30.03.2012, 17:48 Априлијада „Скопје се смее“
Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“ в недела, на плоштадот „Македонија“ ќе ја организираат традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“. Забавата ќе биде поделена во два дела, дневен и вечерен. Детската журка ќе почне во 11 часот и на неа ќе учествуваат деца од сите градинки и училишта од Скопје. Ќе има детски маски, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, настапи на членовите на „Суперѕвезда“ и на танцови групи од основните училишта. Водител на забавата ќе биде Марија Петровска.
Вечерниот дел ќе почне во 21 часот, за добра забава ќе се погрижат Маја Гроздановска-Панчева, Александар Митевски, Зоран Џорлев, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, групите „Ноис мејкерс“ и „Бета хаус“, а за крај е диџеј Бабура. (С.Р.)
|