Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње

Според Обвинителството, случајот се' уште е отворен, но нема индиции дека некој е виновен за смртта на девојчето

Горан Адамовски


Идната недела ќе изминат 18 месеци откако исчезна шестгодишната Ангела Ѓорѓиеска од мариовското село Дуње во близина на семејниот дом. Шест месеци подоцна, надлежните утврдија дека на ридот во близина на селото се пронајдени остатоци од нејзиното тело. Но, остана мистерија дали е можно шестгодишно девојче среде лето на плус 40 степени да изоди седум километри по непристапен планински терен кога цела држава трагаше по неа. Дали Ангела била убиена, киднапирана или, пак, починала во несреќен случај? Кој би ја грабнал, би ја убил и зошто? Имал ли помош кај некој од блиските на Ангела? Каква несреќа му се случило ��а девојчето? Дали диви животни или змии биле кобни за Ангела?

Во прилепското Обвинителство тврдат дека случајот се' уште е отворен, но признаваат дека немаат никакви индиции за разврска на истрагата.

„Во очекување сме на нови податоци за да можеме да го завршиме случајот. Засега немаме ниту вербални ниту материјални докази за нечија вина“, ни изјави обвинителот Томе Неделковски.

Пред десетина месеци на повторен распит во Обвинителството беа повикани сите оние што ја виделе Ангела дента кога таа исчезна. Меѓу нив беа и родителите на девојчето. Тогаш прилепското Обвинителство поднесе предлог за одделни истражни дејства против непознат сторител. Според нив, постоело основано сомневање оти е сторено кривично дело повреда на семејните обврски, односно запоставување на детето, кое не можело само да се грижи за себе. Мајката на Ангела беше дадена на психијатриското вештачење во болницата во Демир Хисар. Надлежните очекуваа до почетокот на минатото лето да се расчисти случајот и конечно да заврши мистеријата за смртта на девојчето.

Ангела Ѓорѓиоска исчезна на 23 јули 2009 година. Со својата 20-годишна братучетка била на гости во селото, по што сама тргнала да си оди дома. Исчезнала во близина на селската црква, чиј пат воопшто не води од куќата каде што била на гости до куќата во која живеела. По речиси шест месеци, остатоци од детски скелет беа пронајдени во блискиот рид. Мештаните и ловџиите тврдеа дека детските коски биле пронајдени на непристапен терен, по кој е невозможно да се движи шестгодишно дете. Обдукцијата не успеа да го утврди точното време, како и начинот на кој настапила смртта, бидејќи вештаците имале многу малку материјал за анализа.

Полицијата се' уште не соопшти како нејзините коски завршиле таму и зошто не бил пребаран теренот на ридот, кој е веднаш зад црквата во чија близина исчезна девојчето.


#
Статијата е прочитана 2441 пати.

Испрати коментар

Од: Cuvajte si gi decata
Датум: 29.01.2011 23:21:37
Mozebi e vo prasanje trgovija so organi? Verojatno nikogas nema da doznaeme.
Од: bezanec
Датум: 30.01.2011 12:33:00
Каква власт такви случувања во земјата,сите се виновни за нивните грешки и криминално работење.
Од: Kadaver
Датум: 31.01.2011 09:08:11
kako napreduva medicinskata tehnologija za presaduvanje, se poopasno ke bide, ne samo za deca tuku i za vozrasni. Duri i transplatacija od kadaver e so mozni rizici, sovesno utvrduvanje dali e liceto kadaver ili ne, namerno namaluvanje na kaznite za teski soobrakajni prekroci so smrtni ishodi ( ednostavno se poveke ke ima bahati vozaci koj ge gi zagrozuvaat tugite a i svoite zivoti). Ako se analizira vo USA najgolem % na kadaveri se mladi zdravi luge pocinati vo soobrakajni i drugi nesreki.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет