30.03.2012, 17:49 Санирање на уличните дупки
Екипи на Градот деновиве потрошија 150 тони топла асфалтна маса за санирање на оштетените коловози и прекопаните улици. Со акцијата на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ се пополнети дупките на булеварите „АСНОМ“, „Водњан��ка“ и „Видое Смилевски-Бато“, улиците „Перо Наков“, „Волковска“, „Салвадор Алјенде“, „11 Октомври“, „Февруарски поход“, „Трета македонска бригада“, како и на патот кон Матка.
Од Градот соопштуваат дека акцијата ќе продолжи и во наредниве денови, според потребите. (Б.Ш.) |