Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.09.2012, 17:08

Мислења

И овците на број и Владата сита

Слободан Најдовски

Владата, конечно, го призна поразот на сопствената економска политика

Тоа што економските експерти, стопанствениците, опозицијата го кажуваа неколку години наназад се случи во неделата. Дефинитивно, од највисоко државно ниво се потврди проблемот со раководењето на државните финансии. Владата, конечно, го призна поразот на сопствената економска политика. Завиткано во целофан на некакви економски реформи или антикризни мерки, јавноста беше информирана за крахот на буџетската политика.

Од предолгото експозе на премиерот Груевски има само една новина која е особено интересна. Соочени со проблемот на намалени буџетски приходи, единствената новост претставува соопштувањето на веста дека се зголемува стапката на дефицитот од проектираните 2,5 на 3,5 проценти од БДП.

Знаејќи го проблемот, седумстотините гости на премиерот, но и македонската јавност, единствено очекуваа конечно да чујат колку изнесува долгот на Владата кон доставувачите и кое ќе биде решението за негово надминување. Но, и понатаму остана да лебди одговорот на ова веќе сизифовско прашање за Владата. Идентично е и однесувањето на Владата кога се во прашање висината и периодот на побарувањата на стопанствениците по основ на поврат на ДДВ.

Во отсуство на официјални бројки за владиниот долг, произлезени од државните институции, на економските аналитичари им останува да извлекуваат заклучоци со компарирање на бројки од расположливите документи и изјави на владините претставници. Ќе се обидам да ја протолкувам изјавата на премиерот и од неа да извлечам еден заклучок. Според неговата изјава, треба да произлезе заклучок дека со зголемениот дефицит годинава ќе се исплатат обврските кон доставувачите, а в година почнувајќи од март дефицитот ќе биде искористен за да се надополни кусокот во Пензискиот фонд.

Извлечениот заклучок би бил дека моменталниот достасан долг на Владата кон домашните стопанственици е минимум седумдесет милиони евра. Заклучокот произлегува од споредбата на намерата за зголемен дефицит во однос на нивото на македонскиот БДП. Така, ако се земе предвид дека минатата година БДП на Македонија беше околу седум и пол милијарди евра, тоа значи дека оваа година нашиот БДП ќе биде на исто ниво, ако не и на пониско. Тоа само по себе повлекува констатација дека дефицитот на македонскиот буџет оваа година ќе се зголеми за над седумдесетина милиони евра од првичното проектирање. Ако е точно ветувањето дека зголемениот дефицит исклучиво ќе биде наменет за исплата на обврските кон стопанствениците, оттаму ќе се потврди и мојот заклучок дека долгот е минимум седумдесет милиони евра.

Следното главно прашање е дали навистина зголемувањето на дефицитот ќе биде наменето за раскусурување кон стопанството или, пак, претставува параван зад кој ќе се крие понатамошното неефективно трошење на буџетските средства.

Бројките од досегашната реализација на буџетот не одат во правец на исполнување на владиното ветување. Прво, не треба да се очекува реализација на приходите на буџетот според планирањата со ребалансот изгласан во мај годинава. Тоа значи дека нема да може да се реализираат предвидените расходи, односно целосно да се финансираат основните функции на државата и планираните проекти. Погледнато само низ два параметра на буџетот, дефицитот и пензиите, се доведува во прашање исполнувањето на ветувањето кон стопанствениците.

Дефицитот во буџетот во првите седум месеци надмина десет милијарди денари, што е над осумдесет проценти од предвидениот дефицит за 2012 година. Која е гаранцијата дека дополнителните седумдесетина милиони евра ќе бидат наменети за раскусурување со стопанските субјекти кои побаруваат од Владата, а не за другите потреби на државата.

За Пензискиот фонд на годишно ниво е потребно дотирање за околу 35 проценти или околу 250 милиони евра. Првите седум месеци по основ на придонеси за пензиско осигурување се собрани 15,6 милијарди денари, а се префрлени на ПИОМ 23,7 милијарди. Под оптималните услови, доколку се реализира планираните приходи во ПИОМ до крајот на годината ќе се реализираат околу 11,5, а за исплата на пензиите ќе бидат потребни над 17 милијарди денари. Значи, од буџетот се потребни 5,5 милијарди денари за ПИОМ. Тоа значи дека предвиденото зголемување на дефицитот не достасува ниту за покривање на дупката во ПИОМ. А што ќе остане за владините доставувачи?

Пред да се донесе одлуката за зголемување на дефицитот, Владата треба аргументирано да образложи зошто молчешкум ја менува стратегијата за управување со јавниот долг. Во споменатата стратегија, донесена од Собранието на Македонија, буџетскиот дефицит за 2012 година беше предвиден на ниво од два процента од БДП. Притоа, предвидувањето беше дека дефицитот на централниот буџет ќе биде 1,5 а додека, пак, вонбуџетскиот, односно дефицитот на социјалните фондови, ќе изнесува 0,5 проценти. Но, тоа не беше само предвидување, туку и обврска на раководењето со буџетот со цел да не се доведе во прашање функционирањето на државата. Што се случи тоа за скоро стопроцентно надминување на предвидувањата? Не е во прашање само финансиската криза во светот.

Како и да е, ни претстои ребалансирање на буџетот. Опозицијата ќе биде исправена уште пред една дилема. Таа дилема е како да се спротивстави на владината медиумска кампања дека парите ќе бидат наменети за стопанството и за пензионерите. Треба да бидат подготвени за протести на незадоволни стопанственици и пензионери пред нивните канцеларии за неподдршка на ребаланс во кој ќе се зголеми дефицитот. Затоа од Владата треба да побара листа со сите субјекти на кои Владата им е должна и да го видат планот со динамика кога и кому ќе му се исплаќа.

Крајниот епилог од сето ова ќе биде во политички игри режирани од власта. Затскривањето зад образложението дека дефицитот ќе биде наменет за плаќање на обврските кон стопанството ќе биде насочен кон замајување на јавноста, демек нешто се движи, а всушност само бродот се ниша. Моментално се задоволни и Владата и стопанствениците. Но, проблемот не е решен, туку се одложува и јазот се продлабочува. Решението треба да се бара во целосно изменет приод во буџетската политика на која една од главните одлики ќе биде рационалност и наменско трошење на државните пари.

(Авторот е поранешен пратеник)

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.






Статијата е прочитана 1307 пати.

Испрати коментар



МТВ во став „мирно“
Нов заем за стариот долг
Задоволни бизнисмени
Сепаратизмот во криза



jovan, 25.09.2012 00:30:02
Posoodveten naslov bi bil:* Volkot sit, ovcite osisani*. Makedoncite poleka no sigurno stanuvaat robovi na nekoj robovlasnik koj eftino ke gi dobie.
битолчанец, 25.09.2012 08:00:26
прекрасна анализа.До кај ќе ојме вака.Абе ова стопанствениците во премиерот гледаа како маѓепсани.Ем ги лаже ем овие насмеани му аплаудираат. После сакаме да имаме стопанство.Ама и тие се мачкани.Ќе ги набијат цените и кога тогаш ќе си земат пари.А ние ќе си кажваме одстрана.А ние сме вистински овци.Владата ќе не заборчи до даске а ние најмногу му веруваме на Грујо.Ќе дојде време ни Драгоро не не мие.Џабе Најдовски ни пишува во колумната ние никако да сфатиме и да си ја чукниме глата.
milan, 25.09.2012 10:00:19
Vo MKD. ima domakini koj domakinstvoto i ekonomijata si ja vodat dobro.Nitu eden domakin zadolzuvanjeto ne go prikazuva kako dobles,pa koga pozajmuva si molci. Nasata nedomakinska vlada so zadolzuvanje se fali,nebare od utre vo drzavata ke potece med i mleko.(i porano pisuvav deka kravata i pcelata ne ziveat zaedno i ne e mozna nivna integracija)Vo moment koga fakticki go priznavat bankrotstvoto se falat kako ke se zadolzile 200-250 mil.evra.Ne samo nas sto ne osisaa kako ovci no toa go pravat i so idnite pokolenija.Pozdrav do avtorot.
Трпе, 25.09.2012 10:25:23
Прашањето е зошто власта ова досега го криеше од јавноста.И сеуште не кажува колку е задолжена.Но по се излегува на ваква порција си одговара лажицата и вилушката.
пензионер, 25.09.2012 11:27:49
Каков може да е „пораз на владината економска политика“ светската економска криза??? Сите стопанственици му ракоплескаа на премиерот задоволни од мерките, само овој многу аналитичен Најдовски е незадоволен. Прекрасниот „аналитичар“ најавува ребаланс, а вицепремиерот изјавува дека ребаланс нема да има!? Најавува проблеми во исплатата на пензиите, а премиерот најавува нивно покачување!? Изгледа дојде времето Утрински да направи ребаланс на ваквите аналитични колумнисти.
Predavnik, 25.09.2012 12:55:07
Koga bi bil lider na najmocnata opoziciska partija, bi se odkazal od narednite parlamentarni izbori. Ne daj Boze da nasledish ovakva sostojba. Povrh se, treba da gi trgash toa spomenicite. A i toa koshta!
drug penzioner, 25.09.2012 13:04:15
Kolega penzioneru, sekoj bi se raduval ako mu se veti deka deka ke mu se vrati dolgot za koj ceka so godini, pa taka i stopanstvenicite. A ako toa e antikrizna merka togas bi ti preporacal iako si vo godini da posetis nekoj kurs po osnovi na ekonomija. Toa se vika ednostavno vrakanje na stari dolgovi. I kako toa ti si zadovolen da zemas penzija od pari koi treba da gi zarabotat vo idnina tvoite vnuci i pravnuci. Ne cuvstvuvas zal za svoite naslednici.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |