Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
30.03.2012, 17:20

Молчаливите гласачи закана за ВМРО-ДПМНЕ

Двојно повисок од рејтингот на владејачката партија е процентот на оние што велат дека нема да гласаат на локалните избори, не знаат за кој ќе гласаат или не сакаат да одговорат

Жаклина Хаџи-Зафирова


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во моментов има најголемата поддршка од граѓаните за локалните избори и е во двојна предност пред опозицискиот СДСМ. Но, речиси двојно повисок од рејтингот на владејачката партија е процентот на оние кои велат дека нема да гласаат на локалните избори, не знаат за кого ќе гласаат или не сакаат да одговорат.

Ова го покажа истражувањето на консултантската фирма БСЦ ЕСТЕК насловено „Перцепција на граѓаните за политичката клима во Македонија“. Во речиси сите прашања во телефонската анкета, најголем е процентот на оние кои не се определуваат за ниту една партија или политичар, а потоа следи поддршката за владејачката партија и нејзиниот лидер.

„Кај граѓаните се чувствува страв од темите, од одговорноста кога ги даваат одговорите“, коментира Стево Томовски, првиот човек на БСЦ ЕСТЕК. Телефонската анкета е реализирана во периодот од 10 до 12 март годинава, на примерок од 1.041 граѓанин, по случаен избор и во 43 општини. Овие илјада граѓани прифатиле да зборуваат и да се вклучат во анкетата, иако првично фирмата избрала 3.865 испитаници, но 2.824 од нив одбиле да одговорат на прашалникот.

Дури 29,2 отсто кажале дека нема да гласаат на локалните избори, а 11,6 отсто рекле дека не знаат за кого ќе гласаат. За владејачката партија се изјасниле 24,2 проценти, додека СДСМ ужива поддршка кај 12 отсто од електоратот. За ДУИ би гласале 6,6 отсто, ДПА доби 2,5 проценти, додека другите партии имаат многу помала доверба кај граѓаните.

Големата невработеност е она што најмногу ги мачи граѓаните, а на второ место доаѓа економијата, потоа меѓуетничките тензии и инциденти, а дури на четврто место доаѓа спорот со името.

На прашањето „Која личност може да ја подобри економската клима во Македонија“, 20,6 отсто го посочиле премиерот Никола Груевски, додека лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски има поддршка кај 4,8 отсто од граѓаните. По нив следуваат вицепремиерот Зоран Ставрески, Абдулаким Адеми, Ѓорге Иванов...За ниту еден се изјасниле дури 36,6 отсто, а не знаат 22,7 отсто.

Ваквата незаинтересираност кај граѓаните е присутна и во одговорите на прашањето „Која политичка партија може да ја подобри економската клима во Македонија?“. Скоро половина или 41,7 отсто одговориле „ниту една“, а 19,2 проценти „не знаат“. Нешто повеќе или 26, 3 проценти веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ е партијата која може да ја подобри економската клима, а само за 8,2 изборот е СДСМ. На трето место е ДУИ, додека сите други партии имаат поддршка помала од еден процент.

„Луѓето се разочарани од партиите и носителите на јавни функции. Намалена е слободата на говорот“, појаснува првиот човек на БСЦ ЕСТЕК, споредувајќи го ова со претходните нивни истражувања. Тој смета дека постои воздржаност во одговорите. „Кај граѓаните се чувстува страв од темите бидејќи најголем дел од нив одговараат со ’не знам’, ’не сакам’ и слично“, вели Томовски.

Над 30 проценти од испитаниците сметаат дека ниту една личност не може да обезбеди влез на Македонија во ЕУ и НАТО, додека скоро 20 отсто не знаат која е таа личност. На листата води премиерот за кој се изјасниле 22,3 проценти, а 5,7 отсто таа личност ја препознале во Црвенковски. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има еден процент помалку од него, а по нив доаѓаат Радмила Шеќеринска, Мендух Тачи и Ѓорге Иванов.

Најголем е процентот и на оние кои сметаат дека ниту една партија не може да обезбеди влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Од партиите, најмногу гласови добила ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ има скоро тројно помалку гласови.

Најголем број одговори со „ниту еден“ и „не знам“ доминираат и кај прашањата која личност и која партија може да влијае за зачувување на меѓуетничкиот соживот. Високи проценти на незаинтересираност постојат и кај прашањата која личност или партија може да влијае за решавање на спорот со Грција, иако најголем дел од испитаниците на овие прашања се изјасниле за премиерот и за владејачката партија.


Статијата е прочитана 955 пати.

Испрати коментар



Македонија во дипломатски поход на Африка
Македонија чека разврска од српско-литванската кавга
Дали ДОС ќе стане ДОМ
„Епикера“



jovan, 31.03.2012 00:02:41
Ako nikoj ne uspee da ja animira ovaa apaticna masa na glasaci, togas slednite izbori sigurno ke pidat izbori so ubedlivo najniska izlezenost. Osven ako ne gi *ufrlat* fantomskite glasaci koj stalno odlucuvaat koj ke pobedi.
Riste, 31.03.2012 11:40:12
tuf tuf tuf... ama se realni brojkive. Baba mi da praese anketa posaglam ke bese. Gruevski ubedlivo prv , ma vi se molam :) Znaci narodot e ili glup ili tolku sardisan i uplasen sto veke ne znae sto mu se slucuva. Kako i da e, sekoj sam si e kreator na sopstvenata sudbina.
nacional-patriot, 31.03.2012 23:47:22
Molcalivite glasaci ne se zakana za vlasta,bidejki tie glasaci osven sto ne ja sakaat vlasta,tie ne ja sakaat ni opozicijata,bidejki ne ja gledaat za zdrava alternativa na vlasta.Tie molcalivi glasaci kako sto gi narekuvate se onie sto ne izleguvaat na izbori. Poradi nezadovolstvo od ponudata na partiite,a nekoi poradi nezainteresiranost za politika.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |