Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
10.09.2012, 16:58

Македонија може да остане без тутун

В среда ќе бидат објавени препораките кои ќе бидат погубни за тутунопроизводството во Македонија

Соња Маџовска


В среда се очекува да бидат објавени препораките на Светската здравствена организација, кои ќе бидат погубни за тутунопроизводството во Македонија.

Препораките ќе значат ограничување на финансиската и техничката поддршка за одгледување ориентален тутун, со нив се диктира дури и временски период кога може, а кога да не се сади тутун, а ќе се ограничат и површините каде што може да се одгледува.

Здружението на производители на тутунари при Стопанската комора на Македонија овие препораки за одгледување тутун, кои произлегуваат од Рамковната конвенција за контрола, ги оценуваат како контроверзни, алармираат дека со нив целосно ќе биде уништено производството на тутун во земјава, а над 150.000 луѓе ќе останат на улица.

Претседателот на здружението на тутунари, Кирил Филиповски, вели дека за ориенталниот тутун во земјава нема друга алтернатива.

„Македонија е земја со голем број производители на ориентален тутун. Нашите климатски услови се најидеални за одгледување ваков вид на тутун и не може да се изврши замена со некоја друга култура која ќе даде финансиски ефекти како што дава тутунот. Со секоја друга култура производителот ќе биде во загуба“, истакна вчера Филиповски.

Тој смета дека препораките се контрадикторни затоа што, од една страна, се препорачува намалување на производството на тутун и укинување на поддршката од владите за одгледувачите на тутун, а од друга страна, Спогодбата ја нагласува важноста од помагање на одгледувачите на тутун кои би биле засегнати од намалувањето на побарувачката на тутун.

Македонија ја потпишала Рамковната конвенција за контрола на тутунот на 30 јуни 2006 година и со тоа се обврзала да ги применува сите одлуки од неа. Досега 176 држави ја имаат потпишано оваа Конвенција.

Препораките ќе бидат објавени на 12 септември, но официјално ќе бидат усвоени на конференцијата за контрола на тутунот што ќе се одржи во ноември во Сеул, во организација на Светската здравствена организација, а со цел да се намали производството на ориентален тутун.

Претставници од земјава ќе присуствуваат на состанокот и ќе гласаат против донесувањето на овие препораки. А доколку и покрај противењето сепак препораките бидат усвоени, одредени земји веќе најавиле дека нема да ги почитуваат. Пакистан е една од нив.

Дали и Македонија нема да ја почитува одлуката, тутунарите и Министерството за земјоделство засега не откриваат. Тие се надеваат дека овие препораки, сепак, нема да бидат изгласани. Во спротивно земјава може да продолжи со производство на ориентален тутун, и да не ги почитува препораките, но излегува дека ќе нема кому да го продава тутунот.

Во земјава се одгледува ориентален тутун на површина од 19.000 хектари, а се произведуваат од 21 до 25 милиони килограми тутун годишно. Во 2011 година биле склучени 33.234 договори за производство на тутун, односно речиси 33.000 семејства, а во тутунското стопанство во постојан работен однос се околу 3.000 луѓе и 2.000 луѓе сезонски вработени. Тутунопроизводството е една од најприходните гранки. Се извезува суров тутун во вредност од 120 милиони долари, а 35 милиони долари е приливот од цигари. Извозот на тутун и преработки од тутун учествуваат од 22 до 29 проценти во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор, а во вкупниот извоз на земјава од 4 до 5 отсто. Приближно 30 отсто од државниот буџет се полни од работењето на тутунските компании присутни во државава, што значи дека тоа директно ќе влијае врз економијата, велат тутунарите. „Моментално не постои друга земјоделска култура што донесува приближен приход по хектар како тутунот, а исто така не постои никаква друга алтернатива за вработување на ова население во други индустриски капацитети“.

Инаку, на светско ниво, на производството на ориентален тутун отпаѓаат 3-4 отсто. Освен во земјава, овој вид на тутун се одгледува и во Бугарија, Србија, Грција, Турција. Претставници на тутунопроизводителите од овие земји

в петок во Скопје ќе расправаат за тоа што ќе преземат за да спречат донесување на препораките со кои фактички ќе се уништи производството на тутун на Балканот.


Статијата е прочитана 3151 пати.

Испрати коментар



Не се знае колку болни умираат од болнички инфекции
Намалени цени и повеќе пари за лекови



jovan, 11.09.2012 00:46:10
Makedonija uste vo vremeto na Kralska Yugoslavia(ili togas juzna/vardarska banovina) , go polnela 40% budzetot na Kralskata kasa, pred se od izvozot na afion i tutun. Afionot ni go *zabranija* vo sedumdesetite, a eve na povidok e i tutunot da go zabranat. Toa ke znaci strasen udar za Makedonija. Vakva kakva sto e, ke stane totalno bezvredna. Mora da se najdat novi dohodovni zemjodelski kulturi.
Ристе, 11.09.2012 08:50:02
Тутонопрозиводителите требаше да мислат тоагш кога дадоја согласност да се потпише оваа конвенција, а не слепо да гласаат.
ruzdija, 11.09.2012 09:22:28
ova ako se slci znaci ke oma sopcialni nemiri poradi sto 200,000-n loge zivet od tutun bideki vo pelagonja nema druga kultura koja ke uspeee
sto ke ti e tutun, 11.09.2012 10:38:26
Нема ништо контоверзно во поддршката за поранешните производители на тутун. Вообичаено е при секое преструктуирање, а за кое треба неколку години, да се направи стратегија и помош за воведување нови видови производство.
od ostrijot, 11.09.2012 12:19:13
luge se poleka ne e taka crno kako e napisano kaj nas tutun kese proizveduva i posle 100 godini toa se partijski -vladini namestulki.
shto e EU, 11.09.2012 14:15:26
Neka vidat zenjodelcite sega, shto znachi Evropska Unija, kakov grb e taa. Da bevme chlenki na EU, celata shteta kje im beshe PLATENA od EU fondovite i kje im bea dadeni pari za novi zasadi

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |