Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.05.2012, 22:11

Попоски: Остануваме посветени на патот кон НАТО и ЕУ

„Македонија останува посветена на нејзините стратешки цели и интереси: влез во НАТО и ЕУ. Ќе продолжиме да дејствуваме како земја членка на Алијансата, а нашите очекувања се исти како пред, за време и по Самитот на НАТО во Чикаго“, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски по работниот појадок со странските дипломати во Македонија.

Според него, Македонија немаше очекувања од Самитот, бидејќи тој не беше за проширување, но значајно е да дејствуваме како земја членка на Алијансата и да се продолжи со однесувањето на земја која е фокусирана на остварувањето на своите права и на своите стратешки цели.

Шефот на македонската дипломатија смета дека засега нема сериозни сигнали од грчка страна за поддршка на процесот на интеграција на земјите во регионот, како и за решавање на спорот со името. Македонија, пак, останува посветена на неговото решавање.

„Доколку се види динамиката на средби и иницијативи од наша страна нема никаква дилема. Тоа е нешто што го правиме и што ќе продолжиме да го правиме. Тоа што недостасува е одговор од другата страна“, рече Попоски.

Околу обелоденувањето делови од предлогот на посредникот Метју Нимиц во 2005 година, министерот вели дека тоа има две димензии.

„Првата е институционална. Секој оној што прекршува закон треба да одговара според законите. Втората е политичката. Во тој контекст мислам дека ние како Република Македонија имаме интерес за максимална кохезија и максимален фокус на она што е наша стратешка цел. Во Македонија граѓаните очекуваат дека треба да се фокусираме на постигнување на нашите цели - НАТО и ЕУ членството“, изјави министерот за надворешни работи и додаде дека не треба да се минимизира и потценува значењето на правниот аспект на пресудата од Хаг во врска со овој спор. (П.Р.)


Статијата е прочитана 222 пати.

Испрати коментар



Тајната на „Астерфест“
Волерс
Уште една рунда дриблање на јавноста
Има ли тортура во затворите
Молк за истрагата за Смилковци
Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
„Пелистер“ го почна походот од Охрид
Сите чудни коалиции во македонската политика

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |