Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
22.10.2012, 14:44

За 390 евра до Дубаи и назад



Секој понеделник и четврток Скопје директно ќе се поврзе со Обединетите Арапски Емирати

За 390 евра за повратен билет, македонските граѓани од денеска можат да патуваат до Дубаи. Авионот на компанијата „Флајдубаи“ денеска за прв пат слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а во иднина двапати неделно, секој понеделник и четврток директно ќе го поврзе со Обединетите Арапски Емирати. Новата дестинација ќе им овозможи на граѓаните на Македонија, преку Дубаи да се поврзат со 150 други дестинации, вклучувајќи ги Австралија, Авганистан и Далечниот Исток.

Како што најави Гаит Ал Гаит, заменик-извршен директор на „Флајдубаи“, Скопје ќе биде регионален центар на компанијата за овој д��л од светот, а можно е во иднина да бидат воспоставени и повеќе летови во неделата. Според него, директното поврзување на Скопје и Дубаи ќе донесе и повеќе туристи Емиратите кои сакаат да ја запознаат Македонија. Авиокомпанијата ќе посредува и меѓу македонските граѓани и институциите во Емиратите за издавање на визите за влез. Ал Гаит најави дека апликациите ќе се препраќаат по електронски пат и ќе бидат готови за 24 часа.

Авионите од Дубаи секој понеделник и четврток ќе полетуваат 9,15 часот, а ќе слетуваат на „Александар Велики“ во Скопје во 12,40 часот. Повратниот лет ќе го напушта главниот град на Македонија во 13,25 часот, а ќе пристигнува во Дубаи во 20,35 часот по локално време. Во цената од 390 евра се вклучени сите аеродромски такси и багаж до 20 килограми, едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мала рачна или лаптоп-торба. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото, патниците можат да изберат од долгата листа понуди, што вклучува пакети за забава во текот на летот со цена од 2 евра. Билети за можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата „Флајдубаи“ (С.Н.)
















Статијата е прочитана 1986 пати.

Испрати коментар



Македонија ќе почне со преговори ако одобри Советот на ЕУ
Косово врие по средбата на Дачиќ и Тачи
Граната од Сирија погоди здравствен центар во Турција
Опозицијата се обедини во Сојуз за иднината
Бизнис климата се подобрува, но чекаат уште реформи
Старо-ново плато кај Педагошка академија
Романски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Кавадарци
Дорис Пак - ЕУ нема инструменти за враќање на визите
(ФОТО) Груевски - ВМРО е препознатлив код на македонскиот народ
Што ќе содржи српскиот предлог до Иванов
Момче почина туширајќи се во сопствената куќа
Возач усмрти пешак во скопски Бутел
Министерството за транспорт има нова адреса
Државната награда „23 Октомври“ врачена на Георгиевски и Зендели
(ФОТО) Отворена новата зграда на Министерството за надворешни работи
Жени фармери од Косово во посета на ФФРМ
Македонски хакери нападнаа албански владини сајтови
Ивановски на Конгресот за информатичка технологија во Монтреал
Грција до утре мора да постигне договор за мерките за штедење
Честитка од Вељаноски по повод Денот на револуционер��ата борба
Врачување на државната награда „23 Октомври“
Обама подобар во последниот ТВ-дуел
Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Груевски побара поддршка од Монти за датум за преговори
Бодигарди ќе обезбедуваат со оружје и дресирани кучиња
Владата ќе објави нов тендер за Чебрен и Галиште
По шест години, Рубинчо Заревски осуден на условна казна
Внимавајте наместо мед да не купите пченкарен сируп
„Лос Анџелес тајмс“ е за Обама
Тачи му испратил порака на Белград
(ФОТО) Две момчиња тешко повредени во сообраќајка кај Василево
Чингоски и Бошковски се повлекоа од ЕЛЕМ и МЕПСО
Повисоки цени за еуросупер 98 и дизелот
Месото мора да има декларација
Доживотен затвор за Џихад Џејн
Вториот човек на Ал Каеда на аудио снимка тврди дека е жив
„Купи куќа, купи стан“ и во ноември и декември
Експерти од Норвешка ќе помагаат во спречување на загадувањето во Македонија
Рикер - Западниот Балкан на врвот на приоритетите на Обама
Борло формира нов политички блок во Франција
Од условни казни до 3 години затвор за „Метастаза“
Средба Груевски-Монти во Рим
Потпишан договор за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово
Премиерот Рахој победи во Галиција, сепаратистите славеа во Баскија
Тројца убиени при напад во спа центар во САД
Трета рунда меѓу Обама и Ромни
Навалица во продавниците со користена стока
Дијаспората преку фонд ќе инвестира во Македонија
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија



Detroit, 22.10.2012 15:00:11
Za kogo e ovaa avio linija? Kolku nasi Makedonci ziveat i rabotat vo Dubai? Kade vi e direktna linija za Detroit, za Chicago...za Toronto, zs Sidney za Melburn...? Kade vi se vo esapot EVAKUIRANITE Makedonci od Otode Grupcin? Ja izedovte drzavata aramii ni zaedni pa ste si napravile direktna linijna do Dubai za da imate kako i kompleksi da mu nametnuvate na Makedonecot koj sto go drzite vo okupacija vo Republika Makedonija?! Ke vi dojde i vam denot!
Kajzer, 22.10.2012 18:42:09
Xex :) Sekoj Ponedelnik i cetvrtok : karta 390e,3(tri) nokevanja vo Dubai 300 evra,hrana,pienje,nekoj podarok 300evra = 990e ili ajde da zaokruzime na 1000evra ! E vaka sega bidejki rabotam na bliskiot istok,ke ve zamolam da mi odgovorite kaj prosecniot Makedonec ke potrosi 1 000evra za 3(TRI) Dena ?! exxexe PARODIJA !!! I ova e uste eden uspesen proekt taka ?! So ova ke se udirate u gradi ? Taka ? Zalno,sramno,ponizuvacki...taka ke bide se dodeka SELSKIOT PAT e POVAZEN od eden AVTOPAT !! Vi Blagodaram - MK Legioner
Трпе, 22.10.2012 21:01:27
Многу му бладодариме на Миленце,што ни се избори за ваква евтина авио линија.Отсега многу почесто ке си патуваме до Дубаи по гардероба.Откако мистер мр Рејтинг си го навреди сопствениот народ, дека во државата нема потреба од современи автопати,граганите во РМ патувале само на релација село-град,град-село,сега малку ке се прошетаме надвор од селото.
Zlatko, 22.10.2012 23:30:13
Ama kakvi glupi komentari citam. Pa i direktna linija da imase do New York pak ke se zalite. Ove linije odgovara na site tije sto letat od Avstralia za makedonija. Mesto da se patuva po 30 sati i da se menuva 5 avioni moze sega da se idid za ispod 20 sati so smena samo vo Dubai. Ne samo to, tyky sega Skopje stanuva mesto kade sto mozaat patnici za zapadna evropa da odat vo transit.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Четврток
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |