Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
28.07.2010, 18:16
Да престанат преговорите со Грција

„Никој нема право да преговара за моето име“ е слоганот на кампањата на македонските иселеници за заштита на македонското име и идентитет, поддржана од триесетина организации и институции, што официјално стартува од вчера, изјави Славко Манговски, претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права. Цел на кампањата е да се презентира влијанието на македонската дијаспора врз владините структури дека името не треба да се менува и преговорите со Грција треба да престанат. „Со преговорите даваме сигнали дека ќе направиме компромис за името, за влез во Европската унија и во НАТО“, потенцира Манговски. Македонските иселеници и Македонците што живеат овде, истакна тој, имаат идентичен став во однос наимето на Македонија. Сите направени анкети во Македонија покажуваат дека 90 отсто од Македонците не сакаат името на државата да се смени. (П.Р.)

Статијата е прочитана 1790 пати.

Испрати коментар



Владата ја мери силата со автобуси
Брисел немоќен пред Груевски
СДСМ
Името не е замена за влез во НАТО
Иванов помилува 59 лица
КФОР и' предаде клучеви од три објекти на АРМ
Бендевска рекордер во зборување
Парното поскапо за 10 отсто, во „Скопје Север“ дури за 40 отсто



Гоце Делчев, Питу Гули, 29.07.2010 00:48:25
Mi se gadi od vakvive patrioti na daljinsko.....
mitko so veseli paroli, 29.07.2010 02:11:59
Makedoncite od Makedonija treba da bidat nepopustlivi i da jadat korenja za da Makedoncite vo stranstvo si go socuvaat imeto na drzavata koja ja napustile zatoa sto ne im se dopagala.
Каде сте 10% македончиња?, 29.07.2010 07:37:00
Точно е дека 90 отсто од Македонците не сакаат името на државата да се смени. Сите освен 10-те проценти следбеници на предавникот Бранко Црвенковски.
Mitre od dolnodupeni, 29.07.2010 08:20:54
Сите македонци ама баш сите сакаат да имаат ли��ен стандард како американците...И тоа 100%...Е тоа требе да се одработи...Инаку секој се може да сака но што е реалноста...А и тие БРИАН и и разни умови...ги повикувам да си се вратат во државата а не кога се дојдени на одмор во државата да се занимаваат со македонија и македонците...А отишле во бел свет по пари а не патриотизам...Молам барем не си ги менувајте имињата....
stip, 29.07.2010 08:33:35
ako g. gruevski ne go poslusa narodot i ne gi prekine pregovorite, ke treba pod hitno da si zamine od funkcijata zaedno so negovata vlada. cudno e kako ovie politicari ne si go slusaat narodot i koj e nivniot interes. neka se organizira referendum so prasanje DALI STE ZA PREGOVORI ZA IMETO
забеган., 29.07.2010 09:07:10
Ај веќе станавте БОЗА вие иселениците.Дојдете и жевете со плата од 100 евра.Што сте заминале и сега ни кажувате сонови.
Miki, 29.07.2010 09:08:42
Дијаспората НЕМА никакво право да се меша во внатрешните работи во Македонија. Истата ‘дијаспора‘ уште одамна си ги сменија пасошите,националноста па дури и личните имиња: се‘ некои Џон, Ник, Мајкл ... Конкретно ЏОРЏ Атанасовски.Кој го сменил Македонското лиме Ѓорѓија. Во своето семејство, своите сопствени деца не ги научиле да зборуваат македонски. Воопшто не ви е гајле дали вашето потомство ќе го заборави македонскиот јазик !! И ќе ми кажуваат ‘не го давале името‘. Велат - лобирале и помагале за Македонија. Би ги прашал: Колку ваши деца пративте како ДОБРОВОЛЦИ-БРАНИТЕЛИ во 2001? Колку парични средства дониравте тогаш? Колку инвестиравте во Македонија? Одговорот на сите овие прашања е НИШТО.Во вашите држави чии пасоши -државјанства поседувате, веќе сте членки на НАТО а некои и на ЕУ. Кои подмолни мотиви тогаш ве водат да ја спречувате нашата држава да стане рамноправна членка на НАТО и ЕУ?
Професорка, 29.07.2010 09:18:23
Со кое право тие што ја напуштиле земјава и удобно ги користат своите привилегии во развиени земји, ќе солат памет за тоа дека Македонија треба да остане Европски изолат. Од друга страна се жалат дека тука нема услови да инвестираат поради лошите закони и процедури. Па за тоа станува збор. Ќе биде лошо се додека Македонија не стане правна, уредена модерна Европска држава. Ние што живееме тука сме најодговорни за се што ќе ни се случува. А народот се изјасни дека сака да се види во НАТО и ЕУ. Друго нема. И второ, да се смири дијаспората. Ние воопшто и не преговарама. Само глумиме и купуваме време. Време за пропаст.
Реган, 29.07.2010 09:18:28
Сосема логичен закључок!
Дете бегалче - во сопствената земја, 29.07.2010 10:34:40
Не знам за кои Македонци зборувате?Тој што се иселил пред 30-40 години и што гласа за политичарите во земјата каде живее!?Тој што го заборавил сопствениот мајчин јазик,а своите деца не се ни потрудил да ги научи на него?!Тој што воопшто и не се чувствувал за припадник на оваа заедница!?Оној кој воопшто не живеел тука,туку од Узбекистан заминал во Астраља?!Во сегашнава Блада,имаат огромно влијание,поради блиските врски!Тие и досега гласаа убедувајќи ги своите овдешни роднини дека им се спрема поубаво утре!Следната влада очигледно ќе ни се состои од „наши“Иселеници!Имам лек и за тоа: Очигледно и самиот ќе станам Иселеник!Што подалеку од ова лудило!Можеби и обратно-лекот ќе биде во нивното Вселување тука,со можност да патуваат низ светот со Македонски пасош и стандард!
Karolina_NL, 29.07.2010 10:47:49
Pa ve molam gospoda Makedonci sto ziveete vo Makedonija, koj ja napravi Makedonija izolat? Nie iselenicite? Koj ja dovede drzavata do ova deredze, nie? Vladata si ja izbraa Makedoncite vo Makedonija, taa ista vlada e anti-EU a ne nie. Taa vlada (i poranesnite sekako ) vi otvori rabotni mesta kaj sto mozete da rabotite za 100 evra. Jas go razbiram vasiot gnev (zaradi istiot si zaminav i jas) ama ve molam ispratete go na vistinskata adresa. Sekoj ima pravo na svoj stav, mozete da kazete deka ne vi se dopagja, ama ne i da plukate. Dosta se plukavme megu sebe.
todor, 29.07.2010 11:00:00
A mene mi se gadi od nekoj kakvi stavovi imaat protiv svojte braka i sestri makedonci so se vo diasporata... Site se tije tamu zbog nekoj svoj pricini no sepak se tije makedonci i Makedonia e nivnata maticna drzava i zatoa imaat pravo i tije na svoje mislenje i zbor! I ne se somnevam deka ne bi sakale da da se vratat i da si ziveat vo svojata rodna zemja Makedonia koga ke bidat podobri uslovite no ako se smeni imeto duri togas nema da sakaat da se vratat a isto vremeno site Makedonci ke ja izgubime drzavata. Sram golem e da se pluka i zavidva protiv svoj narodnici i zato ni je drzavata takva kako se e oti nema edinstvo!
јас, 29.07.2010 11:33:07
Каква логика има исселените Македонци да се мешаат во прашањата кои се однесуваат на Македонија ???НИКАКВА !! Исто како кога јас одам 2-3 недели на одмор во некоја земја во странство и после да им речам на тие таму дека сум нивни граѓанин и дека и јас треба да гласам таму и да одлучувам за нивни битни работи!!! И јас таму и иселениве Македонци ИМАМЕ ИСТИ ПРАВА , бидејќи исто време поминуваме во дотичните земји ... НИКАКВИ ПРАВА !!
?!, 29.07.2010 12:17:55
Едно е јасно.Никој жив не сака менување на име,особено кога е условено и принудено.Но исто така е јасно дека и дијаспората знае дека за тоа треба да се плати некоја цена.Затоа предлагам кога доаѓаат по дома,барем на аргатите кои им ја косат тревата да им дадат пустото барем повеќе некое евро или долар,барем од жал.И тоа само на нив,а никако на некави си повикани и неповикани организации,друштва,владини и невладини,и секакви.Директно на сиромашниот граѓанин.Така се крепи татковината,непосредно.Инаку секому му е до своето достоинство,било да се овде или надвор. Полека но сигурно економската немоќ ќе го совлада патриотизмот.Не кај граѓанинот,туку кај елитата.И нејзе веќе цифрите.илјадарки ќе им бидат мали.Цената на балканскиот големец,расте.Затоа Европо,биди добар планер.Од народецов наш нема веќе што да земеш.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 11°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Владата моментно нема пристап до парите од ММФ
Александар Тиеман, претставник на ММФ во Македонија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |