Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Маркетинг

Бесмислени производи што ги користиме без размислување

Размислете, колку работи постојат што редовно ги користите, а да немате ниту еден пристоен аргумент за нивниот ефект? Широките народни маси даваат пари за тотални глупости, без ниту една секунда критичко размислување, верувајќи им на маркетиншките трикови, весниците, рекламите, или на соседот од третиот кат. Австралиската компанија „Пауер баланс“, која на спортистите им продаваше белегзии, кои требаше да им дадат поголема сила, подобра рамнотежа и флексибилност, на почетокот од годинава беа принудени да ја објават вистината за својот производ - белегзиите не прават апсолутно ништо. Иако се казнети за залажување на купувачите, не се единствената компанија што го стекнала своето богатство со измама и со лажни и непр��верени податоци. Луѓето, соочени со рекламите што играат на нивните стравови и слабости, веруваат на се' што ќе им се понуди како „научен факт“.

Агенцијата „Крекед“ тргнала со откривање на неколку нови, но и веќе познати производи, кои едноставно немаат оправдување за своето постоење. Останува само надежта дека купувачите ќе покажат барем некоја доза на скепса и ќе си заштедат некој денар.

Патики

- „скечерс шејп ап“

„Крокс“ не е единствената компанија која со своите производи го рекламира целибатот. Скечерс ја споил стабилноста на столчето - лулашка со бабините спортски патики и го има лансирано ужасот под име „шејп ап“. Прескапите и соодветни за сопнување по месечината, треба да ви ги зајакнат листовите на нозете, бедрата и задникот, како и да ви го поправат држењето на телото.

Произведувачите имаат намирисано златна кокошка, па целата вредност на компаниите што ги произведуваат се проценува на околу 4,6 милијарди долари. проблемот е во тоа што целосно е спроведена само една независна студија за ефектот на овие патики. Истражувањето спроведено во САД ги има споредено „шејп ап“ и „изи тон“ од „рибок“, и открило дека двата модела се „ѓубре“.

Еј-Си-И ги објави резултатите во кои јасно стои: „Едноставно нема докази што би го поткрепиле тврдењето дека носењето на овие патики ќе ви помогне во подобро држење на телото, поголемо трошење калории или одржување на мускулатурата.

Патиките, сепак, и натаму се продаваат. Една независна студија нема толкава сила како безбројните „тестови“ што ги спроведуваат самите производители.



Комбуха

Тоа е онаа популарна „лигава маса во тегла“. Земете светло пиво, оставете го две седмици на сонце и имате комбуха. А таков е и вкусот- одвратен.

Се работи за ферментиран чај, кој се прави од бактериски отпад и вода, кои се наводно неверојатно ефикасни во спречување на болестите. Дури и навистина да делува и понатаму имате чувство дека пиете од вреќа за ѓубре. Но, оние што ја користат, неумоливи се во тврдењата дека консумацијата на комбухата го подобрува видот и помага да се спречи ракот. Се продава во многу дуќани за здрава храна низ светот, но многу лесно може да се одгледа и во сопствениот подрум.

Проблемот е во тоа што досега не постои ниту една објавена студија, која ја тестирала ефикасноста на комбухата за спречување на човечките болести. Сите приказни за супермоќта се сведуваат на вистинити или невистинити искуства на поединци, а тоа може да се каже и за приказните за лошите нуспојави.

Американското друштво за борба против ракот ја објави следната изјава: „Со претрага на достапната научна литература, не е пронајден ниту еден објавен текст, кои би говорел за корисноста на чајот комбуха кај луѓето. Пронајдени се само неколку извештаи за сериозни компликации и смрт“.

И не само тоа, споменатото Друштво, изрично ја предупредува јавноста дека бактеријата од комбухата е исклучително опасна за луѓе со ослабат имунитет, а особено за луѓе со рак.



3-Д телевизори

Луѓето обично не веруваат на ништо што „не го гледаат со сопствени очи“, затоа е прилично нејасно зашто се сите толку опседнати со моменталната верзија на „3-Д технологијата“, иако со сопствени очи гледаат дека сликата е ужас.

Темна, често нејасна, намалена во однос на оригиналот, понекогаш треперлива и со последици, како што се главоболка, уморни очи - 3-Д сликата од кино и од 3-Д телевизорот како да вреска „ужааас“, но никој не ја слуша. Дури и познатиот монтажер Валтер Марч го има „исплукано“ 3-Д-то и објаснил што не чини. Милионите години на еволуцијата на органот за вид, не' нема подготвено за вештачката длабочина, која ја доживуваме со погледот низ 3-Д очилата. Очите се фокусираат на една точка, некаде во длабочината, или пред носот, меѓутоа се насочуваат на друга, односно на филмското платно или ТВ-екранот, што едноставно не е природно и никогаш нема да функционира.

Без оглед на тоа, производителите се натпреваруваат во создавањето на се' поскапи модели на 3-Д телевизори, кои не можат да се гледаат без очила. Проблемот е во тоа што и обичната (2-Д) слика мора да се рекодира во 3-Д верзија, што е тежок и комплициран процес, кој во многу случаи резултира со несовршено израмнување и на крајот со мачнина поради неможноста на приспособување на окото на таков ужас. Веќе нема да ви биде мака само од ре��ултатот на натпреварот, туку буквално и од самото гледање.

Неудобните и иританти очи не треба ни да се споменуваат зашто додека ги имате нив на лицето, не може да правите ништо друго, освен да гледате телевизија.



Вода во шише

Една од најголемите предности на животот во развиена цивилизација е токму чистата и питка вода, во кадата, во садоперот, дури и во ВЦ. Па со вода за пиење ги переме и улиците! Во Америка, еден литар вода чини една четвртина од центот. Меѓутоа, некаде во текот на минатото десетлетие, народот одлучи: „Не сакаме така, сакаме вода од половина децилитар, да доаѓа во шише и да него да има некакви планини.“

Секој што пие вода од шише со радост ќе ви објасни дека е почиста и со подобар вкус од онаа од кујната. Се користат зборови како „кристално свежа“, зашто со нив се обидуваат да ви го доловат свежото планинско поточе. Проблемот е во тоа што водата од шише не подлежи под некакви строги стандарди (понекогаш и никакви), која водата за домаќинство едноставно мора да ги задоволува. Поголемиот дел од флашираната вода воопшто не доаѓа од белите и свежи планински извори нацртани на налепницата, зашто тоа е само илустрација. Вистината е дека повеќето од тие води доаѓаат од локалните извори, езера и резервоари, од кои веќе и ја добиваме водата за домаќинство.

Освен тоа, пластичните шишиња се отровни. Не само што канцерогените состојки сепак доаѓаат во водата, туку порозноста на пластиката сепак овозможува развој на бактериите. Безброј компании имаат заработено богатство на продажба на скап производ, кој е полош од оној што е веќе достапен, но за многу помалку пари. Во шишиња, кои практично ќе останат неразградени засекогаш.



Хартиени навлаки за веце-штица

Иако кај нас не се толку чести, во САД, хартиените навлаки за веце-штица се речиси сеприсутни и исто толку бесмислени. Навистина, за крајниот корисник се бесплатни, но оние што ги купуваат за своите муштерии, секоја година фрлаат невидени износи пари за нешто што не дава никаква заштита од бактерии, болести или нечистотија.

Да се добие некоја болест со седење на веце-штица во јавно веце, всушност, е прилично тешко, освен ако немате многубројни отворени рани на бедрата и задникот, а тоалетот личи на штала. Во тој случај задржете си се' за дома. Треба да се спомене и фактот дека веце-штицата е речиси 50 пати почиста од телефонската слушалка. Ако и натаму сте сомничави, зашто ретко некогаш истовремено ги чепкате телефонот и задникот, земете предвид дека веце- штицата е многу почиста од тастатурата или глувчето на компјутерот.

Хартиените навлаки не заштитуваат од допир со урината, бидејќи е познато дека во допир со каква било течност, се претвораат во каша. Доказ за тоа може да видите секогаш кога ќе пуштите вода.

Иако сево ова е општо познато, луѓето и натаму трошат незамисливи количини дрва за да произведат незамисливи количества хартија, која незамисливо лошото штити од нешто што попрво ќе најдете на тастатурата отколку во тоалетот. (Ј.П.)

 


#
Статијата е прочитана 1548 пати.

Испрати коментар

Од: Наташа
Датум: 29.01.2011 13:52:23
"Шејп ап" патиките ги купив поради тоа што имам "шилци" во петите. Едвај можев да одам повеќе од 500 метри. Со патиките сум презадоволна, не чувствувам никаква болка при одењето. Можеби е лага дека ја зајакнуваат мускулатурата на телото, но со нив можете да пешачите колку што сакате.
Од: Irena
Датум: 31.01.2011 02:09:57
Flip Flop isto taka imase kampanja deka nivnite apostolki se za zajaknuvanje muskuli. Ne znam dali toa funkcionira, ama mene poveke grbot ne me boli otkako gi nosam ovie apostolki! i ke prodolzam da gi nosam!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет