Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Скопје
30.03.2012, 17:48

Пропадна тендерот за Луна-парк

Иако три фирми подигнале тендерска документација, сепак, ниту една не доставила понуда

Пропадна тендерот за избор на концесионер на Луна-паркот. Долгонајавуваниот проект за изградба, управување и одржување на забавниот парк остана без инвеститор и покрај тоа што рокот за избор на најповолен понудувач беше пролонгиран неколку пати, а градските власти тврдеа дека продолжувањето е по барање на компаниите за да ги докомплетираат документите.

Од Градот велат дека три фирми подигнале тендерска документација, но до вчера, кога официјално заврши тендерот и требаше да бидат отворени понудите, немало доставено ниту една. Со ова, паднаа во вода најавите дека по изборот на најповолниот инвеститор веќе во август ќе се потпише договорот. Надлежните се надеваа дека со оглед тоа што периодот за изработка на најсложените апарати е шест месеци, кон крајот на годинава требаше да започне и нивното монтирање.

Инаку, уште претходно студијата за овој проект покажа дека Луна-паркот се движи на граница на профитабилност, имајќи предвид дека инвестицијата е прилично скапа, а забавните содржини ќе можат да се искусат само неколку месеци во годината. Според студијата што ја изработи шпанската фирма ИДОМ, изградбата на Луна-паркот треба да чини околу 10 милиони евра. За неговата изведба најпрво беа предвидени 25 илјади квадратни метри, но со проширувањето кон езерцето во паркот површината се зголеми на околу 40 илјади квадрати метри. (Б.Ш.)






Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар



Санирање на уличните дупки
Априлијада „Скопје се смее“
Подземната улица покрај кејот ќе се гради според шпански проект



jimmy1, 31.03.2012 08:01:23
Nisto cudno. Kolku tenderi se dosega propadnati a i ovaj nema da bide posleden. Tenderite propagaat bideki uslovite sto gi davaat nasite se premnogu. Ne samo da se izgradi nestoto tuku nasive od nestoto sakaat i da profitiraat. Istoto bese so tenderot za podzemnata ulica vo Aerodrom. Jas da bev nemase da go zemam toj tender, ke se prasate zosto. Na primer, jas da go otkupam toa mesto, da go gradam so moj pari a na krajot toa da bide sopstvenost na opstinata. Ovie sakaat mesen obesen, za da bide nivno neka gradat samite a ne drug da im gi gradi. Vo zapadnite drzavi se izdavaat tenderi ali so povolni uslovi a ne kako kaj nas. Vo zapadot nema nitu edna plaza pod tender, a kaj nas celiot ezerski breg e rasprodaden, pa duri i MPC ke postavo golotinje pod samiot manastir vo Sveti Naum. Ako ima monasi vo manastirot veruvajte deka ke se tepaat koi da bidat monasi vo Sv. Naum.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |