Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Египет

Евакуација досега побарале 34 Македонци 

31.01.2011, 11:48

Триесет и четири македонски државјани  досега се обратиле до Амбасадата на Република Македонија во Каиро со барање за помош за евакуација од Египет, поради ескалацијата на нередите во земјата.

Нивното враќање се договара заеднички во координација со Амбасадата на Босна и Херцеговина. Македонските и босанските државјани најверојатно ќе се евакуираат со чартер лет до Скопје или до Сараево.

Меѓу македонските државјани кои побарале помош нема туристи. Сите живееле или работеле во Египет. Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека се во постојан контакт со Амбасадата во Каиро, но нема точни сознанија колку Македонци живеат, работат или се во посета на Египет во моментов.

Според информациите од Македонската амбасада, состојбата во Египет се влошува. Во текот на денот во египетското МНР ќе биде одржана средба на сите странски амбасадори на која ќе бидат информирани за најновите случувања во земјата. По консултација и координација со дипломатските претставништва на земјите од ЕУ во Каиро, ќе се реши дали Македонската амбасада привремено ќе биде затворена, а амбасадорот Миле Манолев вратен во Скопје.

МНР апелира македонските граѓани кои планираат да заминат за Египет, ако е можно, да го одложат своето патување до смирување на ситацијата во земјата.


#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет