Мода
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
31.01.2011, 11:35
Потпретседателот на владата на Србија, Младен Динкиќ, претставниците на компанијата „Бенетон“ и градот Ниш, денеска ќе потпишат договор за отворање на фабрика „Бенетон“ во Ниш, во која се планира во наредните четири години да се вработат 2.700 луѓе,
Висината на инвестицијата е 43,2 милиони евра, а државата ќе го поддржи овој проект со 9.000 евра за секој нововработен работник, соопшти Министерството за економија и регионален развој на Србија, пренесува Танјуг.
„Бенетон“ планира производството да го изведува во објектите на нишката фабрика „Нитекс“, а планот е во Ниш да доведе и своја логистика. На овој начин „Нитекс“ повторно ќе стане водечки текстилен центар во Србија.
Предвидена е и соработка со домашните компании кои можат да одговорат на стандардите на „Бенетон“.
|