|
Едиторијал
Дворовите во временски цајтнот
Билјана Ангеловска
Заврши откупот на дворовите. Заврши и голготата на граѓаните што поднесуваа барање за приватизирање на дворното земјиште. Дали крајот е конечен, или државата, сепак, ќе одлучи да го продолжи рокот за пријавување, ќе се знае набрзо. Надеж влеа министерот за финансии, Зоран Ставрески, навестувајќи дека откако ќе се направеле детални анализи и ќе се споределе бројките на поднесени и неподнесени барања, Владата набрзо ќе излезела со конкретен одговор - ќе има или не нов рок за откуп на дворовите.
Евентуалното пролонгирање на крајниот термин за поднесување барање, несомнено ќе значи нова шанса за уште неколку илјади граѓани кои не успеаја да го реализираат правото да си го приватизираат земјиштето под и околу своите куќи и станови. Сепак, на сите им е повеќе од јасно дека и новиот рок ќе биде неодоволен. Колку и да е пролонгирањето на краток, или на подолг период, секогаш ќе биде малку.
Дали рокот би се продолжил за два месеца, како што се' почесто може да се слушне, или Владата ќе го прифати предлогот на СДСМ, па ќе одлучи да им даде уште една шанса на граѓаните до крајот на годинава, сигурно е дека секогаш ќе недостасува време. Зашто, таков е чипот на нашиот народ.
Граѓаните имаа цели 15 месеци за да аплицираат за откуп на дворното земјиште по цена од едно евро за квадратен метар. За 15 месеци требаше да се комплетира документацијата и да се поднесе барањето. Но, сите чекаа да го сторат тоа во последните 15 дена.
Со тоа си создадоа главоболка и себе си и на шалтерските работници во Катастарот и во Управата за имотно-правни работи.
Факт е дека на почетокот на процесот огромен процент од луѓето не знаеја од каде да почнат да ја прибираат документацијата. За жал, и Владата долго време остана глува на сите укажувања дека процедурата е премногу комплицирана и дека треба да стори нешто за да ја поедностави. И, кога кончено реши нешто да упрости, се чини, беше предоцна. Зашто времето истекуваше се' побрзо, а граѓаните притискаа се' повеќе. На крајот, надлежните дозволија да може да се поднесуваат барања само со лична карта, а остатокот од документацијата да се доставува дополнително. Тоа, се чини ги мотивираше да поднесат барање и оние кои се беа откажале од откупот на дворовите само поради компликуваната и долга процедура.
Доколку државата, сепак, одлучи повторно да им излезе во пресрет на граѓаните и го продолжи рокот, ќе треба однапред да знае дека истите слики ќе ги гледа уште еднаш, на истекот на новиот рок. И тогаш времето ќе биде кусо, бидејќи луѓето пак ќе се најдат во цајтнот и ќе има проблеми, турканици, нервози.
Затоа, можеби е најдобро навреме да се знае колку ќе изнесува закупнината што би се плаќала доколку не се откупи дворот. Најавата дека тоа ќе биде пет проценти од вредноста на земјиштето, на годишно ниво, ништо не кажува.
Дотолку повеќе што допрва ќе се прави категоризација на земјата по зони за кои ќе бидат дефинирани конкретни цени. Каква вредност ќе има квадратот, ќе зависи од неговата комунална уреденост. А, со оглед на тоа дека најголем процент од земјиштето во градовите има комплетна инфраструктура, сосем е логично да се очекува да има и висока цена. Колку ќе можат граѓаните да го издржат тоа, макар да плаќаат и само пет отсто еднаш годишно, е сосем друго прашање. |
#
|
Статијата е прочитана 945 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 29.01.2011 14:25:36 |
|
Makedonska rabota:letoto pokusava kaj nacalnikot na imotnopravni da dobijam informacijna ne ja dobiv,pokusav da gi iniciram stanarite ne uspeav zaradi nasata poznata inertnos,i go propustiv rokot. |
|
|
|
|
|
|
Од: frfr |
Датум: 29.01.2011 14:34:30 |
|
Shto e so zgradite vo koi lugjeto ziveat so godini akoi nemozat da dobijat imotni listovi kako vo Micurin, Opstina aerodrom |
|
|
|
|
|
|
Од: maja |
Датум: 29.01.2011 16:06:53 |
|
Смешно е што и самите институции се чини влегоа неподготвени во процедурата. Проблем ли ќе беше прво државата да го изложеше земјиштето на продажба, да утврдеше однапред колку ќе изнесува закупот доколку не се купи земјиштето, и да дозволи откуп во зградите без елаборати. Овака, ниту геодетите излегоа на премер, сите си постапија по донесена документација, значи џабе барање за елаборат, плус граѓаните имаа додатен трошок да и платат на државата излагање на парцелите, а кога сето ова се обидовме да им го искомуницираме на нашите соседи - пензионери, нормално дека не сакаа да го откупат. А кога дознаа за 5% закупнина на годишно ниво, побрзаа во последен ден да поднесат барање. Не се игра така со народот. |
|
|
|
|
|
|
Од: balkanec |
Датум: 29.01.2011 16:53:05 |
|
Ne me interesiraat nitu otkupot na " dvorno mesto ',nitu cenata,a uste pomalku zakupninata.Samo molam,baram nekoj pismen da mi objasni nekolku raboti vo vrska so " otkupot na dvorno mesto ".Prvo kako moze da okupam dvorno mesto vo kolektivna stanbena zgrada koja ne poseduva nikakov dvor,vtoro kako e mozno nekoj da kupi stan da go plati sto posto,da poseduva imoten list i potoa na nekoj pameten vo drzavava mu teknalo kako da dojde do pari na lesen nacin bez motika,pa da go otkupuva gradezniot plac na koj e izgradena zgradat ili mozebi nasite kolektivni stanbeni objekti se izgradeni kako cardak ni na nevo ni na zemja!!Sto li se ne im tekne na potoncite na Iter Pejo!!?? |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilepcanec |
Датум: 29.01.2011 18:48:46 |
|
Pred cetiriesetina godini kupiv stan vo stanben blok sto -vo toa vreme go prodavase SIZ za domuvanje,a go izvede g.p.Pelagonija.Nikoj ne rece deka posrednikot i izveduvacot gradele objekt na -vetar! pa sega trebalo da se plati zemjata na koja e podignata zgradata.
Se reklamira naselba COSMO..Dali sopstvenkot na svoite kupuvaci im kazal deka zemjata na koja e podignat-ili ke se podigne,ne znam,ja platil,pa vo cenata na stanbeniot metar e vnesena,ili natamu kupuvacite na stanovi ke treba da obezbedat dopolnitelni dokumenti i sredstva deka toa sto go kupile e postaveno na zemja,a ne vo vozduh. |
|
|
|
|
|
|
Од: gjoko |
Датум: 30.01.2011 08:50:10 |
|
vece podolgo vreme slusame za otkupuvanjeto na dvbornoto mesto za 1,- eur. Pred samo nekolku godini golem broj gragjani , megju koi i jas,gi otkupija svoite dvorovi za skoro deset pati pogolema suma po eden kvadrtat.Sto e so nas. Razmisluva li nekoj za nase obestetuvanje, zatoa sto ocigledno se raboti za izmama. Isto e i so legalizacijata na divogradbite. Vo dvata slucaja izleguva deka profitiraat tie sto sakaat da ja izmamat drzavata.
Neka se javat istomislenicite za da povedeme nekakva akcija.I vo drugi nasi sosedni drzavi ima takvi akcii. |
|
|
|
|
|