28.07.2010, 18:15 Иванов помилува 59 лица
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 2 Август - националниот празник на Република Македонија, даде помилување за 59 осудени лица, од кои 17 осудени лица потполно, а 42 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор, соопштија од Кабинетот на претседателот на државата.
|