Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Живот вреден 450 денари

Филип Петровски

Ни продаваат вредности што не вредат ни пет пари за нив. Ама ни ги продаваат со надеж дека за тоа ќе дебатираме и ќе се расправаме меѓу себе

Секако дека не може да се напише релевантна колумна, мислење, а да се прескокне информацијата дека во Штип наркозависник уби човек за 450 денари. Ова е и тоа колку сериозен показател како стојат работите. Показател дека енергетското ниво е дојдено на ниво каде што веќе се' станува дозволено и каде што човечкиот резон преминува во животински нагони. Овој случај, секако, сите ќе сакаат да го сметаат како изолиран, како небитен, односно како нешто од што не смее да се извлече генерален заклучок. Јас ќе го сторам токму обратното. Затоа што мислам дека може да се генера��изира. Оти не е изолиран, оти не е случен еднаш во неколку децении, години.

Станува лесно воочливо дека вакви случаи на убиства, малтретирања, деградација на секаква морална и човечка вредност, се дел од нашето секојдневје. Додека власта на големо си снима реклами што пропагираат семејни вредности и доблест, во една напорна и одбивна конзервативна обланда, ова се случува по улиците на речиси сите македонски градови. И немаше да ми биде проблем да не ги познавав.

Да бев од некоја друга држава, ќе си мислев дека, богами, овде имало партија на власт, која контролира се' во државава, која има толку голема поддршка што има право да го менува концептот на државата според свој терк, а народот на тоа воскликнува со занес. Оти и народот си сака конзервативни вредности. Тоа и е можно да се замисли во некоја супер развиена држава, во иднината, која се средила, која животот на граѓаните го довела до степен на таков развој што сега преостанува да се дебатира за вредности што немаат врска со стандардот, туку се дел од филозофскиот концепт за животот. Такво нешто денеска верувам посакуваат и Германија и Франција, секако, и Кина, САД и Русија. Да се постигне такво ниво на развој кога задоволното граѓанство ќе дебатира за вредностите што треба да ги промовира државата. Тогаш, во идеалната (утописка) варијанта нема да има криминал и во никој случај убиства за 450 денари. Но, верувам дека ќе се согласите дека сме далеку од таа идеална држава и дека имаме уште многу пат да изодиме дотаму. Да се потсетиме дека живееме во време кога на секој му станува се' потешко да преживее од први до први. Во време кога цените растат како луди, кога бензинот станува луксуз, кога струјата и парното ви ја земаат речиси цела плата. Знам колкава мака претставува тоа за секое семејство, колку товар и проблеми создава секојдневно и затоа ви тврдам одговорно кога ќе ги видат рекламите за семејство и секакви конзервативни вредности што ги натура Владата со сила, дека се создава контраефект. Особено што за тоа во последно време се' повеќе се создава јавно мислење дека не се вредности во кои веруваат самите тие што ги пропагираат. Настрана што се зборува дека од секоја кампања се наплаќа по нереално високи цени, при што стотици илјади евра завршуваат во непознат правец.

Дали сум во право проценете според случајот на амбасадорот Перо, нашиот љубовен херој од Австралија. Кој ги наполни насловните страници на тамошниот печат. За тоа веќе пишував и нема повторно да навлегувам во деталите, но има една димензија што ги допира конзервативците и ги соголува, покажувајќи дека тие, всушност, и не се конзервативци, туку обични актери, кои си нашле бина (македонската јавност) и глумат ли глумат. Како што е Господ, никој не е, рекле нашите стари. Додека дома ни глумат, ни продаваат приказни, љубовџијата растура по Австралија. Прави триаголници, многуаголници, се жени, се разведува и слично. Да не се разбереме погрешно, по овие прашања јас тендирам да бидеме полиберални, но во овој случај зборуваме за продавање на конзервативната агенда на сите нас, а во која не веруваат самите актери. Што се случи? Претседателот Иванов даде соопштение дека нема да го отповика амбасадорот затоа што бил задоволен од него. Знаете дека Иванов е дел од оваа „конзервативна гарнитура“, односно е еден од нејзините идејни творци. Па затоа е нејасно во што го гледа конзервативното, просемејство однесување на амбасадорот, кој е, исто така, дел од неговата гарнитура?!

Да беа само малку помудри ќе го разрешеа за да го покријат скандалот. Ќе му најдеа по некој месец некоја друга работичка. Се гледа дека не го оставаат да е без работа во минатите години, дека им е важен играч. Ама ќе му кажеа дека е потребно да се стрпи додека да се подзаборават неговите авантури. Но, кај нив има и еден инает, кој накратко може да се објасни со следните зборови „сега ние сме на власт, тие ли ќе ни кажуваат како да работиме, вредности се оние работи за кои ние ќе кажеме дека се вредни“. Се надевам дека ова ве навредува, поточно го навредува вашиот резон. И треба. Оти не влечат за нос цели 5 години. Ни продаваат вредности што за нив не вредат ни пет пари. Ама ни ги продаваат со надеж дека за тоа ќе дебатираме и ќе се расправаме меѓу себе, во нашите мали светови и нема да ја видиме поголемата слика.

Истовремено, во нивни тесни кругови ни се смеат и си велат колку било лесно да се владее на ваков начин. Од проверени извори знам дека во ДПМНЕ постојат две силни струи и неколку помали струички што се во состојба на договорен ДЕТАНТ. За да трае што подолго овој циркус. Односно, за да можат да останат поблиску до државните пари што подолго. Тие и самите сфатиле дека ако ги отворат кавгите, с1 ќе отиде по ѓаволите за кратко време. И затоа молчат. Мудро ги оставаат кавгите за некое друго време. На јавноста и' продаваат вредности во кои не веруваат, а во меѓувреме, газат се' пред себе. Во име на тие вредности. Цела среќа за нив што системот долго време не можеше речиси никој да им го провали. Убаво беше скриен. И, секако, среќа за нив што СДСМ беше (и е) во нокдаун.

Но, сега сметам дека доаѓа времето кога ќе дојдат сите сметки да се наплатат. Се' што се криеше, потиснуваше ќе излезе на видело. Можеби не утре или задутре, но созреа времето да се види дека не' држеа во заблуда намерно за да остваруваат некакви агенди кои не се баш блиски до чесно владеење и конзервативната агенда.

П.С. сега не ќе е лошо делови од ова мислење да ги преобјави Латас за да си помислам дека само кога сакаат да го напаѓаат Љубе од мене преобјавуват делови. Ако е професионалец, нека преземе некој ред и сега. И не само тој, истото се однесува и на другите нивни поддржувачи, добро платени непрофесионалци.

(Авторот е доктор по политички науки)


#
Статијата е прочитана 2489 пати.

Испрати коментар

Од: sime
Датум: 29.01.2011 14:37:44
Latas,sto li bese toa?
Од: Desnica
Датум: 29.01.2011 16:30:20
Se obiduvas da pokrenes nekoe desno orientirano dvizenje. Napravi go toa so nekakva programa i pozitivni poraki. Ako ne, ke zavrsis na politickoto buniste so Ljube, Tito, Stojan........covek partii.
Од: Реалист
Датум: 29.01.2011 17:58:57
Сега почна да зборуваш реално за Груевски? Откога те сменија во библиотеката? Не зезај друже, голем си ��а вакви срамни работи.
Од: SPIRIDON
Датум: 29.01.2011 23:21:39
momce makedonce vo makedonija nese potrebni nikakvi soveti od nikakvi politicki doktori na nauki BAGABONT I vo makedonija je potrebno DECATA NA SIROTINATA DA IMAAT PARCE LEB da ne legnuvaat vo nivniot studen krevet gladni i zedni.Makedonija neje mullti milionska drzava kako GERMANIJA pa da se izmisluvaat razni politicki LAZOVNICKI PARTII desnica.levica.centar i dr.momce makedonija ja ocekuva istoto scenarijo kako sega go gledas na TV.ekrani TUNIS.EGIPET.JEMEN.ALBANIJA.naskoro i LIBAN saudiska arabija .tuka je i MAKEDONIJA na narodot dosta mue PRAZEN NACIONALIZAM I PATRIOTIZAM od koj nisto dobro nikoj nema videno site vasi lagi nikoj veke ne gi kupuva za kratko vreme laznata KULA vie lazovcini i kriminalci sto ste pokusale da ja grdite ke se srusi pred vasite oci a od vas sto ke ostane toa samo GOSPOD znae.KRIMINALCI I BAGABONTI KE VODELE DRZAVA STO JA DOBIJA POKLON OD NASIOT SEVEREN SOSED.I DRZAVATA KE BILA PREDVODENA OD VNUCI NA BUGARSKI FASISTI POROBUVACI NA MAKEDONIJA I MAKEDONSKI
Од: diplomat
Датум: 30.01.2011 06:17:23
Filip zdravo, Ambasadorot vo Avstralija sega momentalno ima turneja niz gradovite za podrska na VMRO, so drzavni pari se razbira. Pa toj zatoa tuka e praten, a ne da ja pretstavuva Makedonija vo Avstralija. Inaku eve ke napravam eden oblog so Gruevski, toj e golem vljubenik vo spekulaciite i oblozuvanjeto. Se oblozuvam deka najdocna do 25 Maj 2011 godina, ke bide smenet, zaedno so negovata partija od vlast. Ako izgubam, ke go cestam rucek vo kafeana vo gradski park, ako pak toj izgubi, neka cesti toj. Se nadevam deka ke go prifati mojot oblog. Znam so sigurnost deka komentarite na internet mu se preneseni...Ha,Ha,Ha!
Од: nikola
Датум: 30.01.2011 09:20:13
дечко, паметен си амбициозен, начитан, мислам и поштен.Но, тоа не е доволно да се прави партија. Без добра програма и финансиски средства нема успех. Ако се веќе одлучил тоа мораш час поскоро да го јавно обзнаниш. Многу успех.
Од: Capnik
Датум: 30.01.2011 09:53:16
Не труди се Филипе,никој неможе да го пробуди овој заспан народ!
Од: Зоран
Датум: 30.01.2011 11:23:50
Апсурдно е да се зборува за владините глупави реклами кои и онака никој не ги зема за сериозно. Мислам дека тоа е обично перење пари, кое (не) одговара на времето во кое живееме. Она што е интересно е колку добри ученици испаднаа овие од дпмне. Имаа добри учители во лицето на сдсм, па буквално ги копираат во се што е негативно. Во недостаток на вистинска трета опција, црно и се пишува на Македонија.
Од: jovan
Датум: 30.01.2011 11:56:18
Bez parica e Filipe.Golema bezparica.Pogledni ja samo kampanjava 1 evro zemjiste,1 evro legalizacija.I pokraj ovaa rasprodazba od tipot daj sto das(poeftino od ova zdravje)sepak za narodot i ova e "preskapo".Ni cetvrtina od divogradbite nema da se legaliziraat.Ednostavno NEMA PARI.A ima edna izreka"koga nema pari ,se fakame za nozot".Se priblizuvame kon takva situacija, pa ova so narkomanive e veke i "normalno", toa e prviot alarm. Vtoriot alarm e koga narodot ke se priseti na onaa recenica od pred sto i kusur godini iskazana od Marx"Nemozete nisto da izgubite,osven okovite".Posle dolgogodisnive maltretiranja i omalovazuvanja, ke pocne "spontano" narodov da "ubiva" i za parce leb(ako ostane nekade leb).
Од: kalimero
Датум: 30.01.2011 12:47:50
more so grujo nema da bide vreden zivot ni 100den...samo sega koga ce pocne narod da prodava stanovi za da se leci bezdomnik ne eden tuku pola drzava grujo ce ne napravi kako indija i beter...bogatasi ce ni gi motkupat stanovite posto zasto i nie nema leb da imame da jademe toa e vmro..................
Од: aleksandar makedonski
Датум: 31.01.2011 10:00:25
epa napravi partija gospodine petrovski i pokazi sto umees!!lesno e da se zboruva,ajde da vidime dela i od tebe!!da vidime koja poddrska ja imas ti kaj narodot??ama ovoj pat bidi seriozen-ne kako porano sto bese-mal i nedozrean... te pratija vo amerika i se izbruka i sebe i drzavata...pametime se da znaes!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет