Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
31.03.2012, 11:28

Нимиц: Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни

Медијаторот во интервју потсетува дека предложил идеи, но, за жал, ниту едно решение до сега не било прифатливо за двете земји

Треба да бидеме многу упорни годинава за да создадеме поволни околности за постигнување договор меѓу Скопје и Атина. Тоа значи вистински дијалог помеѓу нив, а исто така и јавни изјави и активности што ќе отворат пат кон можен договор, истакнува посредникот на ОН во грчко–македонските разговори за името Метју Нимиц во интервју за програмата „Порта“ на МТВ.

- Никогаш не сум правел предвидувања за некоја временска рамка, иако би сакал да бидам во можност, но за жал, не можам да го направам тоа. Меѓутоа, сметам дека ова е многу важно прашање за двете Влади и дека треба да биде нивни приоритет. Многу сум охрабрен од фактот што дијалогот меѓу двата премиера продолжи и го сметам за позитивен фактор, вели Нимиц за тоа дали е можно да се постигне некаков компромис оваа пролет или оваа година.

Тој не е обесхрабрен оти во изминатите 17 години медијација на процесот, не се дојде до решение. Уверен е дека за сиве овие години и двете страни разбрале оти ова е многу деликатно прашање кое има големо значење за двете земји и дека за да се постигне договор мора да постои некакво приспособување.

- Сите тие години на преговори не се залудни, иако ми е жал што не овозможивме поголем напредок и не пронајдовме решение за ова прашање. Знам дека некои луѓе се чувствуваат обесхрабрено, меѓутоа, јас не се чувствувам обесхрабрено во оваа фаза од процесот. Она што го научивме досега е дека ако луѓето се соседи и треба да пронајдат решение за многу деликатно прашање, тоа може да се постигне само со компромис. Ако сакате да бидете добар сосед, и двете страни треба да ги разберат начините на рамислување на другата страна и мора да постои некакво приспособоување, истакнува амбасадорот Нимиц.

Тој со став дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е многу важна и сите треба да ја сфатат многу сериозно, но и дека неговиот мандат е во рамки на ОН, а тоа значи дека нема никаква улога во Меѓународниот суд на правдата, ниту пак во НАТО.

- Она што сметам дека е важно е да ја продолжам мојота улога, во согласност со резолуциите на ОН со цел да се обидам да издејствувам решение и да ја оставам работата во правниот процес и во процесот на НАТО, бидејќи функцијата што јас ја имам, всушност, не е поврзана со тие процеси. Меѓутоа, морам да признаам дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата секако, е многу важна, вели Нимиц.

Потсетува дека во текот на изминатите годините дал повеќе предлози до двете страни и им предложил неколку идеи, но, за жал, вели, ниту едно решение не било прифатливо за двете земји.

- Сметам дека имаше неколку многу важни идеи, но факт е дека се уште не сме дошле до никаков заклучок. Меѓутоа, секогаш постои можност да се појави нов предлог кој ќе биде поуспешен, или пак, некој стар предлог да биде преформулиран така што ќе биде на задоволство на двете земји. Иако знам дека еден ден ќе се пронајде решение за овој ��пор, сепак, и во двете земји секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сметаат дека тоа решение не е правилно од нивна гледна точка. Можеби никогаш нема да имаме решение кое ќе биде 100 проценти прифатено од двете страни, но, сметам дека може да се пронајде крајно решение кое ќе ги задоволува националните интереси на двете земји, дециден е Нимиц.

Во врска со вклучувањето на идентитетските прашања во процесот, тој посочува дека „во резолуциите на ОН и членот 5 од Привремената спогодба е нагласено дека треба да се постигне заедничко решение за името на земјата и оти тоа е фундаменталното прашање“.

- Во резолуциите на ОН не се зборува за справување со идентитетот на луѓето. Моето лично согледување е дека идентитетот првично е дефиниран од нив самите. Очигледно е дека при дефинирање на својот идентитет, луѓето мора да го почитуваат идентитетот на другите, особено на нивните соседи, така што ова исто така, станува важно прашање. Меѓутоа, мора да знаеме што е приоритетно. Во моментов, тоа е е да се реши прашањето за официјалното име на земјата што ќе биде прифатено од сите и ќе го трасира патот за решенија на регионални прашања и членството во различни организации. Доколку најдеме решение за ова прашање, сигурен сум дека сите други прашања ќе си дојдат на свое место, нагласува медијаторот.

Најважно е, вели, земјата е да го реши овој спор за потоа да продолжи понатаму како полноправна членка во евроатлантските структури, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ.

- Тоа мора да претставува најголем приоритет. Сите знаеме колку е тежок овој спор за името и дека двата народа мора да го решат и нивните постапки да изградат добри односи и пријателство, за овој процес да функционира. Еден ден и двете земји ќе бидат членки на НАТО и партнери во ЕУ. Ние сакаме да дојдеме до тоа што е можно побргу и затоа се обидуваме да изградиме позитивни односи меѓу двете држави, порачува Метју Нимиц во интервјуто за емисијата „По��та“ на МТВ.


Статијата е прочитана 2166 пати.

Испрати коментар



Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
ОХИС повторно се продава
Пожар во фабриката за безалкални влакна
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Албанска партија промовира обединување на Албанија и Косово
Џорџ Буш постариот ќе го поддржи Мит Ромни
Борисов- Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот
Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години во близина на Атина
Европскиот парламент може да го отфрли договорот АКТА
Пад на индустриското производство за 8,8 проценти
Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар



Весна.С. од Прилеп, 31.03.2012 17:09:41
Во своето интервју Нимиц зборува дека луѓето (ние Македонците) сами си го дефинираме идентитетот ,а во продолжение вели цитирам-при дефинирање на својот идентитет, луѓето мора да го почитуваат идентитетот на другите, особено на нивните соседи, така што ова исто така, станува важно прашање- или преведено на прост јазик тоа значи дека ние кога сме го определувале својот идентитет како Македонци требало да ги прашаме Грците дали смееме да се наречиме Македонци.После ова интервју можам само да замислам на каков компромис размислува Нимиц.ОВАА ГЛУПОСТ СО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО КАКО И ПОВТТОРУВАЊЕТО ЗА ЖАЛ НА НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗА НЕКАКОВ РАЗУМЕН КОМПРОМИС ДА ПРЕСТАНА МОМЕНТАЛНО.
jimmy1, 31.03.2012 17:44:51
A ti da si go smenis imeto i da ne te vidime poveke. Resavaj gi problemite kaj vas vie ste vo pogolema kriza, nemoj za nas da se sekiras, ke ostaris predvreme. Nie imame nase ime, i toa istorisko i mnogu ubavo, ne FIROM kako sto vie ne marekuvate tuku Republik of Macedonia. Dosta nie od nedovetni kumovi kako tebe, ake nebevte vie nie ke bevme na mnogu podobar polozaj. Zosto ve slusavme vas i se pravite sveznajkovco (a ustvari pojma nemate od nisto) dojdovme do ova deredze. Taka e toa koga vladatelite ni se nesposobni i nedovetni da vi kazat vlice, nie sme Makedonija i toa ke bideme, nmema sto da se pregovara. Kumeee vratise 99 godini nanazad, vo 1913 pa procitaj malu istorija i vidi deka vie istite bitangi e rasparcivte Makedonija i im poklonivte nas del na Grcija i Bugarija, vidi deka toa bese MAKEDONIJA, nase vekovno ime i nema nikakva vrska so Grcija. Toa site jasno go znaete ama izigruvate nekakvi si medijatori (poarno bi stoelo DIKTATORI) samo za da vi se polnat dzepovite. Asshole
fani od germanija, 31.03.2012 20:52:13
Kolku godini ke go slusame ovoj refren.Covekot navistina e mlakonja i mi se cini deka voopsto ne go zasega ova prasanje...
Biljana, 01.04.2012 09:27:34
Do: VESNA i YIMMI: Bravo, se slozuvam so vasite komentari.
Egejsin, 01.04.2012 10:55:31
Nimic e premrsno platen od grckite milijarderi sto go ispokradoa grckiot Narod i cela evropa. Nimic e plate za da nema nikogas Sporazum i ako go ima protiv Makedonskiot Narod. Nimic uste kolku Pari sakas? sram.
xcdfghujikolp, 01.04.2012 11:29:54
Edniot se bori za supremacija na identitet(neosporuvan od nikogo) nad identitet,drugiot za egzistencija na negoviot identitet(osporuvan od sekogo) i tuka e potreben samo mutav za da veruva vo zaednicko resenie. Grckite geografsko-administrativni regioni ne se kvalifikuvani da sporat a isto i grckiot neosporuvan i nesporen identitet ne e kvalifikuvan da osporuva i pregovara za identitet od kogo ne e osporuvan. Inaku Nimic pravese dosta akrobacii(so ramki i so ponistuvanje na PS) kako ovaa poslednava so politicki direktivi i pretenzii i so pretenzii na menager na problemot so sto gi premina ramkite na negovoto ovlastuvanje na medijator. Haskata presuda e rampa za site avanturizmi i avanturisti so paternalisticki afiniteti. Grcija moze da bide avtoritet no ne i identitet nad identitet. Toa nikogas-ne bilo i nema da bide kaj Makedoncite. Moze da se tesat so Srbite,Bugarite i eve sega Albancite koi sakaat preku decata da gi nakalemat nad Makedoncite kako bostan na lejka. Bolna ambicija.
Кумот фиљо гркофиљо, 01.04.2012 12:54:56
По фиљо гркофиљо Македонец штом сум сакал да бидам и моите браќа од егејот или Пирин сум ѓи спомнувал со тоа сум сакал Грк да бидам. А не го дале Македонците од солунско јазикот на пола Европа туку моите славјански предци ме убедува фиљо гркофиљо. Да бе за кум ќе те канам Славјанус сум бе фиљо ти име ќе ми дадеш.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |