Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
28.07.2010, 18:22

Брисел немоќен пред Груевски

Каде Филе го виде моментумот во реформите, не е јасно по заклучоците донесени од Брисел

Слободанка Јовановска

Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, не сакаше јасно да одговори во Брисел има или нема реформи во Македонија, а таа слабост ја прочитаа премиерот и министрите во Владата, давајќи вчера изјави колку се охрабрени од успесите што ги постигнуваат и признанијата што за тоа ги добиваат официјално од Унијата. „Добивме висока и позитивна оцена за реформскиот процес“, тврдеше шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, а премиерот беше уште попрецизен:

„Македонија завчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, така што ние сме охрабрени и ова го гледаме како валоризација на нашиот труд и на сите што беа вклучени во реформите. Ме радува оцената и таа на некој начин е негација на она што цело време го тврдеше опозицијата“, триумфираше вчера премиерот.

Вистината е дека реформите одеа и се' уште одат назад, освен ако не се сметаат за реформи примањата во постојан работен однос на партиските членови во администрацијата, бркањето судии од работа, апсењето граѓани под фабрикувани обвинувања, постојаните кавги и најниското ниво на политичка комуникација во парламентот и вчерашните бркања на осуммина новинари што биле на список на неподобни за Владата. Каде виде моментум Филе и кои се тие реформи што ние никако да ги видиме во Македонија?

Она што се случи, всушност, на Советот за стабилизација и асоцијација беше демонстрација на немоќта на Брисел пред премиерот Никола Груевски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Иако во заклучоците беа наведени сите негативни случувања на кои ни забележуваат во Комисијата веќе подолг период, во изјавите доминираше мека реторика и претпазливост, веројатно за да не се затвори вратата на комуникација со Македонија. Во Брисел одамна владее уверувањето дека Груевски едвај чека да го критикуваат за да има изговор да не ги спроведе реформите, како што веруваат дека го користи спорот за името додека дава уверувања оти бара решение.

Во заклучоците што беа објавени по состанокот, всушност, позитивни работи немаше, освен ако не се сметаат набројувањата на некои закони кои се донесени, но прашање е колку и како се спроведуваат. Во нив се „забележува“ создавањето на анкетната комисија за инцидентот во парламентот, па по логиката на премиерот тоа треба да е голем успех во политичкиот дијалог, што откако предизвикаа скандал, партиите се согласиле дека треба да го истражат дополнително.

„Најдобар начин да се подобри климата во земјата е да се имплементира Законот за Собранието и да се одобри Деловникот“, се наведува во документот, во кој дополнително е вметната и забелешката дека на претставниците на ЕУ им било речено од страна на нашите министри дека се решени да го одржат моментумот на реформите во земјата и оти тоа им била суштинска цел.

Притоа, три клучни збора се провлекуваат зад секоја сериозна критика, кои имаат таква тежина што политичкиот дијалог како политички критериум го прават детска играчка, бидејќи ставаат голем прашалник на демократијата во државата. Тоа се независност, транспарентност и непристрасност, кои врзани со состојбите во судството, борбата против корупцијата и јавната администрација во Македонија станаа зависност, нетранспарентност и пристрасност. „Советот ги забележа континуираните напори за судски реформи, вклучувајќи ги предвидените законски измени, кои натаму ќе ја зајакнат неговата автономија, независност, ефективност и професионализам.

Во овој поглед ЕУ посочува дека од голема важност е да се осигури независност и непристрасност на судиите и јавните обвинители“, се наведува во ублажената верзија на документот. „Во однос на корупцијата се потребни политичка непристрасност и имплементирање на законските одредби за финансирање на политичките партии, како и проверка на декларациите за имот и можниот конфликт на интереси“, стои натаму. Брисел повторно побара професионална, транспарентна и независна јавна администрација, а одговорноста за лошиот политички дијалог ја подели на власта и на опозицијата.

Инаку, според оцената на Филе, по добивањето позитивен извештај во 2009 година Македонија малку забавила со реформите, но сега повторно се чувствувало враќање на темпото и нов моментум, па Европската комисија нема да ја смени препораката за преговори од минатата година. Сепак, на прашањето кога Македонија може да добие датум за преговори, одговорот беше дека ЕУ не е зависник од календари, туку од стандарди и исполнети услови, па одлуката ќе дојде кога ќе се испорачаат резултати. Од каде им е, пак, оптимизмот дека спорот за името ќе се реши, беше прашање на кое белгискиот шеф на дипломатијата имаше оригинално објаснување.

Според него, затоа што тоа е рационално и го чекаат сите. Тоа е како зрело јаболко, кое еден ден мора да падне, додаде тој. Охрабрен од ваквите описи и министерот Милошоски извади бисер, според кој, географијата, а не нашата политика ни е виновна што се' уште немаме преговори како Исланд, бидејќи немаме добар сосед. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 5989 пати.

Испрати коментар



Владата ја мери силата со автобуси
Да престанат преговорите со Грција
СДСМ
Името не е замена за влез во НАТО
Иванов помилува 59 лица
КФОР и' предаде клучеви од три објекти на АРМ
Бендевска рекордер во зборување
Парното поскапо за 10 отсто, во „Скопје Север“ дури за 40 отсто



Realen, 29.07.2010 00:13:01
Sramotiluci. Gwujo odi si
Сергеј, 29.07.2010 00:19:29
Кутриот Милошоски, не знае дека Исланд е остров и според тоа и нема соседни земји во вистинска смисла. Како тоа да некој кој имал единица по географија да биде сега шеф на дипломатијата?! ( http://otpor.log.ph/ )
jovica, 29.07.2010 00:23:52
Па зошто да чекаме Брисел да не оценува, кога еве вашата новинарка ја знае и пишува вистината, па нека даваат весниците оценки, или едноставно не ви одговара затоа што испадна дека целава машинерија за џабе се мачела
observer, 29.07.2010 00:34:28
Хахаха , Утрински , циркус сте прав...Па зарем не се срамите од Вашата јака желба да се добие што по негативен извештај...сега кога извештајот не е толку негативен...крокодилски солзи...оф море мајко....
Trpe od Gradcko, 29.07.2010 00:37:31
Ocigledno deka nema napredok koga od EU ne kazuvaat a do kade ova sostojba na stagnacija ne se znae pa i Gruievski ke potsetam vo Jadi burek kaza deka ne moze da ostapi od preogovorite za imeto iako sega ja ima celata vlast i ako saka da ostapi od ovie pregovori so Grcija moze vo sekoj moment...a za reformite dovolno e da se kaze kakvo ni e sudstvoto koe so najvise zabeleski za partiziranost i nemanje uspesi za nezavisnost odnosno graganite ne veruvaat vo sudstvoto a toa ne e dobro osven na VMRO-DPMNE
Komesar, 29.07.2010 00:39:55
Smetam deka voopsto ne se raboti za toa deka Brisel e matiran i nema resenie za Gruevski. Pozadi kontinuiranata podrska i benevolentniot odnos kon ovaa vlada od zapadnite sili stoi geostrateska opredelba po oskata istok zapad, definirana uste od kosovskata vojna. Od tuka jalovite nadezi na nevladiniot sektor i na demokratskata javnost deka vo nedostatok na interen kapacitet, EU i NATO ke ja igraat ulogata na korektiv.
Миле -Охрид, 29.07.2010 00:48:03
Вистината е дека Македонија ги исполни сите потребни критериуми . Вистина е дека се соочуваме со отворена блокада и уцена. Вистина е дека треба уште многу да поправиме во процесот на достигнување на стандардите на ЕУ. Имаме слабости кои не се различни од слабостите што ги имаат некои членки на ЕУ. Но најголема вистина е дека подршката и охраврувањето за ниските шовинистички страсти на Грција доаѓа од Македонија од медиуми како вашиот. Вие сте најголемите кочничари на процесот на притискање на владата да работи поинтензивно на реформите. Како стршлени сте се настрвиле на Македонците во промоцијата на грчките шовинистички барања за промена на нашето име како сеопфатно решение за сите проблеми во државава. Додека не ја осудите непринципиелната блокада од ЕУ и грчкиот шовинизам немате морално право да критикувате.
??, 29.07.2010 01:15:59
Ви благодарам што наместо дипломатите од Брисел, Вие ми објаснивте што всушност тие сакале/требале да ми кажат. Што би правел јас без Вас! Само, не ми е јасно зошто тие прво Вам не Ви се обратија за совет, за да така не Ве ставаат на мака. хаха!
Vangel, 29.07.2010 01:18:01
Ovoj naslov e za rubrikata VERUVALE ILI NE, uste poubavo za " vrven dostrel " na makedonskoto novinarstvo, bez konkurencija za najdobar do 2110 godina. Pa dali e normalno ova, uste milion pati ce se prasuvam, a veruvam i site normalni ludje so isklucok na opozicijata.
mitko so izmena na formulacija, 29.07.2010 01:56:48
Ne e Brisel nemoken pred Grujota, tuku pred nego nemokna e opozicijata.
Tulko Drdeski,Tetovo, 29.07.2010 02:28:47
Evropa,kako Evropa,ligava za site vreminja i dokolku rabotite zavisea od neja Balkanot vo izminative godini ke bese vistinska klanica.Za srekja drugi odlucni i odvazni se zaintereserani za Makrdonija i tie zaradi svoj interes ke gi slozat rabotite.
Crn pojas, 29.07.2010 06:15:46
Sakam uste eden sovet da vi dam.Prestanete so vasite plateni reklami od sorosidite oti nie nemame namera da si go menuvame imeto oti taka vas vi teknalo.
Eddy, 29.07.2010 06:43:14
Hehe, sega i File ne vi e dobar, oti na plukal po Makedonija ko shto vie plukavte.
pero micevski, 29.07.2010 06:49:18
bravo nikola najdobar si se gordeam so tebe
Deni, 29.07.2010 07:18:03
Pa neli do pred nekoe vreme trubevte deka nikoj vo Evropa poveke ne go ferma naseto "firerce", od kade sega Gruevski ima tolkava mok, ta duri i Evropa e nemokna pred nego? Imate li vie poim sto znaci objektivno izvestuvanje, ili samo tresete shto ke vi padne na um, samo da e protiv Gruevski. Znaci sega spored vas, duri i File ne znae shto zboruva (a edvaj cekavte da kaze nesto negativno) koga veli deka Makedonija odi napred. I shto e najloso, toa vas ve boli (iako e pozitivno za vasata tatkovina) zosto ispaga deka vie i vasiot vi idol Crvenkovski ste tropale gluposti do sega. I ponekogas objavete i ponekoj komentar sto ne vi e po merak :)
valdez, 29.07.2010 07:41:00
A kade ucese Milosovski diplomatija pa da znaj sto e loso sto dobro.
Mitre od dolnodupeni, 29.07.2010 08:22:48
На лжгите на Лжгото ни Брисел не може да излезе на крај...Големо искуство...во...ЛЖЕЊЕ...
Трпе, 29.07.2010 08:27:02
Во Брисел баш им е гајле за Македонија. Ако ние неможеме дома да си ги средиме работите.Тие велат,пуштете ги уште се мали,иако не е за опростување,знат што прават.Што може да се очекува од карикатурална држава.
Pero Trajkov, 29.07.2010 08:28:32
Ne bi trebalo da smetame deka diplomatite vo Evropa nemaat tocni informacii za aktuelnata sostojba vo zemjata, pa i vo sluckite vo Sobranieto. SDS vo zelbata da ja sprovede svojata politika, indirektno mu pomogna na Gruevski vo negovite opravduvanja deka opozicijata pravi postojani opstrukcii. Nemanjeto na cuvstvo na merka na SDS i upornata nekonstruktivnost ne dovedoa do posakuvaniot rezultat - naprotiv! Pa, sega neka se razmisli kolku cinese neusvojuvanjeto na Delovnikot, a ako se usvoese - ke se pokazese barem nivnoto zalaganje kon politickata agenda.
x-man, 29.07.2010 08:43:55
Намерно не ги давате коментарите на вашите написи зошто се плашите од мислењето на народот. Знам дека и ова ќе го избришете само уште еднаш погледнете ги анкетите и ќе ви стане јасно зошто тиражот ви опаѓа.
забеган., 29.07.2010 08:51:12
Вакви какви сме никој не не есапи за живи.Ноние си имаме Блада која место реформи спроведува едно-умие и диктатура.
b, 29.07.2010 08:57:43
Добиле само позитивни мислења и помалку позитивни, не излажа и помалку не излажа нашиот омилен водач. А ние нема зошто да не му веруваме на лагите!
Ајван Доктор®, 29.07.2010 09:01:18
„Успесите“се видливи и очигледни!Воопшто не е потребно да одиме дури во Брисел за да ја здогледаме Пустелијата што ја оставаат зад себе „нашите врвни“мајстори!Јасно се отцртуваат во изградбата на Грандиозната Монументална Глупост!Апатетичните заклучоци од Брисел се идеални за да прогласиме дека имаме најумна власт!Кошмарното секојдневие непрекинато ме убедува во жестокоста на ретроградниот напредок!Брисел очигледно ќе го вергла истото,дури и тогаш кога граѓаните на РМ веќе нема да постојат-ќе опстојат единствено политички закоравените!Можеби тоа им е целта: хиперпродукција на успешни политичари, кои останале без својот народ!А,можеби е така и подобро?Ќе немаат непослушни троглодити,во нивната перцепција за овој дрзок и неразбран („каков-таков“) народ!
За евроинтеграција, 29.07.2010 09:02:06
Нема проблем со изјавата на Фуле, за моментумот. Човекот се искажа во апсолутна вредност, не ја кажа насоката на применетата сила. Не го кажа минусот, пред вредноста. А, кога ги цитирате еуфоричните изјави на Грујо и Милошоски, жално е што ја немате и изјавата на третиот член на Триото „Ла-кампанела“, на Евро(дез)интегративецот. Ја даде на новата владина ТВ. КУКУ-ЛЕЛЕ! Сите три изјави се премногу и според вкусот на Бурдуш.
Valerija, 29.07.2010 09:09:17
Jasno im e i na File... i na Fuere... i na Riker so kogo si imaat rabota. No vo imeto na demokratijata i civilizaciskite vrednosti ne sakaat da mu "vlepat" edna na maloto diktatorce, iako gi sledat i znaat site negovi gluposti i skandali. Go pustaat uste da leta, za da vidat uste kolku covecki glavi ke posere odozgora kako da e gulapce so kolitis. A potoa, eden den... jabolkoto ke padne, ama vrz negovata glava, vo vid na ogromen narodski cekan.
Aaron, 29.07.2010 09:11:26
Porednata vladina glupost koja poveke ke ja vtvardi grckata pozicija. Od podobni "politichari" sme bez istorija, skoru ke ostsneme i bez geografija! Ne se sosedite krivi, tuku nie sme neopravdano agresivni kon grckata i bugarskata istorija i kultura, sto e nedopustimo za evropska zemija.
tose, 29.07.2010 09:20:38
E ,Grujo e covek so licna hrabrost i covek koj ke zacrta pravec i se dvizi po taa linija. Toj ne e Bucko i tajfata na SDSM koi znaat da bidat samo servilni poslusnici i ligusi. Se nadevam deka i vo SDSM ke dojdat takvi lugje, hrabri i koi mislat so svoja glava, a za toa sto misli Brisel ili nekoj drug, da ne im e mnogu galje.
Професорка, 29.07.2010 09:24:42
Брисел веќе корне коси од таквите како нас. Ни се да удрат шамар, ни да се смеат, ни да плачат. Ги оставаат да се леткаат, само да го решат прашањето за името. Но, треба да им е јасно дека оваа влада тоа нема да го направи. Тоа што може и го прави. Плиска народни пари, глуми преговори, апси, ... Конечно ако нам не ни е гајле што пропаѓаме, Брисел ич глава нема да го боли. А Грујо го читаат како селски буквар.
Nikola-Germanija, 29.07.2010 09:32:19
Kritika do Utrinski:Sto mu gi digate akciite na pastirot?Demek Brisel bil nemoken pred Gruveski;fali uste da pisuvate,deka EU uste malku ke se iz***a od strav!?Da bese poinaku,najvisokite prestavnici na vliatelnite EU-zemii kako Germanija,F ili GB ke se takmicea koj da bide prv da se vidi so golemiot "vojvoda" kako za vremeto na pokojniot JB Tito!No,ne e taka.Ednostalno MK veke stana neinteresna za niv i oni veke realiziraa deka so Balkancite nema potreba od Diskusii,zosto i onaka ne sfakjat.Poradi toa Gruevski vo GB namesto so Premierot,se sretna so nekoisi nepoznati vladini direktori od,vo najdobar slucaj,3tiot esalon.Vo Momentot koga za BiH i Kosovo ke se nadziraat mozni resenija,togas EU i SAD ke najdat lek i za "MKskiot problem" vo smisol,"sto da se pravi sega so MK?",sto od segasniot gledan aspekt moze samo da znaci razmena na teritorii megju SRB,BiH i KS i na kraj podelba na MK,dodeka na narodot istocno od Vardar ke mu se prepusti,dali saka da se soedinuva so BG.E toa e.Pozdrav.
Тони, 29.07.2010 09:59:43
Ова е жалната вистина во која (можеби) живееме. Не сум сигурен дека ов�� може да се нарече живот. Се повеќе ми личи на сон, ептен лош. Не можам да поверувам дека, ова што ни се случува е можно навистина да се случува во стварноста. Прво, со име и презиме се потпишуваат оние што оставаат коментари од типот: „Те обожувам наш мил п.емие.е“, „Оваа власт е најдобра, најумна, најнародна власт“ (иако и самата за себе вели дека е десничарска, а секоја десничарска партија - банда е по дефиниција антинародна) и др. Ова, навистина ја отсликува ДЕМОКРАТИЧНОСТА на нашето општество, ослободено од „гнасното комуњарско минато“. Кога ќе се смени власта, тогаш други некои ќе се потпишуваат со име и презиме. ТАКА ТРЕБА. Напред мој народе! НАПРЕД ВО ДЕМОКРАТИЈА! Второ: Овие изјави на тнр. политичари од тнр. меѓународната заедница - ЕУ, само покажуваат каде „99% од македонското население сака“ да се приклучи. Сакаме да се приклучиме на банда лицемери, антидемократи, полтрони...
gimi, 29.07.2010 10:04:40
Kupete si samivcinja doprva ke placite. Samo za Vas i za A1 izvestajot bese negativen. Velija za premier. Rizaov pretsedatel na sobranie, Brane minister za pravda.....
Прилеп, 29.07.2010 10:30:00
е сега на кого да веруваме??? На вас или на Брисел??? Да не сте смешни би биле жални!!!!!!!!!! Држете се вие за сукњата на БРАНКО И САМО НАПРЕД!!!! СРАМОТА!!!!!!!!!!!
Olivera, 29.07.2010 10:32:25
Не можам да се изначудам со колкава доза на омраза кон сопствената татковина пишува новинаркава?! АЛО!!!!!!!!!!! разбуди се, за чии интереси пишуваш, не ли забележуваш дека 4 години, фала му на бога, дојдоа нормални на власт. Или токму тоа не ти се допаѓа па сега лелекаш и пишуваш небулози за некакви си негативни оценки од ЕУ, кои само ти ги гледаш. Засрами се!
maxi246mkd, 29.07.2010 10:40:40
"Pomalku negativni" !!!!???? Sto e toa pomalku negativni? Od sto pomalku negativni? Pomalku od 100? Od 1000? Od5? A zosto ima negativni? Vakvo na pamet zboruvanje e neverojatno.
Daliborka, 29.07.2010 10:53:49
Vie kako novinari se znaete taka da ne treba da barate komentar, izjava od ministrite i od EU, i da ne ocenat pozitivno povtono toa ke bide napisano vo negativen kontekst.Kakva EU kakov Nato ako vo drzavata se postavat rabotite na vistinsko mesto EU ne ni treba.A ovaa vlada se obiduva da stori nesto i vistinski da se izbori za svoite vrednosti kulturni, nacionalni itn. itn. za razlika od nekoj predhotdno koi nisto ne storija a sega se podgortveni se da storat i sopstvenoto ime da go dadat samo da sme bile vo EU, a tie na vlast.Grujo samo napred.
x, 29.07.2010 11:08:42
jas mislam deka vie kako vesnik ste odlepile skroz na skroz. Sega ispaga deka i Evropa se plasela od Gruevski!!!! pogolema glupost odamna nemam cueno. za vasa ogromna zal poradi toa sto ne se ostvarija vasite zelbi da dobieme negativen izvestaj i od nemanje kade sto sega da se napise pocnaa vasite novinarki ( " objektivni " ) od Brisel svasta da pisuvaat. KATASTROFA
riki, 29.07.2010 11:15:53
Ovoj prilog e sramota za eden vesnik koj sto pretendira da bide seriozen medium od koj se ocekuva da prezentira seriozni stavovi i pred se - tocni informacii. Jas a i sekoj drug iskren i politicki neoboen citatel vo ovie redovi ke zabelezi eden megalomanski trend za minimiziranje na site pozitivni rezultati sto gi isporacuva Makedonija na megunaroden no i na domasen plan.Spored avtorot na tekstot,ne samo sto nikoj vo ovaa drzava nema sili i hrabrost da mu kaze na premierot deka ne raboti dobro tuku istoto se odnesuva i na megunarodnata zaednica !!! Duri i File bil pod tolkav pritisok od nasiot premier sto ne mozel da go vidi toa sto sega za sega go gleda samo SDSM i negovite mediumi !!! P.S. Dokolku navistina e toa tocno,toa bi znacelo eden vid glorivikacija na g-not Gruevski...Dokolku negovoto vlijanie na megunaroden plan ima takov razmer togas site gragani na R.Makedonija (vklucitelno i "dezurnite plukaci" na SDSM) bi trebalo da bidat srekni sto imaat eden takov lider !!
gragjanin, 29.07.2010 11:36:49
Ne e Brisel nemokjen tuku e naprotiv, umen i perfiden. Na EU i’ ODGOVARA nedemokratskoto vladeenje na nashata vlada i zatoa ne ja ukoruva. Naprotiv, silno ja PODRZHUVA poradi toa shto Evropa sega e vo kriza i ne saka proshiruvanje, a so despotskoto odnesuvanje na vladata tie samo imaat dobar izgovor deka, ne e Evropa taa shto ne ne’ saka tuku, ete, Makedonja e taa shto ne gi ispolnuva uslovite i zatoa ne mozhe da ja primat vo zaednicata! Znachi, Vladata i' pomaga na Brisel! Strancite, eventualno, gi interesira samo imeto, za da mozhe da ja vnesat drzhavata vo NATO poradi bezbednosni prichini. Na ova insistira USA, od nejzini prichni, i tolku. Koga ke vlezeme vo NATO, posle toa i da se raspadne drzhavata ke nemaat bezbednosni problemi.
valerija, 29.07.2010 12:04:33
Ova e znak deka Brisel poleka kreva race od nas.
од палетата на архаичните стандарди, 29.07.2010 12:04:48
Кога се сака да се влезе преку некоја врата со висок праг,што е страшно да се наведне главата.поарно тоа,одколку да се скрши носот,или недај боже главата.А за излегување,нема потреба од секирации.Секогаш се наоѓаат пријатели,барем,во такви ситуации.Инаку,од толкаво чекорење сокрената глава,заради нашата непокрност,ние заборавивме како изгледа земјата,гледајќи во облаците.
Dejan, 29.07.2010 12:16:09
ednistveno utrinski i sdsm so raduvaat na neuspesite na makedonija, e sega koga veke ke ne pofalat i ima uspeh odma pocnuvate so plachenje...SRAMOTA!!! isto bese i koag dobivme bezvizen rezim...nigde ve nemase da proslavite, tuku se krievte no shtab kako isplaseni sto ni se desi??? zatoa ke se vrati sdsm na vlast, ama na 15ti septemvri 2045, a moze ni togas!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Ситен дожд

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |