13.05.2010, 17:43 Прекината потрагата по рударите
МОСКВА - Потрагата по 24 луѓе, кои се' уште се водат за исчезнати по рударската несреќа во Сибир, во која загинаа најмалку 66 лица, вчера беше прекината поради страв од нови подземни експлозии, јави руското министерство за вонредни состојби. Експлозија на метан гас се случи во саботата ноќта во рудникот Распадскаја, а неколку часови подоцна имаше посилна експлозија што го урна главното окно за вентилација и предизвика големо оштетување на зградите на површината. „Операциите за пребарување се прекинати“, изјави претставник на министерството за вонредни состојби, Павел Плат. (Ројтерс)
|