|
|
|
|
|
|
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Уредниците на медиумите на „Перо Наков“ се загрижени како ќе опстојуваат во иднина
Светлана Унковска Горан Адамовски
Без можност за одржување на редовните трошоци за бензин, телефон, дистрибуција, печатење и плати за вработените, телевизија А1 и дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ тешко ќе можат да опстојат. Ваков е ставот на дел од главните уредници на медиумите адресирани на „Перо Наков“ во Скопје откако судот, по барање на Обвинителството, им ги блокира банкарските сметки.
А1 телевизија веќе два дена емитува отворена програма од пред Владата. Оттаму се јавуваат со вести, отворени програми и дебатни емисии. Според главниот и одговорен уредник на телевизијата, Младен Чадиковски, одлуката на судот е притисок и оневозможување на непречено работење на медиум, кој важи за критички настроен кон власта.
„Ние сме, практично, оневозможени нормално да функционираме. Не можеме да ги намируваме редовните трошоци за бензин и за телефон. Не знам како ќе продолжиме во иднина, ама ако треба, и без плата да земеме, нема да се откажеме се' додека целата јавност не сфати дека ова што ни се случува не е дел од судска постапка, туку најдиректен обид да се замолчи медиумот“, вели Чадиковски.
Откако во четврточната вечер новинарите и вработените во телевизијата работеа под отворено небо, вчераутро, сепак, поставија висока и широка тенда, а донесоа и неколку плински боци за да се згреат. Дали тендата е законски поставена - беше прашањето што ги интересираше неколку полицајци што дојдоа во „кампот“ на А1 пред Владата. По кратко време, тие си заминаа.
„Тендата ја поставивме барем малку за да се заштитиме од студот, снегот и од дождот. Дали имаме дозвола - не знам, работата ја тера нашата правна служба“, објаснува Чадиковски.
Главниот уредник на „Шпиц“, Бранко Героски, вели дека за наредните денови ќе ги користат залихите на репроматеријали потребни за излегување на весниците на „Плус продукција“, чија сметка, исто така, е замрзната. Според него, доказ дека власта на овој начин се справува со медиумите е тоа што наместо да им го оневозможува нормалното функционирање со блокирање на сметките, одлуката би требала да биде насочена во замрзнување на имотот, кој има многу поголема вредност.
„Се надеваме дека во наредните неколку дена ќе се најде начин да се деблокираат сметките, бидејќи за нас е несфатлива одлуката што директно е насочена кон запирање на весниците, а не кон остварување правна одлука. Потегот на власта е акт на државна цензура, бидејќи мерките се насочени кон медиуми чија работа е мошне чувствителна. Очигледно е дека има тенденција да се спречи нивната работа, а тоа е насочено со оневозможување да се намируваат најбаналните трошоци“, вели Героски. Според него, симтоматично е тоа што потегот на власта за замрзнување на сметките дошол само неколку часа по објавувањето на интервјуто со американскиот амбасадор Филип Рикер, кој рече дека затворањето на една телевизија што има критички однос кон Владата ќе повлече многу прашања. Очекуваат реакции и од други претставници на меѓународната заедница во земјава, но и директно од Брисел. Героски со апел се обрати до колегите од другите медиуми.
„Мислам дека по овие последни дејства на власта, веќе се' е јасно и веќе не може да се најде оправдување за гледање сеир, за лажни симетрии и за анемични реакции на колегите“, порачува главниот уредник на „Шпиц“.
И главниот уредник на весникот „Време“, Коле Чашуле, вели дека во редакцијата сите се мобилизирани и се вложуваат максимални напори за работата да тече нормално. „Моментално се трудиме да направиме се'за весникот нормално да излегува, но проблемот не е во нашата желба и труд, туку прашањето е до каде се подготвени да одат. Од ноември наваму власта презема секакви мерки да не' спречи во функционирањето, па дури и да престанеме да излегуваме. Со постојните капацитети ќе правиме се' да не се случи тоа, но состојбата е многу сериозна. Не знам дали се размислува како ова, да се атакува на четири медиуми да згаснат преку ноќ ќе се одрази на нашата земја“, истакнува Чашуле.
Во четвртокот, од кога А1 ја води програмата на отворено пред владината зграда, заедно со новинарите од редакциите на весниците, со соопштение се огласи и Владата, која го нарече протестот обид за манипулација и злоупотреба на моќта на медиумот за да се наруши имиџот на власта.
„Протестот пред Владата што го организира група вработени во компании со седиште на ’Перо Наков’, кои се дел од предмет што е во судска постапка, е несоодветен и беспредметен. Тоа е манипулација и злоупотреба на општествената позиција со претходно проектирана цел за нанесување штета на имиџот на Владата, во функција на остварување лични интереси на поединци и партии“, се наведува во владиното соопштение. (Св.У.-Г.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 4906 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kiko |
Датум: 29.01.2011 12:24:04 |
|
ajde ajde neznaele kako ke rabotat,kojznae uste kolku kesh imaat sokrieno,neka izvadat od rezervite za crni denovi....inaku ona sto go pravi A1 strasno mnogu me potsetuva na nekoja turska serija, mozebi od tamu i gi crpat ideite za ona sto go pravat....kojznae! |
|
|
|
|
|
|
Од: senegal |
Датум: 29.01.2011 12:27:34 |
|
proizveduvajte smoki ke preziveete nekako |
|
|
|
|
|
|
Од: violeta |
Датум: 29.01.2011 13:04:39 |
|
Kakov udar vrz mediumi??? Ako jas i povekjeto od nas moze da plakjaat danoci i drugi davacki redovno, zosto pak vrabotenite vo A1 da se isklucok? Neli kako novinari tvrdat deka pravdata treba da e ednakva za site? Ili otkako firmata ke im otide vo stecaj ke baraat mesecen nadomestok od drzavata kako stecajni rabotnici, |
|
|
|
|
|
|
Од: smoki |
Датум: 29.01.2011 13:37:46 |
|
па г-дин Рикер што критикува, нека објасни зошто ги изблокираа сите сметки на Виликилис ?? ... А Виликилис не објавуваше никакви инсуации или непроверени работи или црни предвидувања, само нотирани факти од минатото ... а А1 веќе одамно со својата Армија од 500 луѓе ?? се впушти во уривање на владата по цена на дестабилизација на државата. Но А1 како медиумски монструозен Монопол е всушност Незаконит, но за нив не важат законите ѕа медиумите; исто и случајот со КОХА ( ЕРЕ), каде не се спропведува судска извршна пресуда; еднаш ги казнија поради прекумерни реклами а тие веднаш ја блокираа програмата. А сега има нова казна, 3 дена без реклами и за Канал 5 1 ден, но незнам дали ке ја одработат. А реклами фрчат 24/7. Но во врска со блокираната сметка, нека не продав��ат зелени дека 500 луге земале плата од таа сметка, НЕМААТ пријавено 500 вработени, тука мнозинството се плаќа во кеш. Впрочем кој и да дојде на власт на следните избори, ке си има проблем со А1 и фирмите околу неа. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gogo |
Датум: 29.01.2011 13:58:00 |
|
Neka kaže g. Riker što pravat vo negovata zemja so tie što ne plakaat danok i neplakaat na doveriteli kako što na pr. Velija dolži edno čudo pari na Švedskata mlekarnica ! |
|
|
|
|
|
|
Од: bitolcanec |
Датум: 29.01.2011 14:03:18 |
|
komentar kakov komentar vie ocekuvate utrinski pa tie set vasi kolegi i treba celosna podrska da mu dadete i da vidam dali ke go objavite komentarot |
|
|
|
|
|
|
Од: do vladata |
Датум: 29.01.2011 14:18:22 |
|
Edini interes na novinarite od A1 e da im se dozvoli da si ja rabotat rabotata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 29.01.2011 15:10:53 |
|
Portokalovata boranija se znae deka ne mozer da svati deka borbata protiv kriminalot treba ne trebe da bide selektiven, i deka da se zatvori medium vo drzava koj e kriticki orientiran kon vlasta e krsenje na demokratijata. Za fasizmot na DPMNE vece se pisuva vo demokratskiot svet, a topa e jaknenje na pozicijata za imetoi???? Dramota ja unistivte drzavata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Strumica |
Датум: 29.01.2011 15:15:05 |
|
Po pravna osnova sekade vo svetet vo vakvi slucai na neplakanje danok sleduva merkata sto e izrecena od sudot a toa e blokiranje na smetkite na onie firmi koi se pod istraga. za zal sto vo seto toa e vklucena i A1 kako televizija(medium) dali novinarite znaele ili neznaele sto pravizivniot gazda ili NE ke mora se soocat so toa sto se zamrznati smetkite posto drzavata mora da si go naplati danokot a novinarite kako i site drugi rabotnici ke si pobaraat rabota vo drugi mediumi.onie sto ke gi ispolnat uslovite za rabota kaj drugite rabotodavci ke bidat vraboteni a dali ima rabota za site toa ke pokaze pazarot i jas porano rabotev vo privatna firma koja za zal isto taka sopstvenikot kriel danok plati ni isplakase na raka i vo 2008 godina od strana na inspekciite go snajde istoto stoi sega na A1 taka da nie vrabotenite bevme prinudeni da si barame novo rabotno mesto.sega barem sme osigurani i se ni e plateno taka da izleze na podobro barem za nas.blagodaram |
|
|
|
|
|
|
Од: Sokolovski Rako -NL |
Датум: 29.01.2011 16:26:08 |
|
Abe neka preprodavaat Americki bataci ke im dade Riker negovata prethodnicka se zalese a Vikiliks toa go objavi deka Velija i A1 gi zeznale Amerikancite za Americki bataci i ne im gi vrakjale parite ama i edno mnogu bitno nesto od Vikiliks koe bese spomnato so A1 i Velija e pritisokot vrz SUDSTVOTO.Kolku bi sakal site ovie prasanja od stranava vo vrska so vikiliks za A1 i batakot da moze da gi procita i odgovori gospodinot Riker.Pozz |
|
|
|
|
|
|
Од: Чегране |
Датум: 29.01.2011 16:59:00 |
|
Ако не сакате да плаќате даноци на државата (за од тие даноци да има пари за школство,здравство,војска,полиција,судство,пензии,...) тогаш обратете се кај оние кои ви овозможуваа б е с п л а т н и весници!Така ќе продолжите со своите изданија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 29.01.2011 18:03:42 |
|
Ajde,ajde g-da Kiko,senegal,Violeta,Smoki,utre ce se istrcate so nekoj komentar deka nereseniot spor okolu imeto so Grcija i nejzinata blokada se edinstveni pricini za neintegriranjeto (ne vleguvanjeto) na nasata zemja vo evro-atlantskite strukturi (EU i NATO)!! Deka se drugo e ispolneto!!! Pa mislite vie deka so takvi kako vas sme za ovie evro-atlantski strukturi??????????????
Ajde,vi se molam!!!Koj toa zema kaj sebe zemja vo koja ima lugje so takvo razmisluvanje ili potocno nikakvo razmisluvanje.
Da znaete deka vo idnina na sekoj nas neuspeh za priblizuvanjeto do ovie strukturi,kako osnovna pricina ce gi imam vasite iminja!!! Edinstveno ako vo megjuvreme ne ve upotrebat vo zeleznickiot ili patniot soobracaj,kako kocnici.E tuka ce bidete od koris i toa golema!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: demokratija |
Датум: 29.01.2011 18:14:24 |
|
Drn, drn, drn abe kako ova nase napateno makedonce vo se se razbira, odma sudat osuduvaat politiziraat i sto ti veke ne, zatoa nie do den deneska nemame napraveno drzava po merka na evropskite standardi site se razbirame vo se i sesto, samo toa sto ni e rabota ne go rabotime. |
|
|
|
|
|
|
Од: teodora |
Датум: 29.01.2011 18:53:11 |
|
Pa neli prviot covek na Uprava za javni prihodi-na site mozni televizii,izjavi deka atakot nne e na A! i deka ovaa Televizija moze normalno da raboti.
Moze da e vistina zasto na ulicata Pero nakov ima poveke firmi,no zosto e blokirana smetkata na A1 za nepokrieni dolgovi kon Drzavata-e toa odnovo ke treba da go objasni direktorot na Upravata za javni prihodi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 29.01.2011 19:24:25 |
|
Neka se zalat kaj zena mu i sin mu na Velija sto im ja zatvoria bankovnata smetka.
Ako plakase Velija danok i ne perese pari, ova nemase da im se sluci, bez razlika kakvi vesto objavuvaat.
Kojznae kolku pari imaa skrieno Velija, zatoa i sin mu se izgubi. Ne ka go odvrzi keseto i neka go plati dolgot ot 4.4 milioni evra ako e tolku posten i se grizi za narodot. |
|
|
|
|
|
|
Од: cane |
Датум: 29.01.2011 21:32:37 |
|
Ne znam sto da recam na ovie nevideni gluposti i gadosti sto se tresat od proponentite na vlasta, lugje bez stepen na kriticko nivo da ocenat sto e vo pravo a sto ne. Nekoj si Smoki izjavi deka A1 bila monstruozen monopol?!?!?! A1 e privatna kompanija i voglavnom raboti so privatni srestva. Ako Ramkovski pravel kriminal toj treba da odgovara za toa a ne A1 da bide osvegtnicki kazneta odnosno zamolcena, sto e samo izgovor. Inaku na drugata strana imame edna "vistinoljubiva", "pravdoljubiva" "nacionalna" televizija, koja e polna sekoj den so stotici samoreklamiranja i samopromoviranja od vladata odnosno od partijata i prakticki site ministerstva se vkluceni. Nekoi od tie "reklami" se "ludikrozno" smesni sto boli pamet. Seto toa trae so nedeli, so meseci, so godini i gi cini porezo placacite na ovaa zemja povece otkolku toa sto Ramkovski kobajagi go zatail. Megjutoa, se razbira ova sto vladata go pravi e "legalno"! Na Smoki ova: Samo kamenot e nevin, ti i jas ne sme.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Trajan |
Датум: 29.01.2011 23:28:03 |
|
SUDOT po baranje na OBVINITELSTVOTO im gi blokira smetkie.Pa neli site se zalagame za pravna drzhava?! |
|
|
|
|
|
|
Од: sebastian |
Датум: 30.01.2011 00:24:11 |
|
зошто новинарите на споменатата телевизија никогаш не му забележале на нејзиниот сопственик дека врши исплати во готово и дека со тоа нанесува штета на државата за која толку многу се грижи (барем декларативно)? |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 30.01.2011 03:08:15 |
|
Abe neli vi e jasno deka tuka stanuva zbor za golema suma na pari???/Tie lapnaa,sega ovie gi podmituvaat a narodot beden strada!!! Bas mi e milo ova sto se sluci so A1,dosta e so kriminal ....Podrska do Vladata! |
|
|
|
|
|
|
Од: flying-monaco |
Датум: 30.01.2011 09:30:32 |
|
So isti kriminal, so isti misli i nacin na rabotenje, i ne se ocekuva nesto po inakvo,A ako nadleznite vetija deka A1 ke raboti slobodno, ne znaci deka A1 ima pravo na kriminal.i nikoj da ne ja kontrolira Koga Velija ke prozbori javno ke se shokirame...Ke gledame uste mnogu od branitelite na A1 so vrzani race i ke mu pravat na Velija i Bajrus drustvo... |
|
|
|
|
|
|
Од: Pecalbarka |
Датум: 30.01.2011 10:33:54 |
|
Dosta bese fashizoidna portokalova demokratija, zgazete gi kako sleper zaba! Drzete se, ovie go gubat kontaktot so realnosta. Ma kakva demokratija, odis na intervju za rabota i priblizno si tripati pokvlalifikuvan od toj sto te intervjuira, a glavnoto prasanje e: "Se izvinuvam, a dali ste clen na partijata?" I potoa, ne si patriot zatoa sto cel zivot rabotis za strancite po Mk i vo regionot, a toa sto na niedna makedonska firma ne si i dovolno dobar bez clenska kniska, toa nikoj ne go gleda... Mnogu mi e zal sto mojata zemja odi nazad so zabrzani cekori. Ama, izgleda deka mora da bide taka koga ja vodat analfabeti. Ma kakvo "ostvaruvame"? Ona vo sto se najdobri e perenjeto mozok, kje izlazeme stopati i lagata kje se pretvori vo visitna vo umot na lugjeto Pozz i drzete se. |
|
|
|
|
|
|
Од: tasko |
Датум: 30.01.2011 11:09:58 |
|
dali gospodinot ambasador na usa ima komentar zosto negovata vlada ja blokira smetkata na vikiliks ili zali za velija zosto treba da im gi vrati parite na gradjanite na usa koi gi zastapuva pocituvaniot gospodin |
|
|
|
|
|
|
Од: simbol |
Датум: 30.01.2011 13:03:35 |
|
Kako i za site kriminalci vo svetot taka i za ovoj velija treba da se sprovede postapka vo koja ocigledno kriminalecot ke bide zatvoren za dobroto na mk. |
|
|
|
|
|
|
Од: Виктор |
Датум: 30.01.2011 14:57:46 |
|
Потполно се согласувам Велија да одговара и ако се докаже да лежи во затвор, тоа е нормално. Ама, да се блокира сметка на телевизија, значи веќе на директен начин обидување да се преземе или затвори телевизијата и тоа е недозволиво. Немој да испадне дека и Рикер бил човек на Бранко, оти ќе испадне дека Бранко е најмоќен човек во светот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonec pred se |
Датум: 30.01.2011 14:58:04 |
|
Novinarite od A1 go prifajkaat nezakonskoto rabotenje na svojata TV i na nejziniot sopstvenik a pred javnosta ni glumat zrtvi ..... kogo najdoa da go zamajuvaat so bajki ? |
|
|
|
|
|
|
Од: struga |
Датум: 30.01.2011 16:30:36 |
|
mnogu komentari procitav no lugjeto gledam se sitat so velija, ali edno znam deka ova vlast mu go napravi ova namerno zatoa sto ne im odese po kejf, a toj mozno e da storil nekakvo delo ali ova so zlostornickoto vekje preku nosot a od kade 4.5 mil zatajuval danok koga sami velat deka uste se vodi postapka. koj razbira malku jasno mu e sve |
|
|
|
|
|
|
Од: Tito |
Датум: 30.01.2011 23:12:20 |
|
da ni bese Tito,na Velija ne mu begase vo najmala raka Goli Otok |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar sv.nikole |
Датум: 31.01.2011 09:26:30 |
|
kolku bilo ednostavno da stanes milioner a???
prvo ke otvoram televizija,ke najdam nekoj da ME finansira od pozadina kolku za start da ima,potoa stom ke zajakne mediumot,ke otvoram i vesnici,ke tepam kes od reklami i svasta,ke otvoram i dukancinja:))parata na para odi zar ne...plakjanje davacki ne doagja predvid,zatoa sto vednas ke dignam satori pred vlada i ke krenam prasina do oblacite....epa taka sekoj ke stane gazda!!!sto e cudno sto kriminalecot se naogja v zatvor???na obicniot gragjanin vednas izvrsiteli mu prakaat,a velija moze da pravi so saka????e ne odi taka dragi moi!dosta bese! |
|
|
|
|
|
|
Од: anonimen |
Датум: 31.01.2011 10:35:08 |
|
za gruevski e zavrsen mandatot ne ka si gi fati partalite i da go nema od ovaaa vlast dosta veke mu zadade problemi na graganite na republika macedonia lebot go poskape naftata se kreva uste do kade ke odi ovaa vlast a1 isto ja napagaaaat neka go napagaaaat ramkoski ane a1 televizija za grujo nadvor nema pojke da cutime site na glasane i da go padnime grujo odma za sekogas blagodaram |
|
|
|
|
|
|
|
|