Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација

Конкурираа: Љупка Арсениевска, Милка Стефкова, Лилјана Ивановска-Шопова, Блаже Трповски и Лидија Неделковска

Петмина кандидати претендираат за престижната претседателска фотелја во скопска Апелација. Кој ќе биде наследникот на судијата Јордан Митриновски, кој си даде оставка на функцијата во средината на декември минатата година, ќе биде познато в понеделник, за кога е закажана седница на Судскиот совет на која една од точките е избор на претседател во овој суд.

За местото прв човек на најголемиот второстепен суд во државата, во кој по жалба доаѓаат најголемите корупциски судски процеси, конкурираа в.д. претседателката Љупка Арсениевска, судиите Милка Стефкова, Лилјана Ивановска Шопова, Блаже Трповски и актуелната претседателка на Основниот суд Скопје - 1, Лидија Неделковска. Во судските кругови како најсериозен кандидат се споменува името на шефицата на скопска „единица“, која како што тврди, кандидатурата ја поднела во последен миг и има силна поддршка од власта. Интересот за тоа кој ќе го пополни испразнетото место е голем, бидејќи наскоро по жалба тука треба да се одлучува во предметите со поранешни високи функционери, како што се експремиерот Владо Бучковски и некогашниот вицепремиер Васил Тупурковски.

Раководното место во скопска Апелација се испразни по скандалот со притворот со тутунскиот бос Бајруш Сејдиу кога Кривичниот совет на чело со Митриновски донесе одлука за замена на притворот со домашен притвор и гаранција од 140.000 евра. По барање на заштита на законитоста поднесено од Обвинителството на Македонија, Врховниот суд го укина решението на Апелација. Митриновски тврдеше дека донеле законска одлука, а „несовесноста и нестручноста е на друга страна“, алудирајќи на Врховниот суд. Но, за кратко време тој ретерираше во ставот и најверојатно под силен притисок заедно со судијата Исмаил Лимани си даде оставка. За Митриновски моментно се води и постапка за утврдување на нестручно и несовесно однесување во споменатиот предмет, додека Лимани се збогува од судската функција. Скопска апелација во последните две години беше предмет на постојан притисок од извршната власт, бидејќи се доживуваше како брана за крупните корупциски скандали, како што се „Змиско око“,„Тупурковски“, кои беа укинати и вратени на почеток. Судскиот совет разреши и двајца судии од овој суд, бидејќи сметаше дека кривичарите Виолета Дума и Владимир Џилвиџиев не постапиле правилно кога не му го смениле името на турскиот државјанин со двоен идентитет.

На понеделничката седница Судскиот совет ќе се обиде седми пат да избере претседател на струмичкиот суд, како и на Основниот суд во Радишани. На дневен ред се неколку избори на судии, додека унапредувањата во повисок суд се одложени додека не се усвои подзаконскиот акт за анонимно анкетирање што како новина е предвидено во измените на Законот за Судски совет. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1728 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет