15.09.2012, 11:25 Разузнавач почина од истрел на работното место
Припадник на Агенцијата за разузнавање вчера околу 15 часот е пронајден мртов во својата канцеларија. Станува збор за Јонче Груевски кој се здобил со огнострелна рана во пределот на срцето.
Повредениот итно бил префрлен во Градската болница, каде што била констатирана смрт како последица на сериозноста на повредите.
Според информации од МВР, на местото каде е пронајденото безживотното тело на Груевски веднаш излегле увидна екипа од МВР, истражен судија и јавен обвинител и телото е предадено на обдукција. Се уште не е познато дали се работи за убиство или самоубиство. Повеќе детали се очекуваат дене��ка.
Во соопштението од Агенцијата за разузнавање се вели дека Груевски од јули 2012 година се вработил како оперативен разузнавач. Претходно долги години бил вработен во МВР. Во 2001 година како дел од специјалната единица „Тигри“ учествувал во конфликтот, а работел и во одделот за недозволена трговија со дрога и оружје.
|