Џенифер Лопез
Се разведува ли латинодивата?
Бракот меѓу Џенифер Лопез и Марк Ентони е во голема криза, а медиумите претпоставуваат дека се веќе и пред развод. Иако кариерата и' напредува, како што пренесуваат американските медиуми, нејзиниот брак со пејачот Марк Ентони е во голема криза. Извор близок на парот рекол дека тие двајцата се караат секој ден поради неговите, наводно, се' почести неверства и поради финансиските проблеми со кои се соочуваат.
„Марк се пресели во Лос Анџелес, кој не го сака, за да ја поддржи Џенифер во нејзината работа. Голем проблем е и неговиот глад за пари, па тргна на турнеја во исто време додека Џенифер е член на жирито во шоу-програмата „Американски идол“ поради што таа се налути“, вели изворот.
Тие двајцата веќе воопшто не разговараат нормално, то�� или вика по неа или воопшто не и' се јавува на мобилен телефон.
„Марк во последно време е многу наклонет на алкохолот и флертувањето со други жени, па ако не сторат нешто, многу брзо ќе се разделат“, изјавил пријател на Марк за американскиот магазин „Ин тач“.
Џенифер и Марк имаат две деца, близнаците Макс и Ема, а гостувајќи во емисијата на Елен ди Џенерис, пејачката неодамна изјавила:
„Штом ги добив бебињата, помислив дека тоа би го повторила уште илјада пати. Го сакам тоа. Тоа е животот“. |