тачи му беше партнер на Груевски во Владата, а Црвенковски беше претседател на државата.

Лидерот на социјалдемократите деновиве сигнализираше повторно дека е подготвен да седне на преговарачка маса и да се обиде да договори коалиција со лидерите на вонпарламентарните партии кои не се дел од здружениот опозициски фронт. Црвенковски со тоа треба да докаже дека неговата партија, како стожерна во опозицискиот блок, има поголем коалициски потенцијал од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чија коалиција „За подобра Македонија“ веќе неколку години функционира со дваесетина помали партнери. Црвенковски, истовремено, се обидува да воспостави врска и со парламентарните опозициски партии од албанскиот камп, НДП и ДПА.

На сигналите што им ги испрати Црвенковски од десничарскиот табор на Георгиевски одговорија дека за ВМРО-Народна партија од поодамна не е табу-тема коалиција со СДСМ. Постепено се топи и отпорот на либералдемократите повторно да му се придружат на таборот на социјалдемократите со кои соработуваа речиси една деценија. Нивното сојузништво пукна пред минатите локални и претседателски избори, во 2009 година, кога ЛДП реши да се испроба сама во изборниот ринг. Опозициските партии на Албанците, пак, засега тактизираат, делумно и поради тоа што се' уште постојат дилеми дали е создаден политички амбиент за етнички мешана предизборна коалиција.


Статијата е прочитана 2177 пати.

Испрати коментар



Тајната на „Астерфест“
Попоски
Волерс
Уште една рунда дриблање на јавноста
Има ли тортура во затворите
Молк за истрагата за Смилковци
Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
„Пелистер“ го почна походот од Охрид



Робин О Нил, 31.05.2012 02:22:09
По 20 години, период во кој името Република Македонија не предизвика меѓународни или домашни проблеми со Грција или со други земји, зошто да не се бара резолуција и потврда од ОН за користењето на името. Ова го истакна вчера амбасадорот Робин О Нил, првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, во интервју за МТВ.
Slave, 31.05.2012 08:10:08
Sluzbata e Taa koja gi proektira koaliciite a samo interesot e vecen !
Miki, 31.05.2012 08:11:52
Vaka da se razbereme, ednas za sekogas: Gruevski(DPMNE) i Ahmeti(UCK) e PRINCIPIELNA koalicija! Crvenkovski(SDSM) i Georgievski(VMRO-NP) e NEPRINCIPIELNA koalicija! Koj misli sprotivno e predavnik i Sorosoid!
Istocna Makedonija, 31.05.2012 08:19:24
Vo borbata za slatka vlast,nema cudni koalicii,ima ne-dobitni!Nekade procitano,i kuceto i maceto se zdruzuvaat na minus 25!Duri i se pregrnati.
ФЕЛИКС, 31.05.2012 10:15:51
Има еден куп паралели со коалиции од пусти итерес а не од автентично политичко етаблирање.Па така имаме она ,,држтеги бугарофилите од власта,, а се прави коалиција со докажан благонадежник. Поврзувачко им е омразата кон власта.Па имаме ,,ни змија ни магаре,, но одкако беа срамно изборно катапултирани по соло настапот ЛДП се враќа кон шлеп постоење како политички неважен чинител.Имаме лавирања од лево кон десно и обратно на ЛП кој секогаш во предходниото коалицирање му се истураат на дотогашниот партнер.СП е приказна за себе,секогаш со власта користејќиго тв медиумот како алатка за одработка.На сето ова се лепат опозиционите подржувачи кој во зависност на овие посочените ги третираат или како супер јунаци или она ,,уа работат за власта,предавници низаедни,,.Од овие причини се залагам за пост изборни коалиции со закон регулирано.Да не се однесуваат како инсекти ( дане ги навредам пчелите)кој трчаат таму каде што се цеди мед на било која в��аст,нека соло изборно се тркаат па после понуда.
Kamaleon, 31.05.2012 13:32:23
Samo Dzingo i Amdi se neprikosnoveni. Bez niv nitu edna vlada ne e bila i nema da bide. Za razlika od Amdi, Latas trubi li ta trubi, prodavajki nevideno poshtenje. Nazalost, ima takvi koi mu veruvaat.
do Aleksandra, 31.05.2012 17:35:03
Ovaa koalicija vo najava megju Branko i Ljubco e povekje neprincipielna od drugite.Branko bese protiv bugarofilite,a sega saka koalicija so takov.Ljubco e odrodnik,a Branko ja velici NOB.Zatoa taa koalicija vo najava ne e samo neprincipielna,tuku i perverzna.Bez cenzura.
SKOPIANEC, 01.06.2012 22:04:33
jas mislam mnogu podobro ke bide ovie nasi politiqari sto se sega na vlast i site politiqari od site parti da gi kaqime vo eden avion i da gi nosime za mars,vo makedonija ima mnogu mladi pametni luge,siguren sum deka mnogu podobro ke bese nasata drzava da go zimat nova generacija.ovie sega sto se site se hajduci lazlivci sto ja unistija makedonija.pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |