Хороскоп
ОВЕН
Можеби нема да верувате, но жива вистина е дека квалитетот на вашата врска во голема мера зависи од компромисите, простувањето и приспособувањето. И тоа не важи само за вашиот партнер, туку и за вас. Иако ви паѓа тешко, барем обидете се.
БИК
Ве мачат љубовни проблеми, па дури размислувате и да побарате стручна помош. Тоа е толку нетипично за вас, но штом сте решиле - сторете го. Сепак, без оглед на тоа што ви кажале, немојте да го сфаќате смртно сериозно. Вие сте си ковач на сопствената среќа.
БЛИЗНАЦИ
Доколку слушнете некој трач за партнерот, пред да поверувате, проверете дали е вистина. Играјте со отворени карти и кажете што мислите. Разговарајте за партнерот за се' што ви лежи на срце. Така ќе видите дали ја бидува или не ја бидува работата.
РАК
Ќе се однесувате сосема недоверливо спрема најблиските луѓе, а причината е непозната. Во ред е да не верувате некому, но немојте да се однесувате параноично и да го регистрирате секој збор на вашата подобра половина. Таа би можела да ви се налути.
ЛАВ
Додека сите нормални луѓе се одмораат за време на викендот, вие работите како да не сте виделе работа! Преместувате, местите, редите, варосувате, го претуривте целиот стан наопаку! Не преморувајте се, туку побарајте помош. Не можете се' сами да направите.
ДЕВИЦА
Девиците-родители викендов би требало да се посветат малку повеќе на своите деца. Излезете во парк, забавувајте се и шетајте. Искористете го времето за малку да поразговарате со нив. Можеби ќе се изненадите како децата пораснале преку ноќ...
ТЕРЕЗИЈА
Доаѓа есен и вие веќе размислувате за некаква спортска активност која ќе ве одржи витални во текот на целата зима. Супер, но немојте да остане се' на размислување. Веднаш преземете акција и тргнете во потрага по некоја вежбалница или друго место за вежбање.
СКОРПИЈА
Поволното влијание на планетите викендов ќе биде виновно за добрата забава. Но, немојте да мислите дека тоа значи веднаш да седнете во автомобилот и да отпатувате некаде. Најпрво завршете го она што морате да го завршите, а потоа забавувајте се.
СТРЕЛЕЦ
Зошто сте толку драматични? Ајде не претерувајте, изедете малку чоколадо или нешто слатко. Веднаш ќе ви стане подобро, а што е најдобро ќе се ослободите од глупавото чувство на самосожалување. Време е за промени, а не за самосожалување.
ЈАРЕЦ
Оние Јарци кои се во долга и исцрпувачка емотивна врска, денеска би можеле најпосле да ја завршат. Искористете ја можноста и ставете крај зашто таа врска навистина не ви треба. Ќе забележите дека потоа животот ќе ви се промени.
ВОДОЛИЈА
Со оглед на тоа дека ѕвездите се на ваша страна, викендов би можел да биде преполн со друштвени случувања. Каде и да се појавите ќе предизвикувате внимание, ќе бидете крал/ица на шармот и комуникативноста. Искористете ја предноста што ја уживате.
РИБИ
Крајно време е објективно да ја согледате својата емотивна ситуација. Бидете реални и видете што најмногу ви пречи. Верувајте дека доколку го направите тоа, ќе побегнете од партнерот со кој сте моментално во врска и што е најинтересно нема да се вратите. Никогаш.
|