Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter

Рози Хантингтон-Вајтли

Британскиот ангел во јатото на „Викторијас сикрет“

Рози за модата се интересирала од мали нозе, но никогаш не верувала дека изгледа доволно добро за успех во светот на моделите. Наместо тоа, почнала да фантазира за кариера на креаторка, но судбината и' наменила поинаква улога.

За време на студирањето на колеџот „Тависток“ во 2003 година, Рози се пријавила за место на курир во лондонската модна агенција „Профил“. Агентот со кого разговарала заклучил дека тогаш 16-годишната девојка подобро ќе мине како модел. Рози денес е една од Викторините ангели што доаѓа од Велика Британија и една од најбараните модели на светот. Своите крилја „Викторијас сикрет“ ги доби во ноември 2009 година кога ги направи своите први ангелски чекори на нивната годишна ревија. Покрај ��оа, Рози ги носеше ревиите на Оскар де ла Рента и Вера Ванг, сними насловна страница за британскиот „Вог“ и глумеше во спотот на Канје Вест, но деновиве најмногу го привлекува вниманието со улогата во „Трансформери 3“, каде што ја замени Меган Фокс како љубовница на Шиа Лебеф.

Но, во своето слободно време Рози преферира алфа-мажјаци, па таблоидите во последно време ги полни со слики од неа и актерот Џејсон Статхам како се шетаат прегрнати во Њујорк. Токму тој град е местото што денес Рози го нарекува дом и има само зборови на пофалба за него.

- Ако на каков начин било се занимавате со мода, нема подобро место за живот од Њујорк. Градот ме инспирира на безброј начини, а особено уживам гледајќи убаво облечени луѓе како шетаат по улиците - открила Рози.

Нејзиниот младешки изглед, раниот успех и неодамнешниот ангажман за „Барбери“ ги поттикнаа честите споредби со Кејт Мос, кои Рози сосема ги заслужува.

Денес, 23-годишната Рози, по примерот на својот идол го преживеа и својот прв скандал со дрогата кога весниците објавија нејзини слики со бонго, но во 2009 година ја освои титулата - најдобар британски модел и покажа дека пред неа се уште многу ревии. Инаку, таа е заколната заговорничка за употреба на органската храна. Рози самата одгледува зеленчук и бара органски масла за нега на кожата. Но, не отишла толку далеку да се откаже од местото. Нејзината идеална вечера се состои од шницла и помфрит. Ако и тоа не е доволно - кружат гласишта дека Рози е потомок на британската кралица Викторија! (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 796 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Шврговски
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Ни по 18 месеци никој не знае од што почина Ангела од Дуње
Чекајќи го Нимиц
Опозицијата го напушти Собранието
Бесмислени производи што ги користиме без размислување
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Дворовите во временски цајтнот
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Спомените го создаваат идентитетот на Скопје
Берлинале во знакот на млади и независни автори
Зошто во Египет?
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Живот вреден 450 денари
34 Македонци досега побарале евакуација
Смартфони за видеоаматери
Се разведува ли латинодивата?
Зошто Американците се толку добри во лидерството
Опозицијата не дојде кај Вељановски
Бунтовното срце на Атина
„Бенетон“ ќе отвора фабрика во Ниш
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Книги од македонски автори на попуст
Ново засолниште за жртвите на трговија со луѓе
Македонија повторно против Грција и Хрватска на ЕП
Странците го напуштаат Египет