Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Економија
02.03.2012, 16:26

Дури 95 отсто Македонци работат само за храна и за сметки

Само 5 отсто можат да се пофалат дека со нивните приходи ги задоволат основните потреби, но и желбите

На деведесет и пет отсто вработени Македонци платата им ги покрива само трошоците за храна и за сметки. За ништо друго не им останува. А, само 5 отсто можат да се пофалат дека со нивните приходи ги задоволуваат и основните потреби, но и желбите. Главниот проблем во земјава е што постојаниот раст на трошоците за живот ниту оддалеку не соодветствува со растот на платите.

Професорот Драган Тевдовски смета дека понекогаш и не треба статистиката да ни каже дека трошоците постојано растат. „Сами чувствуваме колку се зголемија во изминативе два месеца сметките за струја, парно, цените на горивата...“ Тој смета дека висината на минималната плата би требало да се усогласи со трошоците на живот како што е тоа случај во повеќе европски држави.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, на едно семејство му се потребни 31.915 денари за да може да преживее и да ги задоволи потребите за храна и за комуналии. Ако се потребни над 500 евра за основните месечни животни потреби, тогаш што да прават оние кои треба, или сега почнаа да ја земаат минималната плата од 8.050 денари, прашаа учесниците на вчерашната трибина „Минимална плата и пристојна работа во Македонија“. Нивниот заклучок е дека утврдувањето на минималецот во државата беше неопходно, но дека има одредени слабости во начинот на кој е конципиран.

Од ССМ, кои беа иницијатори за утврдување на минимална плата, сметаат дека е направен првиот чекор со што очекува подобрување на положбата на една четвртина од вработените.

„Сигурно можело и подобро, меѓутоа ако знаеме дека 14,4 проценти од вработените, односно околу 92 илјади лица примаат плата до 8.000 денари, тогаш може да се каже дека донесувањето на Законот за минимална плата е позитивно“, истакна Лилјана Јанкуловска од ССМ.

Работодавците, пак, посочуваат дека нема проблем во исплатата на минималецот, но оти има одредени нејаснотии во имплементацијата на З��конот, кои треба да се решат со колективните договори.

Ваквото законско решение, според Маријанчо Николов, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет, не е добро и би требало Законот да важи за сите дејности со тоа што државата од буџетот би ги субвенционирала трошоците што дополнително би се појавиле кај работодавците.

Законот за минимална плата почна да функционира во јануари годинава. Според договорот меѓу социјалните партнери, нејзината висина е 8.050 денари нето или 12.265 денари во бруто, со тоа што на земјоделството, градежништвото, кожарската и текстилната индустрија им е даден грејс- период од три години за приспособување на старите кон новите износи на плати. (С.М.)


Статијата е прочитана 1670 пати.

Испрати коментар



СДСМ го дополни списокот економски мерки
Акционерите тријат раце - колкави ќе бидат дивидендите
Лани 58 отсто од работодавците поделиле повисоки плати



jovan, 03.03.2012 00:23:11
Konecno nekoj da izleze so konkretni brojki, kolku mu se potrebni na edno semejstvo za PREZIVUVANJE. 500evra e minimumot. Se ispod toa e umiranje na rati. Tek so nad 1000evra primanja moze da se kaze deka ima i za ostvaruvanje zelbi, luksuzi.... Od 500 pa do 1000 evra e minimum pa do nekoja pristojna sredina. Ni so 1000 evra primanja nemoze da se razmisluva za nekoja pogolema investicija kako, renoviranje, nov avtomobil.... Ako veke imas stan, avtomobil, so 1000evra ke zivees pristojno/solidno. Ako nemas, i iljadarka ne te spasuva. Standardot e katastrofa. Vo Tursko vakva bedotija nemalo. Togas edna familija prehranuvala i po 10-12 deca. Denes ni 2 nemozat. Ziveeme se uste od ona sto sme nasledile. Vaka ne ke moze uste dolgo.
Vistinski sampioni, 03.03.2012 09:19:48
Znaci onaj londonski Ekonomist ne lazel koga ne promovira za sampioni vo siromastija i mizerija. o Patriotive togas se bunea i kazuvaa deka kriteriumite po koi se vresela procenkata bile nesootvetni i ne ja davale pravata slika. Cudno sto Grujo ne im isprati kontrola od UJP na Ekonomist, pa drug pat da ne im teknuva da pisuvaat takvi raboti.
kizo, 03.03.2012 10:16:56
Pose tolku napunpani reklami,nasmeani lica i perfekteno izvedeni govori i sto ti uste ne,zaklucivme deka ovo sega pottsetuva na robovladetelsko opstestvo a ne na demokratia na koja tolku ne zagovara i ne ucea.E sega sto vika popot ,,KASNO CEDO BOZIJE,, neka ni e na zdravje.
ivana, 03.03.2012 10:46:44
ovoa e katastrofa do koga vaka ke ode neznam samo danoci ddv i smetki neka dojde nekoj gradonacalnik ili nekoj minister 2meserci neka zivejat so takva plata pa ke videme posle katastrofa
аауубуу, 03.03.2012 12:08:05
Плачи Јоване, аа-ууу-бууу ... најлошо ни е ... турско, мурско... Па не ли гледаш низ светот зашто демонстрираат илјадници лугје, 1% го има капиталот на 99% !! А ти седи си и плачи си дома на топло, аа-ууу-бууу...
Ima i poloso od toa, 03.03.2012 16:36:22
A nevrabotenite koi ne mozat da zarabotat ni za hrana i smetki, kade se tie? I sto ke bide koga ke ostarat bez penzija? Nekoj veli mrzlivi bile, da rabotat pa ke imaat, a kade toa ima 100.000 prazni rabotni mesta?
ОНУФРИЈЕ, 03.03.2012 21:28:25
Ако оваие податоци се познати во ЕУ и пак од нас бараат да бидеме членови на НАТО и од Грција бараат признавање на името на еднатаква држава , па тие , демек не се нормални и сомнителна е таа нивна навалантност . Па Македонија е готова, пред банкрот, , ако од 100 луѓе 95 живеета да би живееле тогаш каква и е перспертивата на таквата држава. Важное емаме неѕависна слободна држава која е ослободена од стегите не Југославија , а турната во беѕдната на пропаќањето
Skopjanec, 04.03.2012 00:14:32
pozdrav do aaaauuubuuu hahahahhaha kakov car si ti covece hahahahahaha !!!
Od Velimir S. Toronto, 04.03.2012 07:17:15
Makedonskite gragjani trpat strasna mizerija i mnogu nizok standard. Pri mojata neodamnesna poseta jas vidov zaprepastuvacki ceni. osven onie od zeleniot pazar. Neznam poveke. Mnogu mi e zal.
vere, 04.03.2012 07:59:53
smetki...? Pa naravno! Za kompjuterot, za novata televizija, za ona i ova, da ne recaat komsiite, deka nemame..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Вторник
Ведро
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |