Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Македонски состојби

Чекајќи го Нимиц

Манчо Митевски

Ахмети бара посредништво за името од САД, а амбасадорот Рикер повторува дека спорот не е за идентитетот, туку за името

Годината 2011 за Македонија ќе биде во знакот на чекање на посредникот на ООН, Метју Нимиц, да помогне околу изнаоѓање решение за спорот со Грција за нашето име. Иако е наметнат од јужниот сосед од позиција на сила, имагинарен, неправеден и надвор од светските правни норми, овој спор по многу перипетии, грешни процени и потези, стигна до степен на императив – ако не се реши со компромис меѓу двете држави и натаму, како во изминатите дваесетина години, ќе остане непремостлива пречка за влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, и воопшто за развојот на земјата.

Очекувајќи решение годинава, земјава се претвора во вистинска чекалница. За почеток, се чека првата средба на медијаторот Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис по застој од една година. „Првата страна“ (Грција), според жаргонот од Привремената спогодба меѓу двете земји од 1995 година, чека само една работа, која, во суштина, не и' нанесува никакви штетни последици, бидејќи може да чека и сто години! Грција чека одговор од Македонија на предлогот за името, но според премиерот Јоргос Папандреу, „Владата на премиерот Никола Груевски не одговара на компромисниот предлог за име со географска одредница за севкупна употреба“ и затоа, како што вели, „не е оптимист за брзо решавање на спорот, и покрај грчката волја за решение“. Затоа, пак, „втората страна“ (Македонија), има шанси да окапе во чекалницата и да претрпи огромни штети, чекајќи го решението.

А што, всушност, чека Македонија. За разлика од Грција, која има усогласена државна стратегија, црвени линии и преговарачки позиции околу спорот, во Македонија нема ништо усогласено, а има многу чекачи на различни страни од чекалницата. Владата и претседателот на Републиката велат дека како власт имаат заедничка стратегија, но таа не и' е позната ниту на јавноста ниту на опозицијата. Затоа во земјата нема консензус, нема јасни црвени линии и прецизни преговарачки позиции, освен консензусот на неодамнешната лидерска средба во ловиштето „Јасен“ околу супата од фазан, гулашот од муфлон и десертот од тиква!

Владата чека на „два перона“. На првиот чека да се случи чудо под актуелното претседателство со ЕУ на Унгарија, иако повеќе надеж полага во Полска од јули натаму - земјава да биде примена под уставното име, односно под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“! (Нели, шефот за евроинтеграции Васко Наумовски, неодамна рече дека нашиот предлог за спорот за името е Република Македонија, но заборави на Скопје или Вардарска во заграда!) На вториот „паралелен“ перон Владата го очекува процесот во Меѓународниот суд на правда по тужбата на „втората страна“, против „првата страна“ за кршење на Привремената спогодба со блокирање, односно ветото на земјата во асоцирањето во НАТО што треба да се одржи во март, а пресудата наесен.

Во меѓувреме, на непримерен начин со пазарења за сметка на авторитетот на земјата од типот ние на Боливија, поддршка на легализацијата на џвакањето на наркотичната - кока, таа нас признавање под уставното име, со шурување со диктатори и режими од црните листи на нашите стратегиски партнери САД и ЕУ, Зимбабве и Сирија - се обезбедува формално двотретинско мнозинство за изгласување на уставното име во ООН, при евентуално поволна пресуда на Меѓународниот суд. За да не биде чекањето „здодевно“, кај граѓаните на Македонија, од играчи на власта од академските кругови и од медиумски експоненти, се афирмира потреба од алтернатива на ЕУ и на НАТО во земјите во развој и неврзаните (Русија, Кина, Индија, Сирија, Зимбабве, Боливија...).

Тука владата на ВМРО-ДПМНЕ го прави главниот превид, бидејќи станува збор за сметка без крчмарите, во овој случај без Грција, НАТО, САД и ЕУ, кои изградија единствен став дека Македонија може да влезе во овие две асоцијации само со компромисно решение за името. Вториот превид е дека одлуката на Меѓународниот суд ќе реши се'. Меѓутоа, свеж е случајот со тужбата на Србија за самостојноста на Косово, одлуката на Меѓународниот суд и гласањето во ООН. Иако Србија мислеше дека правото е на нејзина страна, во корист на стратегиските интереси, прагматски го смени ставот, ја ублажи својата резолуција во ООН и доби повластен статус во ЕУ-интеграциите. Трето, кој гарантира дека сите што не' признале под уставното име, ако дојде до гласање и' така ќе гласаат, кога се знае дека САД, како лидер на НАТО (и орбита на многу земји), кои иако не' признаа под уставното име, стојат на ставот дека за членство на Македонија во НАТО треба да се постигне компромис со Грција.

Во чекалницата Али Ахмети, како коалициски партнер, чека да се прифати неговиот предлог во преговарачкиот процес за името, слично како и за Привремената спогодба и за Охридскиот договор, да се вклучи „интервентната дипломатија, на многу високо ниво, која ќе биде од помош во изнаоѓањето решение“, а тука се мисли, пред се', на САД и на ЕУ. Таквото барање од СДСМ и од опозицијата се толкува како непристојно за македонскиот политички фактор, особено за власта, која треба да почне да се однесува одговорно, да обезбеди консензус со дијалог и да ја донесе одлуката. Во чекалница��а Црвенковски од „европска“ Македонија, чека да даде поддршка на секој предлог на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот.

Груевски, прашан деновиве за состојбата околу преговорите за името, кажа дека „другата страна се' уште ги оспорува нашиот јазик и идентитет“, а околу можното решение на спорот со името, повторно упати на страница 146 од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за преродба. А во неа се вели „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволи какво било решение и компромис да бидат прифатени од поединци политичари, влада или парламентот, без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи со тоа решение“. Со ова владејачката партија остави простор за компромисно решение за името, но и си ги врза рацете со референдумот. Посебно што амбасадорот на САД, Филип Рикер, по којзнае кој пат истакна дека спорот не е за идентитетот, туку за името.

Во услови кога земјата е заглибена во економски, социјални, меѓунационални и милион други проблеми, кога се изјаловија сите ветувања, повторно изборен адут на власта е играњето на зачувување на името, идентитетот и јазикот и купување цели групации (сиромашни, земјоделци, пензионери) со проекти од типот се' за едно евро, бесплатни бањи, субвенции... Но тоа не е решението. Тоа е само одложување и на решението и на казната. Решение е засукување на ракавите, зафаќање со непопуларна работа, но која е од врвен државен интерес, а тоа е усогласен став во земјата и постигнување компромис за името. Чекајќи го Нимиц, останува прашањето - дали Груевски еднаш ќе одигра за општиот интерес на земјата и на граѓаните или и натаму ќе игра само за себе и за партијата.


#
Статијата е прочитана 1244 пати.

Испрати коментар

Од: vasil
Датум: 29.01.2011 12:13:16
...Иако е наметнат од јужниот сосед од позиција на сила, имагинарен, неправеден и надвор од светските правни норми, овој спор по многу перипетии, грешни процени и потези,... veli G.Mantso Mitevski za sporot za imeto shto e i absurden i smeshen, neprifatliv i shto znam shto. E G.Mitevski ako e taka togash zoshto treba da se razgovara? Za kakov kompromis mislite vie? Ako si go smenime imeto (samoubistvo) se ke izgubime i identitetot i jazikot i sve shto e Makedonsko.
Од: zvonko karov
Датум: 29.01.2011 15:02:53
So kompromis i resenie sme na konjot Toa {to bilo i kako bilo go vidovme.Optimizmot i nade`ta ne treba da ne napustaat,no sepak treba da vidime od kade ce gi crpime. Koj e toj vidliv,najbrz i pozitiven efekt koj moze da se ocekuva Ako razmislime i vidime kade sme se vlozile najmnogu kako drzava vo poslednite 15 god,posle Privremenata spogodba,togas bez somnenie nasite ocekuvanja za toj "efekt' mozeme da gi najdeme vo kompromisot.So kompromis doma i se zaedno sto odi so nego ,za komprimis i resenie koe ke znaci deblokada za site makedonski gragjani i makedonskata drzava pred se. Morame da ja iskoristime sansata koja ni e dadena.Dodelen ni e najlesniot uslov.Se razbira,ako toj uslov ne preminal vo preduslov vo megjuvreme.Dali e mozno da go napravime potrebniot iscekor? Toa e mozno i ostvarlivo.Samo treba silno da go posakuvame.Mozeme da najdeme resenie koe nema da go zagrozi jazicniot identitet,dostoinstvoto i pravoto na nacionalno samoopredelu
Од: Mite
Датум: 29.01.2011 17:54:00
непремостлива пречка за влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, и воопшто за развојот на земјата??? Itar Pejo rekol "SKOKAJTE BRAKJA" a toa bilo vo magla- taka e i tvojava rabota- odi to skokaj vo magla i ostavija Makedonija da si e vecna. Takvi Makedonski partioti - kako tebe - se VETAR VO MAGLA. Imaj dobar den i podumajse sto zborvas.
Од: Akademik, MANU
Датум: 29.01.2011 18:35:58
Pregovorite definitivno propadnale! Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka! Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON.
Од: cane
Датум: 29.01.2011 22:35:58
Abe Vasile, Vasile, ako se vikas Bel Vasil, ce bide li povreden tvojot vnatresen identitet, to sto si, toa sto cuvstvuvas? Mi e zal da ti kazam deka si zadoen so neviden i razulaven etnonacionalizam. Ti go sakas svojot narod vo tesen smisol od zborot, ti ne go sakas svojot narod zasto go sakas covestvoto. Za tebe coveckiot humanizam ne znaci nisto i mi e zal za tebe.
Од: Tina
Датум: 30.01.2011 10:00:37
Nekoj si ja izgubil logikata. So, ne e prashanje za nacionalnosta, Prashanje e za imeto. Ako nie raspravame okolu toa, nie sme naj glupava nacija na svetot. Plus, zoshto Makedonskoto zname ne se upotrebuva vo crkvite? Site Makedonci ne se samo od republikata? Prashanjeto ne e za Grcite. Tuku za nas Makedoncite.Deka e nasheto macionalno zname?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.01.2011 10:33:05
Очекувано гледање на работите сврзани со името,сите се цитираат ама намерно изостанува цитирањето на Папандреу,Друцас а посебно на Самарас.Вероватно авторот и нечул за вакво барање на соседот викано ерга омнес,вероватно нечул да во Букурешт ни ставија вето а отидовме со кооперативен предлог.Но важно разбрал и за тоа пишува како владата е тврдоглава во преговорите.
Од: Vetar a mozebi i Magla
Датум: 30.01.2011 13:41:24
A za kakov kompromis nie zboruvame, sto e toa kompromis vo nasiov slucaj.Kompromis e koga 2 strani ke popustat pred nesto, a ne edna.I sto e patriotizam?Nasive Makedonski"evropjani" izgleda se izgubeni na prostorot na koj sto ziveat.Najdobar primer za site vas koi vednas bi vlegle vo Evropa i NATO so simnati gaki e Aleksandar Makedonski.Ne bil nacionalist, gi pocituval tugite kulturi i nacii i razlicnost , nesto slicno na denesnava Makedonska Nacija, kosmopiliti, dodeka Grcite znaeme kakvi se, ne samo sprema Makedonija tuku sprema site okolu niv, i site azilanti, dojdenci, stranci itn kaj niv.Zatoa treba da se gordeete sto ste Makedonci, a ne novomakedonci, severnomakedonci itn.Ako nacionalizam i patriotizam e nacinot na Aleksandar toa sum i jas.Vo dusava sum takov, ama ne znaci deka i ke dozvolam da me gazat, kako sto bi dopustile nekoi "novi makedonski evropjani".Sram da vi e, na svoeto plukame, na tugoto se raduvame. Narod i Nacija bez samodoverba, samopocit !
Од: ivo
Датум: 30.01.2011 15:37:25
Sostojbata veke e mnogu pointeresna otkolku sto Gruevski moze da ja menadzira! Grcite veke isporacaa neoficijalen predlog razmisluvanje za mozno pripojuvanje na R.M. kon Grcija, vo nekakva ferderacija, konfederacija..., srbite sakaat kako i nie "providna" granica, bugarite , mudro molcat , albancite imaat problemi so demokratijata posle "otvaranjeto " i investiciskiot bum vo izminatite godini, kosovskite lideri pod nekakvi istragi ili somnenija ...Mediumite vo Makedonija , inkvizitorski i manipulatorski raspolozeni sprema obicni brifinzi ili iskazi a kamo li sprema pogolemata i seopfatna vistina ! Parlamentot e vo kriza, odnosno krizata vo Parlamentot e od podolgorocen karakter ! Vo vakva situacija, site strani i domasnite partii ke gi napravat svoite kalkulacii ! Imeto, siromastijata , pravno - ekonomskite kolapsi na site involviran ,ponudite i kontra -ponudite se prasanja koi treba nekoj da gi menadzira. Cenam deka site tie nemaat kredibilitet nitu legitimitet za izlez od krizata

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет