Кошарка
Македонија пак против Грција и Хрватска на ЕП
31.01.2011, 10:16
Македонската кошаркарска репрезентација повторно ќе игра против селекциите на Грција и Хрватска на завршницата од Евробаскетот 2011. Со овие две репрезентации „црвено - жолтите“ играа и на Европското првенство во Полска пред две години.
На извлекувањето на групите вчеравечер во Виљнус, Литванија, каде што од 31 август до 18 септември оваа година ќе се одржи машкото ЕП, Македонија која ќе игра во групата „Ц“ во градот Алитус, за противници ги доби: Грција, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Квалификант 1 (репрезентацијата победник од дополнителните квалификации).
Преглед на другите три групи: Група „А“: Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска и Квалификант 2. Група „Б“: Србија, Франција, Германија, Израел, Италија и Летонија. Група „Д“: Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија и Украина.
Првопласираните три селекции од првата фаза ќе се пласираат во втората рунда во која ќе бидат формирани две нови групи од по шест репрезентациии, а во кои ќе се одиграат нови три натпревари. Во осминафиналните групи ќе вкрстат селекциите од групте „А“ и „Б“ односно „Ц“ и „Д“. Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат првопласираните четири селекци од новофрмираните групи.
|