Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Евакуација

Странците го напуштаат Египет

31.01.2011, 10:31

Повеќе европски држави ги предупредија своите граѓани да го напуштат Египет, иако засега нема информации за инциденти во кои се вмешани Европејци или Американци.

Холандското Министерство за надворешни работи упати повик до своите граѓани „сериозно да размислат за евакуација“. Во петокот, според официјални податоци, во Египет престојувале три илјади Холанѓани, од кои 1.400 веќе биле на пат за дома.

Швајцарија исто така апелираше до своите граѓани да ја напуштат земјата „поради нестабилната ситуација“ и им порача да се воздржат да патуваат во Египет.

Предупредувања да се ограничат патувањата во Египет беа упатени и од министерствата за надворешни работи на Данска, Норвешка, Ш��едска и Финска. Во одмаралиштата Шарм ел Шеик и Хургада минатата недела биле регистрирани 21.500 туристи од скандинавските држави.

Белгиските туроператори соопштија дека од денеска почнуваат да ги евакуираат своите туристи од Египет.

САД исто така ги посоветуваат своите граѓани да го напуштат Египет. Од Амбасадата на САД во Каиро се евакуирани вработените во помошните служби и семејствата на сите вработени и дипломати.

Турција синоќа врати 1.444 турски државјани од Египет, за што беа искористени авиони на турските авиолинии. Уште 330 лица биле изнесени од земјата вчера.


#
Статијата е прочитана 111 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП