01.04.2012, 14:21 Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
Во пожарот загинаа три момчиња и три девојки на возраст од 17 и 18 години
Шест млади лица, тројца момчиња и три девојки, загинаа во пожар, којшто во два часот изутрината избувна во дискотеката „Контраст“ во Нови Сад, јавија српските медиуми.
Борис Тадиќ изразил длабоко жалење за смртта на младите луѓе, соопшти прес службата дополнувајќи дека во тек е интензивна истрага за да биде расветлено како се случила несреќата. Според првичните информации, пожарот избувнал на подиумот на дискотеката „Контраст“, а причината е неисправна инсталација.
Во моментот на пожарот, во дискотеката имало околу 350 лица. Се претпоставува дека загинатите најверојатно се задушиле од чад. |