Координација
Опозицијата не дојде кај Вељановски
31.01.2011, 11:00
Претставници на опозициските парламентарни партии кои објавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието, и покрај повикот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, денеска не дојдоа на координација во неговиот кабинет.
Координативната средба кај претседателот на законодавниот дом, на која присуствуваа Такир Хани од ДУИ, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити и претставник на Владата е прекината и треба да продолжи во 14 часот. За 13 часот е најавена и прес-конференција на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
За 15 часот е одложен е и почетокот на продолжението на 135. седница, која беше закажана за 11 часот.
|