|
Поглед
Зошто во Египет?
Тамара Грнчароска
Египет е во хаос и можеби пред преврат. Насилни протести по улиците со човечки жртви, додека во државата не функционираат Интернетот и мобилната мрежа. Египет е следна држава во која може да се случи Тунис. Но, до вчера тоа не беше пречка премиерот Никола Груевски да се подготвува за посета на Каиро и за средба со Хосни Мубарак против кого се насочени протестите во Египет.
Добро е што вчера премиерот, сепак, реши да не патува бидејќи посета на држава каде што се во тек протести против власта или каде што се подготвуваат избори, во дипломатијата се смета како давање политичка поддршка на властите во таа земја. Да не зборуваме за безбедносните ризици на кои би се изложил премиерот со тоа патување.
Сепак, �� покрај одложувањето на посетата на Египет, останува нејасно претходното тактизирање и одолговлекување на премиерот да ја откаже посетата на Египет. Доколку Груевски не беше свесен за моментот во кој избра да го посети Каиро, зарем околу него нема никој за да го посоветува како би била протолкувана неговата посета во ваков суптилен политички момент? Требаше медиумите да се прашаат дали е погоден моментот за посета на Египет, па на „Илинденска“ б.б. да размислат што прават?
Ако ништо друго, ова нека им биде пример на премиерот и на другите наши официјални претставници во иднина да избираат вистински тајминг кога се посетуваат странски држави и кога се остваруваат контакти со други државници. Еве, нека се присетат само кој ја посети Македонија пред изборните циклуси што досега ги имавме во земјава и како тоа беше политички прочитано во земјата. За револуции и протести, пак, нека си го вратат филмот на случувањата во Албанија, Србија, Белорусија, Украина, па еве ако сакаат и во Тунис, и добро да размислат каде и кога се оди. |
#
|
Статијата е прочитана 1939 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 29.01.2011 12:46:39 |
|
Еде мој предлог,,,,,,,,,,,,,Нели има една Арапска поговорка,(Ако неќе Мухамет брегу брег ќе Мухамеду).Така да нека го поканат Мубарак во македонија,Нека му дадат азил,Под услов да донесе едно 3,4 тони злато.Да се најде за секој случај. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 29.01.2011 13:48:29 |
|
Бизнис си е бизнис.Бизнисот не трпи никакви непогоди.Нашиот премиер требаше да оди во Египет на часови (советување),како да се спротиставиш на незадоволните зовриени протестанти и како со незадоволни грагани се останува подолго на власт.А советниците што каснеле со советот дали да оди или не премиерот ,во ова време сигурно е поради ладното,биле во зимски сон. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 29.01.2011 14:46:53 |
|
Ma kakov politicki tajming,kaov suptilen moment, kakvi bakraci.Covekot od prva raka saka da vidi kako e koga narod soboruva rezim.Na vreme si se sprema i uci kako da se snaoga vo slucaj na "nedaj boze". Mozebi vo zivo a i prakticno ke vidi kako se pakuva zlato,kako se bara azil,kako se vrsat tajni transakcii. Ima dosta "finti" koj mozat da se naucat i da bidat od korist. Prilepska skola e toa, ima majmunluci tuka. |
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 29.01.2011 15:01:36 |
|
koga b.c.gi ograbe bankite i fabrikite, setetese nemirite zavrsija so steta od dsset vloski jajca,ne gledam postrasna situacija sega[5 tabli jajca]dosta ke se |
|
|
|
|
|
|
Од: Problem e multilateralen |
Датум: 29.01.2011 15:08:45 |
|
Problem so imeto e nastanal preku multilateralen mehanizam koj ja natera makedonija da koristi nelegalnata referenca i pregovorite, kako uslovi bez koi Makedonija nemozheshe da se zacnleni vo OON. Problemot e multilateralen i od efektite koi se idnesuvaat na fakt deka pri nametnuvanjeto na nelegalnite uslovi, e napraven Ultra-Vires akt (akti) od strana na ON, kako multilateralnata organizacija !
|
|
|
|
|
|
|
Од: Zaradi adaptacija i Piramidite |
Датум: 30.01.2011 08:35:46 |
|
Tanara! Covekot sakase da odi vo Egiped za da se adaoprira i privikne na takvi sostojbi koi so golema verojatnost se ocekuvaat i kaj nas , ako prodolzi onaka aramiski da vladee.. Znaes deka koga si uvezban podobro se spravuvas so sostojbite.A i gi nbemal videno piramiditi, a goilem meraklija bil na niv, bidejci se oseca kako faraoin., Razmisluva da mozebi edna " trne " i na plostadot.)( dodusa nesto pomala od Keopsovata)No ludjeto od okolinata go razubedija da ne mora da odi sega vo Egipet, bidejci eve ima i poblisku sostojba za adaptacija. , vo nasa blizina , Albanija. |
|
|
|
|
|