Потомство
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Користењето на услугите на сурогат-мајките повторно е во мода! Многу холивудски ѕвезди ангажираат непознати жени да ја изнесат бременоста и да ги донесат на свет нивните потомци. Меѓутоа, причините за ваквите чекори неоспорно се сосема различни
Австралиската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан, неодамна ја добија втората ќерка. Бременоста ја изнела сурогат- мајка, па Кидман станала мајка без мачнини, голем стомак и вишок килограми. На доделувањето на филмските награди „Златен глобус“, 43-годишната актерка се прошета на црвениот килим витка како и секогаш. И таа, и нејзиниот сопруг, пресреќни го дочекале раѓањето на малата Фејт Маргарет.
Инаку, во јули 2008 година Кидман сама на свет ја донесе нивната прва ќерка Сандеј Роуз, но изгледа дека за неа уште една бременост не доаѓа предвид. Кружат гласишта дека актерката сака да се концентрира на кариерата, а бременоста воопшто не се вклопува во тие планови.
Изгледа дека користењето на услугите на сурогат-мајките повторно е во мода! Многу холивудски ѕвезди ангажираат непознати жени да ја изнесат бременоста и да ги донесат на свет нивните потомци. Меѓутоа, причините за ваквите чекори неоспорно се сосема различни.
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик одлуката, наводно, ја донеле зашто Паркер по раѓањето на синот Џејмс Вилки со години безуспешно се обидувала да остане во блажена состојба. Благодарение на сурогат-мајката родени се близначките Марион и Табита.
И латино ѕвездата Рики Мартин ја применил оваа метода. Пејачот познат по сексапилните движења со колковите, во март 2010 година призна дека е хомосексуалец. Поради тоа не доаѓало предвид детето да биде зачнато со жена. Така и неговите близнаци Валентино и Матео се родени благодарение на сурогат-мајка.
Британскиот пејач Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, кои се во брак од 2005 година, а во врска се 12 години, исто така, ангажирале сурогат- мајка за да добијат потомство. Меѓутоа, се' уште е тајна кој од нив двајцата е биолошкиот татко на малиот Закари Џексон Левон Фурниш Џон.
Во меѓувреме, веќе не е тајна дека и холивудската ѕвезда Денис Квејд и неговата 18 години помлада сопруга станаа родители благодарение на непозната жена што ја изнесе бременоста. Томас Бун и Зое Грејс ја здогледаа светлината на денот во 2007 година.
Инаку „пионер“ на овој тренд беше покојниот крал на попот, Мајкл Џексон, кому синот Бланкет му го роди, исто така, непозната жена сурогат-мајка. (Ј.П.) |