Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе

Државата отвори прифатилиште во Скопје, во кое можат да бидат згрижени 15 жртви на трговија со луѓе

Ново засолниште за жртвите на трговијата со луѓе со капацитет за 15-ина возрасни и деца започна да функционира во Скопје со финансиска поддршка на државата. Станува збор за проект што се подготвуваше со години од страна на Министерството за труд и социјална работа, со цел да им се излезе во пресрет на жртвите од трговија со луѓе, кои во прифатилиштето, опремено според европските стандарди, ќе најдат привремено засолниште.

Локацијата на првиот државен Центар за лица - жртви на трговија со луѓе останува во тајност. Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, на вчерашната прес-конференција соопшти дека центарот е подготвен да профункционира и да им излезе во пресрет на жртвите на кои им треба помош. Во новото засолниште во главниот град, жртвите на трговија со луѓе ќе можат да бидат згрижени шест месци, а потоа надлежните институции ќе се обидат да најдат трајно решение за нив.

Проектот се спроведува во соработка со невладините организации „За среќно детство“ и „Отворена порта“, кои ќе бидат вклучени во делот на ресоцијализацијата на жртвите, а ќе бидат спроведени и посебни обуки и едукација на кадрите што ќе работат во новото прифатилиште.

Како што „Утрински весник“ веќе пишуваше, прифатилиштето ќе ги исполнува европските стандарди за сместување, со услови за одделно сместување на возрасните од малолетните жртви на кои им е неопходна помош. Потребата за отворање на еден ваков нов центар за згрижување и ресоцијализација на жртвите од трговија со луѓе се наметнува поради зголемениот број случаи изминативе години, но и поради недоволниот капацитет со кој располагаат досегашните центри.

Досега домашните жртви на трговија со луѓе се згрижуваа само од страна на невладината организација „Отворена порта“ (Ла страда), каде што се сместуваат возрасни и деца над 12-годишна возраст. Странците жртви на трговија со луѓе што ќе бидат откриени во земјава привремено се сместуваат во Транзитниот центар, но и тој е со ограничен капацитет. Според министерот Бајрами, лани биле  пријавени 10 лица, додека во 2006 година имало 23 жртви на трговија со луѓе, меѓу кои, и 16 малолетни.

Според американскиот амбасадор Филип Рикер, отворањето на новото засолниште претставува значаен чекор во борбата на земјава против трговијата со луѓе. „Отворањето на вакво засолниште наменето за домашните жртви е проект на кој се работи веќе четири години“, рече вчера Рикер, повикувајќи на поинтензивно гонење и казнување на трговците со луѓе.

Критика за недоволниот ангажман на државата за спречувањето на проблематиката со трговија со луѓе лани упати американскиот Стејт департмент во својот извештај. Во него се препорачуваше Владата поенергично да ги гони трговците со луѓе и да ја зајакне соработката со невладиниот сектор.  (Д.Т.)




#
Статијата е прочитана 1250 пати.

Испрати коментар

Од: igor
Датум: 29.01.2011 21:02:29
Bravo !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет